Валц: Бајден ги посрамоти САД поради Авганистан

 Републиканскиот конгресмен Мајкл Валц денеска ќе претстави резолуција во која се осудува американскиот претседател Џо Бајден поради постапките на неговата администрација во врска со евакуацијата од Авганистан.

Доколку биде усвоена во Конгресот, оваа мерка ќе го осуди пропустот на претседателот Бајден да ги послуша советите на воените и разузнавачките службеници за изјавите и природата на талибанската офанзива, како и неговата неспособност да претстави план за спречување на нивното преземање на власта или да се подготват антитерористички подготовки за долгорочни ефекти од повлекувањето на САД., објави американскиот портал Политико.

Резолуцијата, исто така, го повикува претседателот да биде направена пресметка од неколку агенции во врска со американската воена опрема и други ресурси оставени во Авганистан, кои се сега во рацете на талибанците или други групи, и веднаш да му претстави на Конгресот јасен план за пополнување на разузнавачките празнини создадени од ова хаотично повлекување.

Со документот се повикува администрацијата на Бајден да ја продолжи операцијата во Кабул онолку долго колку што е потребно за безбедно евакуирање на секој американски државјанин или авганистански партнер кој бара помош и да се искористат сите воени ресурси кои ќе гарантираат безбеден пристап до аеродромот, со цел тој да остане отворен и непречен за летови.

Валц, поранешен член на Зелените беретки, кој служел во Авганистан, смета дека хаосот во Кабул бара од Конгресот да го принуди Бајден да го преиспита својот пристап кон оваа криза.

– Претседателот Бајден ги посрамоти САД на светската сцена и го направи најлошиот надворешнополитички неуспех во нашата модерна историја. Наместо да ги послуша советите на воените лидери и пратеници, претседателот создаде хуманитарна криза во Авганистан, за која тој е единствена причина, порача Валц.

Тој, исто така, рече дека САД сега срамно ќе ја предадат слободата на Авганистанците и воената опрема и инфраструктура, како и безброј други ресурси во рацете на, како што нагласи, талибанските терористи поради невнимание и тврдоглавост на претседателот.

Белата куќа ги осуди обвинувањата на републиканецот Валц, нагласувајќи дека зад неговиот потег не стои ништо друго освен собирање политички поени.

„Тигрите” ќе го пречекаат Палчо на Аеродром

Првоосомничениот за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски, веројатно на аеродромот во Скопје ќе го пречека специјалната единица „Тигри“.

Според досегашната пракса на екстрадиција на високоризични затвореници, Палевски, би требало во присуство на турската полиција да биде спроведен до авионот со кој ќе патува, а таму ќе го пречекаат припадници на македонската безбедносна служба. Тие ќе бидат задолжени за него за време на летот. Веднаш по слетувањето, под силно полициско обезбедување, веднаш ќе биде транспортиран во истражниот затвор ,,Скопје”, бидејќи му е одредена мерка притвор.

Професорот за безбедност, Методи Хаџи Јанев, не очекува никакви проблеми при спорведувањето, но предупредува дека мора да бидат запазени сите човекови права, во спротивно осомничениот би можел тоа да го употеби во своја корист.

Во пресрет на екстрадицијата, политичката партија Десна на својот официјален Фејсбук профил, објави наводно писмо од својот поранешен лидер Љупчо Палевски. Тврдат дека тоа било упатено до министерот за правда Кренар Лога, пишувано лично од Палчо, на 29 април, а следниот ден му било испратено преку службениот маил. Тој во писмото го обвинува министерот за правда Кренар Лога дека правел калкулации и застој со екстрадицијата поради изборите во земјава.

Барањето за екстрадиција доаѓа по неговото апсење на 5 декември во Турција, откако ден претходно беше распишана меѓународна потерница по него како осомничен за две кривични дела – „грабнување“ и две убиства на свиреп начин.

Димитриевски: До 8 мај нема да учествуваме во било какви преговори

Една изборна единица, црвени национални линии, промена на преговарачката рамка, се условите на Максим Димитриевски за постизборна соработка. 

Тој во гостувањето во утринската програма на Канал 5 „Здраво Македонија“, оцени дека СДСМ го допрела дното, а опозицијата уште не дојдена на власт потсетува на власта до 2016 година...

Необичен протест на млади во Тирана, упаднаа во Парламентот

Необичен протест се одржа денеска во албанскиот Парламент, каде група млади луѓе упаднаа за да ја изразат својата поддршка за иселениците од албанската дијаспора да имаат право на глас на следните избори во земјата, објави Еуроњуз Албанија.

Тие, како што пренесуваат медиумите, се качиле на една од терасите во пленарната сала на Парламентот, од каде фрлале летоци кон пратениците држејќи транспарент со натпис „Сакам да гласам во 2025 година“.

Тие истакнаа дека власта ја прекршува одлуката на Уставниот суд што им даде рок од една година да го решат прашањето за гласањето на дијаспората на изборите во 2025 година, кога се очекува да се одржат редовни парламентарни избори.

Во изјава за медиумите, младите додаваат дека се активисти кои сакаат да го информираат јавното мислење и владејачкото мнозинство за гласањето на дијаспората./МИА

притисни ентер