КултураВакцинација е збор на годинатаБалканскиот институт за култура и хуманистички науки од Скопје оваа година, по примерот на многу други јазици, го започна проектот „Збор на годината" кој се засновува на материјал од комуникацијата на македонски јазик.Станува зборза анализа која се однесува на македонскиот јазик, со оглед на тоа што досега не постоеше можност и немаше услови за вакво истражување. -Ова е прв ваков проект во нашата земја, што беше особен предизвик за нас. Една ваква операција, освен што подразбира стручност, изискува и познавање на напредните технологии при истражувањето, како и познавање на новите методологии на анализа на податоци. Иако на почетокот бев скептичен дека ќе дојдеме до конечен резултат заснован на научно заснована анализа, сепак, стручноста на истражувачите предводени од д-р Емил Ниами доведе до посакуваната цел – го имаме зборот на годината, вели Дарко Несторов, извршен директор на Балканскиот институт за култура и хуманистички науки. Она што е исклучително важно во еден ваков проект е дека при анализата на податоците се користени сите можни средства преку кои се пренесува информација на македонски јазик: од традиционалните – радио, телевизија, весници и списанија, преку поновите – Интернет портали, сè до социјалните мрежи кои најчесто се користат во земјава (Фејсбук, Твитер, Инстаграм) и печатените и електронските реклами. -Откако ја проучивме и целосно ја совладавме методологијата на анализата, пристапивме кон истражувањето. Заедно со помладите колеги поминавме многу часови во читање и во слушање, а потоа и во анализа на материјалот. Она што е несомнено важно е дека изборот е направен според критериумот на актуелност на лексиката, односно во изборот не влегува таканаречената секојдневна лексика без која е невозможно постоењето, а исто така и личните имиња и кратенките. Општоприфатената методологија ја приспособивме на македонскиот јазик и неговиот лексичко-граматички строеж, па оттаму сме сигурни дека и добиените резултати се релевантни и научно засновани, истакнува д-р Емил Ниами, раководител на проектот. Според извршената анализа направена е топ-листа на петте зборови во македонскиот јазик за 2021 година, а тоа се вакцинација, антитела, акција, протокол и иновации. Проектот е предводен од д-р Емил Ниами, лингвист, кој со група помлади истражувачи во текот на пет недели, во периодот од 1 ноември до 5 декември, извршија комплетно истражување на достапниот материјал.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп му дава безусловна поддршка на Нетанјаху: „Тој беше силен, храбар и брилијантен“Aмериканскиот претседател Доналд Трамп ја изрази својата поддршка за својот сојузник, Бенјамин Нетанјаху, во пресрет на претстојните парламентарни избори во Израел.Поддршката на Трамп за Нетанјаху „Биби Нетанјаху беше силен, храбар и брилијантен соочен со огромен отпор – вклучително и отпор од внатрешноста на самиот Израел“, напиша Трамп во објава на платформата „Truth Social“. „Ова е токму оној вид партнер што Соединетите Држави го бараат во Израел – земја за која направија толку многу. Нека оваа порака послужи како израз на мојата целосна и безусловна поддршка за Биби Нетанјаху во претстојната трка за реизбор за премиер на Израел.“ Избори по две години војна Националните избори во Израел се закажани за 27 октомври – први по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година. Тој настан ја потресе нацијата и го втурна Блискиот Исток во хаос, вовлекувајќи го Израел во војни во Газа, Либан и со Иран. Исходот од изборите би можел да одлучи дали Нетанјаху ќе остане на власт по еден од најкритичните периоди во израелската историја, или пак ќе биде поразен од ривали од центарот кои ветуваат почеток на нова ера. Извор: Индекс.хрТагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Многу веројатно ќе има втор круг, водство има кандидатот на ВМРО-ДПМНЕПрес-конференција за медиуми на која се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Многу веројатно ќе има втор круг, водство има кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ21:00Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36
МетеоУтре сончево со мала до умерена облачностВремето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието и источните делови.Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 21 степен. Во текот на новата седмица ќе преовладува променливо облачно време. Во четврток и во петок се очекуваат врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и пообилни.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter