Вакцината против мали сипаници не предизвикува аутизам - Канал 5

Вакцината против мали сипаници не предизвикува аутизам

Денеска е објавена најнова студија, најголема до сега што ги фрла во вода сите тврдења дека МРП вакцината е причина за појава на аутизмот.

Вакцината против мали сипаници не предизвикува аутизам

Вакцината која штити од мали сипаници, рубеола и паротит не го зголемува ризикот од појава на аутизам, покажува најнова студија објавена денеска во која биле вклучени 657.461 деца. Студијата била фокусирана токму на истражување на тоа дали постои врска меѓу МРП-вакцината и аутизмот.

Децата вклучени во студијата се од Данска родени меѓу 1999 и 2010 година и се следени од кога биле на возраст од една година се до 31 август 2013 година.

„Студијата силно го поддржува фактот дека МРП вакцинацијата не го зголемува ризикот од аутизам, не е тригер фактор за појава за аутизам кај сомнителните деца, и не е асоцирана со појавата на аутизам по вакцинирањето“, се вели во заклучокот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

11 пожари горат ширум државата, најсериозен е во струмичко, во опасност е селото Водоча

Најмалку 20 пожари избувнале денеска ширум државата, од кои 11 се активни, инфгормираше пред малку првиот човек на ДЗС, Стојанче Ангелов.

11 пожари горат ширум државата, најсериозен е во струмичко, во опасност е селото Водоча

Најсирозна е состојбата во струмичко, каде што има опасност за неколку села.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Половина од прекршоците снимени од камерите на Безбеден град се од странски таблици

Шокантни бројки од системот  „безбеден град“- над 310 илјади прекршоци биле снимени од камерите на МВР од февруари кога се пуштени во употреба до завчера, а 97 отсто се за надминување на брзината. 

Половина од прекршоците снимени од камерите на Безбеден град се од странски таблици

Податоците на полицијата покажуваат дека дури повеќе од половина, над 180 илјади се направени од возила со странски таблици, оние кои почнаа да се наплаќаат пред три дена на Табановце.

-Во однос на прекршоците сторени од возила со странски регистарски ознаки, во периодот од отпочнување на функционирање на системот „Безбеден град“ регистрирани се вкупно 180.378 прекршоци, додека во периодот од 19 до 20 август оваа година, регистрирани се 5.514 прекршоци од возила со странски регистарски ознаки. - Гоце Андреевски – портпарол на МВР

За разлика од претходните денови, од МВР информираат дека сообраќајот на Табановце сега е нормализиран, без поголеми задржувања. Ова според нив се должи на апликацијата преку која сега странците може да си ги плаќаат казните електронски, а истата се најавува дека наското ќе важи и за возачите од земјава. Системот за наплата на казните ќе се надградува и на другите граници, не само на Табановце, каде што деновиве особено кај бројните српски државјани се создаде револт бидејќи чекаа во редици за да платат пред да излезат од Македонија. Наспроти нервозните патници, на социјалните мрежи кружи и видео од оро за кое се тврди дека се Срби кои играат додека чекаат на граница.

Покрај со парични казни, оние кои сториле поголеми прекршоци во македонскиот сообраќај одговараат и кривично. Вчера на Табановце бил лишен од слобода 35 годишен државјанин на Холандија кој од камера на „Сејф сити“ бил фатен дека со порше вози 168 километри на час, на пат кадешто е дозволена максимална брзина е 80км/ч. Од МВР информираа дека тој ќе добие кривична пријава за делото „безобзирно управување со моторно возило“.

Освен преку камерите, полицијата казнува и на терен- синоќа во акција за само седум часа санкционирани се 262 возачи, од кои 102 биле на мотори.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

73-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска

Западнонилската треска ја зеде и петта жртва во Македонија. Станува збор за 73 годишне маж, кој имал и други придружни болести. 

73-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска

Информацијата пред малку на прес конференција ја соопшти директорот на инфкетивната клиника д-р Фадиљ Цана.

Ја следеше Мирјана Мирчевска Јовановиќ.

Дали се познати причините за смртниот исход кај пациентот?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер