Вакцинацијата во САД удри во ѕид по отпорот кај антиваксерите конзервативци

Државните Центри за контрола и лекување болести синоќа соопштија дека во САД биле ставени 337.7 милиони дози вакцини против Ковид-19. 

Во меѓувреме, во САД се создаде отпор против вакцинацијата, поттикнат од дезинформациите по социјалните мрежи и повиците во конзервативните медиуми.

Заклучно недела, 18 јули, повеќе од 186 милиони Американци примиле една доза, а 161,2 милиони добиле две дози од вакцината. Статистиката вклучува како вакцини од компаниите Moderna и Pfizer-BioNTech, кои се даваат во две дози, така и од Johnson & Johnson која се дава во една доза.

Инаку, претседателот Џо Бајден, незадоволен од намалената стапка на вакцинација и неуспехот да го исполни ветувањето 70 отсто од Американците до празникот Ден на независноста на 4 јули да примат барем една доза, викендов ги обвини социјалните мрежи за „ширење невистини" за вакцините и кажа дека поради тоа тие „убиваат луѓе".

Републиканските окрузи и држави, малцинствата од посиромашните региони и младите Американци се најзаслужни за повторното ширење на вирусот во САД, каде во некои држави како Флорида, бројот на новите инфекции достига и до 40.000 неделно а смртноста од Ковид-19 постепено се покачува. Американските медиуми известуваат дека новата „делта" варијанта се шири само кај невакцинираната популација, додека со оваа мутација се заразиле многу мал процент вакцинирани со недостаток на имунитет.

Од друга страна, по социјалните мрежи како Фејсбук се шират теории на заговор дека вакцините предизвикувале неплодност, дека децата заболувале ако носеле маски, додека перјаницата на Фокс њуз, водителот Такер Карлсон, кој на моменти ја поддржуваше вакцинацијата, викендов коментираше дека таа „можеби не работи, и тие едноставно не ја кажуваат вистината".

Набљудувачите посочуваат дека во однос на вакцината, за жал, се кристализира поделеност на сини и црвени (демократи и републиканци), слично на поделеноста за тоа дели претседателските избори лани биле лажирани или не.

Според најнова анкета на Вашингтон пост и Еј-Би-Си, 29 отсто од Американците рекле дека најверојатно нема да се вакцинираат, вклучувајќи 20 отсто кои рекле дека сигурно нема да се вакцинираат.

На несигурноста околу победата над пандемијата, при крајот на минатата недела реагираа и главните њујоршки берзи, кои паднаа до минимално ниво годинава, а распродажбата на акциите продолжува и денеска.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер