Вакцините штитат од смрт од КОВИД-19, различно се ефективни во спречувањето хоспитализација - Канал 5

Вакцините штитат од смрт од КОВИД-19, различно се ефективни во спречувањето хоспитализација

Според анализата, една доза вакцина против КОВИД-19 е недоволна за спречување тешки исходи од болеста и ја истакнува важноста да се примат најмалку две дози.

Вакцините штитат од смрт од КОВИД-19, различно се ефективни во спречувањето хоспитализација

Истражување за ефектите на вакцините против КОВИД-19 кај македонската популација покажува дека нема големи разлики меѓу вакцините од различни производители во спречувањето тешка болест и смрт, но има разлики во спречувањето хоспитализација.

Според тековното истражување, две дози од антиковид-вакцината на производителот „Фајзер-Бионтек" имале највисока ефективност во спречување хоспитализација, следни се вакцините на „АстраЗенека" и на „Синовак", сите со ефективност над 92 отсто. Вакцините на „Синофарм" и на производителот „Gamaleya Institute", според анализата, покажале послаба ефективност во спречување хоспитализација од претходните три вакцини, но сепак имаат висока ефективност од над 80 отсто.

Како што вчера соопшти Министерството за здравство, ова се првични резултати на истражувањето кое го предводи д-р Харис Бабачиќ, епидемиолог и докторанд-истражувач на Институтот „Каролинска" во Стокхолм, во соработка со Жаклина Чагороска од Управата за електронско здравство при Министерството за здравство.

Според анализата, една доза вакцина против КОВИД-19 е недоволна за спречување тешки исходи од болеста и ја истакнува важноста да се примат најмалку две дози.

Во првичната сеопфатна анализа на ефективноста на антиковид-вакцините во спречување хоспитализација и смрт кај македонската популација биле следени сите корисници на националниот електронски здравствен систем „Мој термин" од денот на првата регистрирана вакцинација (15 јануари 2021) до 30 септември 2021.

Светската здравствена организација (СЗО) вчера соопшти дека верува дека постојните вакцини „ќе продолжат да спречуваат сериозни болести" во случај на инфекција со омикрон.

Минатата недела СЗО соопшти дека новиот вид на КОВИД-19 е „загрижувачка варијанта", но портпаролката на СЗО, Маргарет Харис, оцени дека омикрон не е сој што треба да предизвикува паника.

Здравствените експерти наведуваат дека новата варијанта на коронавирусот – омикрон сега станува доминантна во Јужна Африка и предизвикува нагло зголемување на новите инфекции.

Шефот на „Фајзер", д-р Алберт Бурла, изјави дека веќе имаат направено ажурирани вакцини како одговор на сојот бета, исто така идентификуван првпат во Јужна Африка, и делта-варијантата, првпат откриена во Индија.

Компанијата сега работи на ажурирана вакцина како одговор на сојот омикрон, која може да биде готова за 100 дена.

Бурла вели дека вакцините помогнале да се спасат милиони животи за време на пандемијата и без нив „фундаменталната структура на нашето општество би била загрозена".

До крајот на годината, „Фајзер" очекува да испорача три милијарди дози од својата вакцина, а четири милијарди се планирани за следната година.

Во вчерашната статистика, според податоците на Институтот за јавно здравје, беа регистрирани 333 нови случаи на КОВИД-19 од 2440 тестирања, починаа 16 пациенти, најмладиот на 33 години, а 376 пациенти се оздравени.

Активни случаи во државата има 8050, од кои 3835 се во Скопје, а над 300 активни имаат Битола (615), Прилеп (426), Велес (327), Кавадарци (307) и Охрид (302).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По повеќе од 80 години: Пронајдени остатоци од брод потопен од нацистичка подморница

Остатоците од канадскиот пароброд „Корнвалис“, кој бил потопен од германска подморница во декември 1944 година, се пронајдени на длабочина од речиси 120 метри, повеќе од 80 години по неговото потонување, соопшти истражувачкиот тим „Номад експлорејшн.

По повеќе од 80 години: Пронајдени остатоци од брод потопен од нацистичка подморница

Остатоците од канадскиот пароброд „Корнвалис“, кој бил потопен од германска подморница во декември 1944 година, се пронајдени на длабочина од речиси 120 метри, повеќе од 80 години по неговото потонување, соопшти истражувачкиот тим „Номад експлорејшн“ (Nomad Exploration).

Истражувачите првично ги забележале остатоците користејќи сонар за скенирање на морското дно, а идентитетот бил потврден при последователните нуркачки истражувања.

Студената вода, силните морски струи и оддалечената локација ја отежнале потрагата. „За нашиот тим, откривањето на остатоците е резултат на долгогодишна упорност. За семејствата и заедниците поврзани со бродот, ова откритие повторно го насочува вниманието кон една трагедија која во голема мера беше падната во заборав“, изјави Дени Алан, член на нуркачкиот тим.

Паробродот „Корнвалис“, изграден во 1921 година во Ванкувер, превезувал шеќер и меласа од Барбадос кон канадскиот град Сент Џон, кога на 3 декември 1944 година бил забележан од германската подморница „У-1230“ (U-1230), под команда на Ханс Хилбиг.

Подморницата испалила торпедо кое го погодило прамцето на бродот, по што тој потонал за помалку од десет минути.

Од вкупно 48 луѓе на бродот, шестмина успеале да стигнат до сплавовите за спасување, но едно лице починало од хипотермија.

Петтемина преживеани биле спасени од рибарски бродови, а потоа префрлени на брод на Морнарицата на САД.

Подморницата „U-1230“ ја преживеала војната и била потопена во 1945 година, додека локацијата на потонатиот брод „Корнволис“ останала непозната сè до откритието годинава.

Истражувачкиот тим процени дека потонатиот брод претставува еден вид „временска капсула под морето“, која сведочи за еден од најнеобичните настани од Втората светска војна долж брегот на американската сојузна држава Мејн.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најлошиот Манчестер Јунајтед во последните 42 години!

 Англискиот великан, Манчестер Јунајтед загуби со 2-0 на гостувањето кај Челси, со што ја продолжи серијата без победа на девет натпревари во сите натпреварувања.

Најлошиот Манчестер Јунајтед во последните 42 години!

Ова е најдолгата низа без триумф на клубот уште од септември 1984 година

. Челси победи со головите на Морган Роџерс и Кол Палмер од пенал, додека Лисандро Мартинез имаше лош настап во редовите на гостите.

Аргентинецот асистираше за првиот гол на домашниот тим, а потоа спречи гол со играње со рака (пенал), за што доби и црвен картон. Притисокот врз тренерот Мајкл Керик се зголемува, но тој очекува да го предводи тимот на следниот натпревар против Рома.

Кризата е особено изразена на гостувањата, бидејќи „Јунајтед“ нема победа на последните седум натпревари на гостински терен во сите натпреварувања. Клубот немал ваква серија уште од сезоната 1973/74, кога последен пат испадна од елитниот ранг на англискиот фудбал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР: Расчистено вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена кривична пријава по брза постапка

СВР Скопје поднесе кривична пријава за сторено кривично дело "насилство" по член 386 ст. 4 и 6 од Кривичниот законик против П.А. во врска со вчерашното насилство пред Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје.

МВР: Расчистено вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена кривична пријава по брза постапка

СВР Скопје поднесе кривична пријава за сторено кривично дело "насилство" по член 386 ст. 4 и 6 од Кривичниот законик против П.А. во врска со вчерашното насилство пред Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, кога група од околу 30 членови на навивачката група „Фемили“ физички нападнале околу 50 навивачи на КК „Работнички“, кои чекале да влезат на спортскиот натпревар.

Притоа, 16-годишник од Скопје се здобил со тешки телесни повреди.

П.А. е лишен од слобода и по насоки на Јавен обвинител од ОЈО Скопје за кривично правниот настан поднесена е кривична пријава по брза постапка.

Во врска со насилството полициски службеници од СВР Скопје во полициска станица ги приведоа и М.М.(18) и Д.П.(18) двајцата од Скопје. Воедно СВР Скопје продолжува со повикување на лица кои ќе се утврди дека биле учесници на слученото насилство и против истите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

МВР апелира до навивачките групи за фер и спортско однесување, а од страна на полицијата нема да биде толерирано ниту едно насилство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер