Вакцината од АстраЗенека може да ја примаат само лица под 65 години,тврдат германските научници - Канал 5

Вакцината од АстраЗенека може да ја примаат само лица под 65 години,тврдат германските научници

Вакцината на компанијата „АстраЗенека“ против коронавирусот, според германската комисија за вакцини, може да се користи само за вакцинирање на лица на возраст под 65 години, е објавено денеска.

Вакцината од АстраЗенека може да ја примаат само лица под 65 години,тврдат германските научници

„Вакцината на АстраЗенека, според планот за вакцинација, треба да се користи само за вакцинирање на граѓани на возраст од 18 до 64 години“, се вели во соопштението на Комисијата за вакцини, која работи во Државниот епидемиолошки институт Роберт Кох.

Комитетот заклучил дека во моментот се достапни недоволни податоци за да се процени ефикасноста на вакцината кај лица над 65 години.

Комисијата препорачала вакцината „без ограничувања“ да се дава на другите возрасни групи.

Вакцината на Астра Зенека сè уште не е одобрена од Европската агенција за лекови. Одлука за тоа треба да се донесе утре.

Германските медиуми на почетокот на оваа недела пишувале за неефикасноста на оваа вакцина кај постарите лица. Германското Министерство за здравство ги релативизирало овие написи, тврдејќи дека станува збор за погрешно читање на статистиката. Наведено е дека околу 8 проценти од луѓето постари од 65 години учествувале во тестирањето.

AstraZeneca најави дека последователно ќе ги испрати резултатите од неодамнешното истражување до Европската комисија, во која се вклучени повеќе луѓе постари од 65 години. Поради проблеми при испорака на вакцините, оваа британско-шведска компанија во моментов е во спор со Европската комисија.

Во Германија, вакцинацијата против коронавирус во моментов се спроведува врз корисници и вработени во домови за стари лица. Со вакцинацијата се опфатени луѓе постари од 80 години, како и хронични пациенти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Црвен аларм во Грција поради шумски пожари

Денес во Атика и неколку други региони во Грција беше издадена црвена тревога за шумски пожари, а властите го кренаа нивото на подготвеност на највисоко ниво.

Црвен аларм во Грција поради шумски пожари

Денес во Атика и други региони на Грција беше издадена црвена тревога за шумски пожари, објави Генералниот секретаријат за цивилна заштита на Министерството за климатска криза и цивилна заштита.

Државниот апарат е ставен во висока оперативна подготвеност поради опасноста од пожари, објави „ERT News“. Црвената тревога за шумски пожари е издадена за регионот Атика, вклучувајќи ја Китера, како и регионалните единици Коринт, Арголис, Аркадија и Лаконија.

Истата тревога е издадена и за регионот Крит и регионалните единици Беотија, Фтиотида и Евија.

Во северниот Егеј, црвената тревога се однесува на регионалните единици Лезбос, Хиос, Самос и Икарија, како и на Кикладите во јужниот Егеј.

Активирањето на црвената тревога за пожар значи дека националниот механизам за цивилна заштита е ставен во целосна мобилизација, со распоредување на потребниот персонал, опрема и ресурси за справување со потенцијални пожари.

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Со нетрпение го чекаме Мицкоски од екскурзија

Брисел е многу популарна дестинација за летување, особено за екскурзии.

СДСМ: Со нетрпение го чекаме Мицкоски од екскурзија

Екскурзија е организирано патување на група луѓе - најчесто ученици или студенти, заради учење, запознавање нови места, култура, историја… или во овој случај, заради одмор и политичко препакување.

Со нетрпение го чекаме враќањето на Христијан Мицкоски.

Одвои осум дена. Остануваат уште седум.

Четири дена Брисел - „стручна екскурзија“.

Таму, како што доликува на сериозна стручна посета, ќе се запознава со фабрики, институции и, секако, со Европската комисија. За да стекне практични знаења за… францускиот предлог.

Ќе почекаме да се врати.

Па сите да научиме дека францускиот предлог воопшто не е лош.

Исто како што од Мицкоски научивме дека НАТО не е лош - напротив, феноменален.

Исто како што од Мицкоски научивме дека Преспанскиот договор е ремек-дело на дипломатијата и многу други убави работи.

Ќе треба само малку повеќе време гласачите на ВМРО да го сфатат тоа.

Затоа што до вчера Мицкоски ги учеше сосема спротивно, додека клечеше и ветуваше само за да дојде на власт.

Единствена трајна последица од тоа патриотско клечење во претходната кампања е што сега го болат колената.

Затоа и го зеле седиштето 11D - да може да ги испружи.

Со нетрпение го чекаме.

Ќе имаме многу да учиме.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Струмица заврши 21. „Астерфест“

Синоќа, со проекција на пет наградени филмa, заврши 21. издание на интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“, коешто се одвиваше под мотото „Со отворени очи“.

Во Струмица заврши 21. „Астерфест“

По свеченото отворање од градоначалникот Петар Јанков, на самиот почеток, лауреатката Синоличка Трпкова ја прими наградата „Астер“ од претседателот на „Астерфест филм фестивал“, читајќи ја беседата „Ода за уметникот“.

Во текот на петдневните чествувања во знакот на филмската уметност, во преполниот Амфитеатар беа прикажани 20-тина кусометражни филмови. Покрај натпреварувачката, имаше и ревијална долгометражна програма во која специјални проекции имаа „Версус: филмовите на Кен Лоуч“ на Луиз Осмонд, „Железна тврдина“ на Митко Панов, „Филм до вжештување“ на Дарко Баиќ и „Жртвопринесување“ на Андреј Тарковски.

Гостите имаа Тивериополска филмска посета на Манастирот во Велјуса, а се одржаа и промоција на филмска литература и авторска средба низ прашања и одговори од публиката.

Жири-комисијата, составена од Теа Китаришвили, Бернард Дичек и Ана Витанова-Рингачева, едногласно одлучи и ги соопшти наградите за најдобрите филмови.

Гран прито за најдобар краток филм го понесе „Неми филмови“ на Крсте Господиновски, во македонско-романска копродукција. Златната потковица му припадна на „Крајолици на човештината“ на Јана Хунтерова, во чешко-македонско-британска копродукција. Сребрената потковица отиде во рацете на данскиот „Душа птица“ на Тобијас Кампан, а со Бронзената потковица се закити Маријам Бакачо Хачвани за грузискиот „Земјата на мажите“. За најдобар режисер со наградата „Ацо Алексов“ беше прогласена Елвира Барбоза за францускиот филм „Франсин, исток-запад“, а наградата за најдобро сценарио „Ѓорги Абаџиев“ отиде кај Бранко Костески за македонскиот краток филм „Остров“. Специјални признанија од жирито добија и јужнокорејскиот „Разденување“ на Хе-о Парк и бугарскиот „Оџачарот“ на Настимир Цачев.

Најголем број гласови од публиката освои канадскиот оскаровец „Девојчето што ронеше бисери“ на Крис Левис и Мациек Шчербовски, а нововостановената награда за најдобра женска улога „Зора Георгиева“ ѝ припадна на британската актерка Софи Томпсон во филмот „Нешто бесмислено“.

Фестивалот продолжува со намерата да го афирмира светскиот авторски филм, но и дела од македонската кинематографија.

Овогодишниот „Астерфест“ беше поддржан од Агенцијата за филм на Македонија и од Општина Струмица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер