ЗдравјеВакцинацијата во Македонски Брод се прекина по третпат поради немање вакцини Од почетокот на имунизација во земјава, во Здравствениот дом во Македонски Брод поради немање на вакцини, по третпат има прекин на вакцинација. Иако сите услови се обезбедени за да продолжи оваа операција, сепак жителите од оваа општина ќе мор-По трет пат се случува во Здравствениот дом да имаме прекин на имунизација против Ковид-19. Ако во двата претходни случаи проблем беше системот за пријавување, овој пат прекинот е настанат поради немање на вакцини за имунизација на месното население. Сите структури во Министерството за здравство се запознаени со овој проблем, но засега нема повратна информација и нови количества на вакцини, со кои би ја продолжиле вакцинацијата, изјави директорот на Здравствениот дом, Жарко Симески. Тој истакна дека очекуваат наскоро да пристигне нова количина вакцини и да се продолжи со имунизацијата. Директорот појасни дека во два наврати во нивната установа добиле вакцини на британската „Астра Зенека" додека последните сто вакцини, испорачани од Битола се на кинеската компанија „Синофарм". Потсети дека во Македонски Брод последни се вакцинираа граѓаните на возраст до 59 години и ако деновиве пристигне нова количина на вакцини, имунизацијата ќе продолжи и со помладата популација . Симески посочи дека во општина Македонски Брод веќе десетина дена не е регистриран ниту еден новозаболен од Ковид-19 и во моментов нема инфициран жител од општината кој е згрижен на некое од инфективните одделенија во земјава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотНов пресврт во случајот „Епстајн“: Лондон под сè поголем притисокБританската министерка за прашања поврзани со жртвите, Алекс Дејвис-Џонс, изјави дека владата разгледува опции за испитување на активностите на осудениот сексуален престапник Џефри Епстајн во Обединетото Кралство.Британската министерка за прашања поврзани со жртвите, Алекс Дејвис-Џонс, изјави дека владата разгледува опции за испитување на активностите на осудениот сексуален престапник Џефри Епстајн во Обединетото Кралство и дека премиерот Енди Бурнам се согласил да се сретне со жртвите. Даунинг стрит ја ублажува изјавата на министерката Иако Дејвис-Џонс рече дека се разгледува можноста за јавна истрага, извори од Даунинг стрит подоцна посочија дека премиерот во моментов не подготвува ниту активно размислува за покренување на таков процес, објави „Индипендент“. Министерката нагласи дека Барнам сериозно му пристапува на случајот и сака да разгледа системски промени што би ја подобриле состојбата за сите жртви на сексуално насилство. Полицијата веќе ги истражува наводите. Британската полиција веќе ги истражува обвинувањата поврзани со Епстајн, вклучително и можни случаи на сексуална злоупотреба на деца, трговија со жени преку британските аеродроми и злоупотреба на службената должност. Дејвис-Џонс изјави дека евентуалната поширока истрага би можела да ги опфати и наводите против покојниот сопственик на „Хародс“, Мохамед Ал Фајед, кого стотици жени го обвинија за сексуално насилство. Таа се врати на својата министерска функција откако во мај ја напушти владата на Кир Стармер, откако го обвини тогашното раководство дека не ги слушало доволно жртвите на Епстајн, пренесува „Анадолу“.Тагови: Епстајн Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалБарен Минхен се откажа од четири странциГерманскиот фудбалски шампион Баерн Минхен повлеќе неочекуван потез кој предизвика огромна реакција од јавноста. Според „Билд“, Жоао Палиња, Саша Боеј, Брајан Сарагоса и Арминдо Зиб се отстранети од списокот на играчи од првиот тим на официјалната веб-страница на клубот. Овој потег се толкува како јасна порака дека Баерн повеќе не смета на нив и дека тие би можеле да го напуштат клубот ова лето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИн мемориам: Почина Благоја Станоевски, поранешен претседател на Сојузот на младината на МакедонијаПочина Благоја Станоевски, поранешен македонски општествено-политички функционер и претседател на тогашниот Сојуз на младината на Македонија, во поранешна Југославија.Во првата половина на седумдесеттите години беше претседател на Претседателството на Републичката конференција на Сојузот на социјалистичката младина на Македонија. По ангажманот во младинската организација, Станоевски продолжува да извршува одговорни функции во тогашните општествено-политички структури. Беше и член на Претседателството на Републичката конференција на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Македонија. Во осумдесеттите години беше ангажиран во Сојузот на синдикатите на Македонија. Благоја Станоевски останува запаметен како дел од генерацијата македонски општествени дејци кои во втората половина на 20 век учествувале во работата на младинските, политичките и синдикалните организации во земјата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook