Вакцините се безбедни, тврдат здравствените власти - Канал 5

Вакцините се безбедни, тврдат здравствените власти

Здравствените власти тврдат дека секоја вакцина која што е сега присутна или допрва ќе влезе во земјава ќе биде безбедна за користење.

Вакцините се безбедни, тврдат здравствените власти

Системот е подготвен и точно се знае како ќе се одвива масовната имунизација на населенито што треба да почне со вакцините на „Астра Зенека" и на кинески „Синифарм", кои се очекува да пристигнат на крајот на март и почетокот на април, а потоа и со „Фајзер" и руската „Спутник В". Јавноста, пак, е поделена околу вакцинирањето против Ковид-19, а најпреферирана е вакцината на „Фајзер".

Министерот за здравство Венко Филипче вчера појасни дека тоа што се создаде малку сомнеж, компликации, несакани ефекти од вакцината на „Астра Зенека" поради што неколку национални агенции на некои европски земји го запреа вакцинирањето, дефинитивно го демантираше Европската агенција за лекови, која потврди дека вакцината е целосно безбедна и нема никаква директна причинско-последична врска помеѓу тие несакани ефекти и вакцината.

-И затоа сега сите европски земи коишто привремено ја запреа вакцинацијата ќе ја продолжат вакцината на „Астра Зенека". И според нашите сознанија, деталните анализи на публикациите коишто излегуваат од овие несакани ефекти, анализата на упатствата од буквално сите вакцини коишто ги имаме и коишто ќе дојдат во нашата земја се, дека сите вакцини се безбедни и корисни и дека служат за вистинската цел за која што треба, а тоа е да спречат несакан смртен слуај од болеста или тешка форма на болеста, нагласи Филипче.

Тој потенцира дека прва вакцина која што ќе стигне преку ковакс-механизмот е на „Астра Зенека", доколку претходхно не стигнат кинеските вакцини.

Прашан дали како министер за здравство заедно со некои други политичари ќе се вакцинира со вакцината на „Астра Зенека" за да ги увери граѓаните дека е безбедна, Филипче рече „дефинитивно да".

– Имајќи предвид дека гледаме сега дека навистина скепсата е најголема во однос на таа вакцина, да, дефинитивно, изјави Филипче.

Од друга страна, јавноста е поделена околу вакцинирањето против Ковид-19. На ОМНИБУС истражувањето спроведено од БРИМА од 24 февруари до 9 март 2021, 37 отсто од граѓаните изјавиле дека сакаат да се вакцинираат додека 36 проценти експлицитно изјавувиле дека „нема да се вакцинираат, односно дека не сакаат да се вакцинираат". Речиси една четвртина (23%) се двоумат и би почекале да видат дали вакцинирањето ќе има несакани последици.

Анализата покажува дека 52 отсто од испитаници на возраст од над 55 години сакаат да се вакцинираат, наспроти само 35 проценти од граѓаните на возраст од 35 до 54 години и 24 отсто од анкетираните во старосната категорија од 15 до 34 години.

Според работниот статус на испитаниците, 61 проценти од пензионерите сакаат да се вакцинираат, а кај другите категории – вработените, невработените, домаќинки и студентите процентот се движи во опсег од 21 до 36 отсто. Од друга страна, 41 проценти од испитаниците од урбаните средини сакаат да се вакцинираат, наспроти 32 отсто од оние што живеат во руралните средини.

Меѓу испитаниците најмногу преферирана е вакцината на „Фајзер-БиоНТек" (22 отсто), потоа е руската вакцина Спутник В (17 проценти), 7 отсто би ја преферирале кинеска вакцина, 5 проценти се за „АстраЗенека" и 3 отсто за „Модерна". Една четвртина (25 проценти) не знаат со која вакцина би сакале да бидат вакцинирани против Ковид-19, а на 20 отсто им е се едно со која вакцина ќе бидат вакцинирани.

– Ова истражување иницира повеќе дополнителни истражувачки прашања меѓу кои се и зошто помладите во повисок процент не сакаат да се вакцинираат, кои се причините што влијаат за оваа поделеност во јавноста во врска со вакцинирањето, како и во врска со изборот на типот на вакцина, дали се граѓаните доволно информирани за ефикасноста на вакцините – од кои и какви извори на информации и каква е потребата за широка кампања за подигнување на свеста во врска со вакцинирањето и вакцините, наведуваат од БРИМА.

Во претходното деноноќие беа регистрирани нови 999 случаи на коронавирусот од направени 3.566 тестирања. Починаа 21 лице, а оздравени се 711 пациенти.

Во болниците низ земјава хопситализирани се 1224 ковид-пациенти и има околу 317 празни болнички кревети.

На инфективните оддели во Скопје се лекуваат 520 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19. Поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, отворен е и ковид центарот на ТОАРИЛУЦ, на Клиниката за Трауматологија, а доколку има потреба ќе се отворат и дополнителни оддели на Клиниката за пластична хирургија и на Клиниката за торакална хирургија.

Во ковид центрите во другите градови, пак, се лекуваат вкупно 704 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, најмногу во Прилеп 107, во Куманово 102, во Охрид 91 и Битола 73.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата во земјава изнесува 711, на оздравени е 99.837, а на починати 3.424. Бројот на активни случаи изнесува 14.176. Досега во земјава се направени вкупно 582.489 тестирања за Ковид-19. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тензично во Тирана: Полицијата со водени топови и солзавец, студентите со бехатон плочки и запалени контејнери (ВИДЕО)

Демонстрантите се судрија со полицијата пред Министерството за образование во Тирана. 

Тензично во Тирана: Полицијата со водени топови и солзавец, студентите со бехатон плочки и запалени контејнери (ВИДЕО)

Со слоган на кој пишуваше „Рама во затвор, Бериша во затвор“, студентите јасно им ставија до знаење на демократите дека не се поканети на нивниот протест пред Министерството за образование, објави Топ ченел.

Демократските пратеници не заминаа, туку останаа на крајот од протестот, набљудувајќи ги од далечина поддржувачите кои се судрија со оние кои бараа нивниот претседател да биде во затвор.

Попладнево демонстрантите запалија два контејнера, а полицијата одговори со бибер спреј и солзавец. Агресивните демонстранти беа растерувани со водени топови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Епилог на трагедијата во Шпанија: Европското обвинителство поведе истрага за злоупотреба на пари при реновирање на пругата

Европското обвинителство денеска соопшти дека покренало истрага за можна злоупотреба на средствата на Европската унија (ЕУ) за време на реновирањето на пругата меѓу Мадрид и Севиља.

Епилог на трагедијата во Шпанија: Европското обвинителство поведе истрага за злоупотреба на пари при реновирање на пругата

Европското обвинителство денеска соопшти дека покренало истрага за можна злоупотреба на средствата на Европската унија (ЕУ) за време на реновирањето на пругата меѓу Мадрид и Севиља, каде на 28 октомври се случи тешка железничка несреќа во која загинаа 69 лица.

Агенти на Централната оперативна единица (УЦО) на Цивилната гарда пристигнале во седиштето на Управата за железничка инфраструктура (АДИФ), Државната агенција за безбедност на железницата (АЕСФ) и Ревизорскиот суд за да подигнат документи, пренесува „Паис“.

Истрагата е покрената на иницијатива на тоа обвинителство по трагичната несреќа на 28 октомври во Урда.

Ова не е прв пат Европското обвинителство, независно тело задолжено за истрага на злосторства кои ги загрозуваат финансиските интереси на ЕУ, да покрене истрага за работите на тој дел од шпанската железница.

Тоа тело покрена истрага и по железничката несреќа во Адамуз во јануари годинава, кога загинаа 46 лица.

Во двата случаи, фокусот на истрагата е да се утврди како Шпанија искористила субвенција од 111 милиони евра доделена од Брисел во јуни 2024 година за големото реновирање на железничката линија Мадрид-Севилја, која е најстарата брза линија во Шпанија.

Европското обвинителство побара договори и досиеја за работи поврзани со делниците каде што се случија несреќите.

Обвинителството има истражен модел сличен на оној на многу земји на ЕУ, во кои обвинителите ја водат истрагата, додека судијата назначен во Шпанија е единствено одговорен за надзор над напредокот на постапката во согласност со законските гаранции, надзор на мерките што ги ограничуваат основните права, како што се претреси на куќи или прислушување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Застрелан полицаец од блиску пука во напаѓачот во Краков (Вознемирувачко видео)

Драматично видео од полициската интервенција по денешната пукотница на главниот градски плоштад во Краков, Полска, во која загинаа пет лица, а повеќе од десет беа повредени, се појави на социјалните мрежи. 

Застрелан полицаец од блиску пука во напаѓачот во Краков (Вознемирувачко видео)

Видеото го објави и полскиот портал Niezależna.pl, наведувајќи дека го прикажува моментот во кој полицаецот пука во напаѓачот.

На видеото се гледа полицаец како стои над маж во маскирна облека и пука во него. Недолго потоа, полицаецот исто така паѓа на земја, веројатно ранет.

Полицијата потврди дека напаѓачот е ранет и уапсен

Полската полиција потврди дека напаѓачот е ранет и уапсен за време на интервенцијата.

„Во инцидентот на главниот плоштад, пет лица загинаа, а повеќе од десет беа повредени. Полицајците го раниле сторителот и тој во моментов е превезен во болница. Интервенцијата на службите на местото на настанот сè уште е во тек“, објави полицијата.

Полицијата, исто така, потврди дека меѓу повредените има полицајци, но сè уште не објавила детали за нивните повреди.

Влегол на плоштадот со автомобил и почнал да пука

Нападот се случил околу 15 часот во историскиот центар на Краков, една од најпосетуваните туристички области во Полска.

Според полициското соопштение, мажот влегол на главниот градски плоштад со автомобил и почнал да пука кон минувачите.

„Во тек е полициска операција на главниот плоштад во Краков. Околу 15 часот, еден маж почнал да пука кон случајни луѓе од автомобилот што го користел за да влезе на плоштадот. Сторителот е уапсен“, објави полицијата.

Првичните информации беа за двајца мртви, но полицијата подоцна потврди дека бројот на мртви се искачил на пет.

Идентитетот на напаѓачот и мотивот за пукањето се уште се непознати. Полицијата продолжува да ги истражува околностите на нападот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер