Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
2Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
3Стручната комисија утврди: Нема лекарска грешка во лекувањето на родилката од Струмица која остана неподвижна
ЗдравјеВакцините на Фајзер против корона се ефикасни и безбедни за деца на возраст од 5 до 11 години Компанијата Фајзер денеска соопшти дека нејзината вакцина против коронаирусот е ефикасна и безбедна за деца на возраст од пет до 11 годишна возраст и дека наскоро ќе побара одобрување од американските власти за употреба.Вакцината, произведена од американски Фајзер и германскиот партнер БиоНТек, веќе се користи за имунизација на деца постари од 12 години. Вакцината ќе се дава во помала доза отколку за лица над 12 години, се вели во соопштението на компаниите. „Кај учесниците на возраст од 5 до 11 години, вакцината е безбедна, добро се поднесува и покажува стабилни реакции на неутрализирачки антитела", се вели во заедничката изјава на американскиот гигант Фајзер и неговиот германски партнер. Тие планираат да ги пренесат своите податоци од истражувањата на регулаторите во Европската унија, САД и во целиот свет „што е можно поскоро". Резултатите од истражувањето се први од ваков вид за деца под 12-годишна возраст. Испитувањето за вакцина Модерна за деца на возраст од 6 до 11 години се уште трае. Вакцините Фајзер и Модерна сега се достапни за адолесценти над 12 годишна возраст и возрасни во земји низ целиот свет. Иако децата се сметаат за помалку изложени на ризик од тешка форма на коронавирус, постои загриженост дека многу заразната делта варијанта може да доведе до посериозни случаи. Вакцинацијата на децата исто така се смета за клуч за одржување на училиштата отворени и како можност за ставање крај на пандемијата. -Со нетрпение очекуваме да ја прошириме заштитата што ја дава вакцината за оваа помлада популација, рече извршниот директор на Фајзер Алберт Бурла, истакнувајќи дека „од јули, случаите на Ковид-19 во САД се зголемиле за околу 240 отсто". Децата во возрасната група од 5 до 11 години примиле вакцина во две дози од 10 микрограми во студијата, во споредба со 30 микрограми за постарите возрасни групи, велат компаниите. Инјекциите се даваат во период од 21 ден. Дозата од 10 микрограми беше „внимателно избрана како претпочитана доза за безбедност, подносливост и имуногеност" за оваа возрасна група, се вели во соопштението на компаниите. Несаканите ефекти се „генерално споредливи со оние што се забележани кај учесниците на возраст од 16 до 25 години", се вели во соопштението. Најчесто пријавени несакани ефекти во минатото беа болка и оток на местото на инјектирање, како и главоболка, температура и треска. Израел веќе даде специјална дозвола за вакцинирање на деца на возраст од 5-11 години, кои се „под значителен ризик од сериозни болести или смрт" од коронавирус користејќи Фајзер во помала доза.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп откри за што ќе зборуваат со Си ЏинпингАмериканскиот претседател Доналд Трамп објави дека вештачката интелигенција (ВИ) ќе биде „голема тема на разговор“ со кинескиот претседател Си Џинпинг, кој е во тридневна посета на Вашингтон.„Голем ден со претседателот Си на Кина. Суперинтелигенцијата (ВИ) ќе биде голема тема на разговор, но сакам да го оставам точно како што е. Тоа е ставот на Кина. Нашиот бедем е Министерството за правда (DOJ)“, напиша Трамп на својот профил на социјалните мрежи Truth Social. Денешната средба меѓу Си и Трамп се случува во време на трка во вооружување меѓу САД и Кина за ВИ, при што многумина повикуваат на меѓународна регулација, според CBS News. Трамп досега се спротивставуваше на повиците за регулација, велејќи им на светските лидери на Генералното собрание на ОН претходно оваа недела: „Победник е оној што ќе ја победи ВИ“. Си пристигна во среда на тридневна државна посета на САД, за време на која ќе ја посети и Белата куќа, каде што ќе се одржи гала вечера, на која ќе присуствуваат многу претставници на технолошкиот сектор.Тагови: Доналд Трамп Си Џинпинг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗлатеска: Владата активно се справува со предизвиците од светската кризаБисерка Златеска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната собраниска седница наменета за пратенички прашања, постави две прашања.Бисерка Златеска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната собраниска седница наменета за пратенички прашања, постави две прашања, од кои едното беше во делот на земјоделството, шумарството и водостопанството, а другото беше поврзано со економијата. ,,Земјоделството е егзистенција за илјадници семејства. Тоа е домашно производство на храна. Тоа се цели семејства кои зависат од тоа дали нивниот род ќе биде откупен, по која цена ќе биде откупен и подеднакво важно кога ќе ги добие средствата што им следуваат. Затоа секогаш кога зборуваме за субвенциите мора да имаме предвид дека не зборуваме само за буџетски средства. Зборуваме за пари, кои за еден земјоделец значат набавка на семе, ѓубриво, гориво и заштитни средства“, рече Златеска. Прашањето што го постави Златеска, а до министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство беше поврзано со исплатата на субвенциите: ,,Според официјалните информации на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во текот на 2026 година се реализираат исплати по програмата за финансиска поддршка на земјоделството, а Агенцијата за финансиска поддршка паралелно реализира исплати по мерки од претходните програмски години. Тоа е важно да се разграничи. Во август и септември агенцијата реализирала повеќе конкретни исплати, меѓу кои значајни средства за сточарите и полделците. Почитуван министре, моето прашање до вас е како тече исплатата на годинешните субвенции?“. Второто прашање од страна на пратеничката Златеска, беше упатено до заменик министерот за економија, а во врска со намалуваувањето на ДДВ-то на дизелот и по 28 септември доколку кризата и високите цени на нафтата продолжат. ,,Актуелната мерка за намалување на ДДВ-то на дизелот од 18 на 10% има рок. Тоа е 28-ми септември, а кризата на светските енергетски пазари за жал не завршува со истекот на рокот на една владина одлука. Доколку продолжи растот на цените на светскиот пазар, доколку продолжат нарушувањата во снабдувањето или доколку се појави нов ценовен удар, институциите мора да бидат подготвени“, кажа Златеска и додаде: ,,Може ли да направите споредба со цените на дизелот и бензините во Македонија и во земјите од регионот и дали доколку продолжи кризата се размислува оваа мерка да биде продолжена и по 28ми септември. Сметам дека Владата и министерствата во Македонија се вложуваат максимално во справувањето со оваа светска криза“, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Нема одговор, има матрица – приватна фирма плаќаВМРО-ОКГ и нивната Орбан-Вучиќ медиумска мрежа, под палката на началникот Латас, повторно ја вклучи истата медиумска машина. Нема документ. Нема демант на FARA 6170. Нема агенда од Стејт департментот. Но затоа има Заев, пасош, слика од отворање. Има „талог“, Бугарија, лаги.... Класично бегство од реченицата што ги болеше. Реченицата е оваа: Во 2026 приватна фирма АТС Груп ДООЕЛ Скопје му плаќа на американскиот лобист Mercury 130.000 долари месечно, односно околу 1,56 милиони годишно. На 2 април истата компанија го предава материјалот - „Стратешко партнерство САД–Северна Македонија“. Во текстот стои пакет влада со влада. Име: Трамп и Мицкоски. Не стои „продајте ни шлемови“. Стои државна агенда платена од приватна компанија за муниција. ВМРО-ОКГ велат: актуелната влада нема врска со приватен договор меѓу две фирми. Ако нема врска, зошто во платениот текст стои името на арамијата Мицкоски? Зошто енергија, ЛНГ, ИТ-договори, одбрана? Зошто антимонот од пет милиони влезе во истата приказна што ја носеше низ ходниците и хотелите? Дипломатски пасош за човек што работи извоз на оружје, што во секоја земја оди преку државна контрола, не е оправдување зошто денешниот премиер се враќа од Америка со средби во ходник и со руда за оружје, во интерес на приватна компанија. Тоа е клучната разлика. Ако состанокот што Мицкоски го имал го нема во агенда на Вашингтон, не е државна средба. Тоа е неформален контакт. Дома го продаваат како самит. Приватна компанија плаќа. Мицкоски ја пласира агендата како државна. Всушност не е. Зошто приватна компнија плаќа лоби за Мицкоски? Антимонот е метал за воена индустрија. Се копа кај Крива Паланка. Јаловината оди во почвата и водата. За граѓаните е отров. За нив е провизија. Гета чинеше 5,53 милиони евра народни пари. Грантот за дупката е помал. Прашањето е кој во 2026 плаќа лоби да зборува во име на владата, кој се крие по фоајеа, и зошто народот добива рудник наместо извештај. Прашањето е зошто премиерот работи за интерес на приватна компанија, а не за граѓаните на Македонија. Нема автогол. Има документ од американското Министерство за правда. Тие немаат одговор на хартијата. Имаат матрица. Матрицата е бегство. Бегството е признание, се наведува во партиското решение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook