Вака се засакале Бранко Коцкица и неговата сопруга - Канал 5

Вака се засакале Бранко Коцкица и неговата сопруга

Нивната необична петдецениска љубов нагло ја прекина трагичната вест 

Вака се засакале Бранко Коцкица и неговата сопруга

Актерот и детски аниматор Бранко Милиќевиќ, попознат како Бранко Коцкица, речиси пет децении сакал само една жена која му го заробила срцето.

Имено, режисерката Слободанка Цаца Алексиќ и Бранко Коцкица се запознале благодарение на една претстава и оттогаш започнала нивната нераскинлива љубовна приказна. По пет децении среќен брак, летото 2019 година, одекна веста за која актерот не бил подготвен. По кратко и тешко боледување Цаца почина.

По смртта на сопругата, Бранко Коцкица останал да живее во нивниот дом во населбата Врачар, каде што друштво му прават кучето Лаки и враната Сивко. Сопружниците внимателно го уредиле својот стан и во него ја вткале љубовта што ја делеле сите овие години. Многумина ги трогна љубовната приказна на славниот пар за која тие јавно говореа.

-За Бранко најпрво мислев дека е дрзок и несимпатичен лик, но со тек на време прво се заљубив во неговата глума, а потоа и во него, и така почнавме да се забавуваме - изјави режисерката во една прилика.

Во таа прилика Бранко откри и кога се бакнале прв пат.

-Првпат ја бакнав на премиерата на една претстава која таа ја режираше, а во која јас глумев. Ѝ пријдов зад сцената и така започна сè - изјави Милиќевиќ, објаснувајќи дека подготвуваат голема прослава по повод петдеценискиот брак, но ненадејната смрт на Цаца целосно го изненади.

Актерот го откри и својот рецепт за брачна среќа и покажа дека спротивностите сепак се привлекуваат, и дека постојат голем број коцкички што треба да се поклопат за една врска да опстане.

- Ние двајца сме како рогови во вреќа, но нè поврзува љубовта кон театарот. Постојано се расправаме за нешто, она што најмногу ме нервира кај Цаца е тоа што таа никогаш досега не приготвила исто јадење затоа што сè готви од око. Таа е исклучителна готвачка, а најдобро приготвува пијан крап - изјави Бранко своевремено.

Иако немаа деца, Слободанка и Бранко својот живот го посветија на работата со деца и го обележаа детството на многу генерации. Тие го основаа и театарот „Полжав“(„Пуж“), низ кој поминале илјадници деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гранит Џака е осуден поради лажен сертификат за ковид вакцина

На капитенот на швајцарската фудбалска репрезентација, Гранит Џака, му е изречена условна парична казна од 150.000 швајцарски франци поради набавка на лажен ковид-сертификат. 

Гранит Џака е осуден поради лажен сертификат за ковид вакцина

Одлуката е донесена од Јавното обвинителство во Луцерн, а Џака јавно потврди дека ја прифаќа казната и ја презема одговорноста за своите постапки.

Казната е одредена во висина од 50 дневни износи по 3.000 швајцарски франци, со условен период од две години.

Тоа значи дека фудбалерот нема да мора да ја плати сумата од 150.000 франци, под услов да не стори друго кривично дело во наредните 24 месеци. Тој веќе ги подмирил судските трошоци.

По завршувањето на постапката, швајцарскиот репрезентативец се огласи на социјалните мрежи за да ги потврди деталите од одлуката на обвинителот.

„Пред неколку недели лично се огласив овде и изјавив дека ја преземам одговорноста за мојата одлука. Стојам зад тоа. Откако дадов целосен исказ пред јавното обвинителство, обвинителот сега донесе одлука“, изјави Џака.

Потоа ја објасни казната што му беше изречена. „Со казнен налог, бев осуден за прибавување лажна потврда и добив условна парична казна во висина од 50 дневни износи по 3.000 швајцарски франци, со двегодишен пробен период. Тоа значи дека казната нема да се изврши освен ако не сторам ново кривично дело во тој период. Веќе ги платив процедуралните трошоци. Ја прифаќам одлуката и ја преземам одговорноста“, рече фудбалерот.

Тој исто така им се заблагодари на сите што го поддржуваа во изминатите неколку недели. „Ви благодарам за бројните пораки за поддршка во последните неколку недели. Тие многу ми значат“, додаде тој.

Скандалот излезе на виделина во средината на септември, кога швајцарскиот весник „Блик“ (Blick) објави дека е покрената истрага против Џака. Неколку дена подоцна, фудбалерот призна дека во 2022 година прибавил лажна ковид-потврда.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Уште еден Спутник, Српска лига на далечинско, конгрес без членови

Саша Богдановиќ држи прв изборен конгрес на здружение Српска лига.  Најавено уште во март. Сега, кога арамијата бара алиби за избори, сателитот добива датум.

СДСМ:  Уште еден Спутник, Српска лига на далечинско, конгрес без членови

Во Орбан–Вучиќ медиумите го продаваат како поранешен функционер на СДСМ. Градоначалник на Центар, 2017 година. Намерно се прескокнува ЗНАМ, прва верзија. Екипата што ја делеше партијата, заедно со Максо. Прво партијата. Потоа гласачите. Сега нова фирма.

Помлада верзија на Стоилковиќ. И полоша.

Неспособен оперативец, со години на услуга на српската БИА. Кога на јавноста ѝ е јасно дека министерот работи српско-руско-кинеска агенда, треба нова верзија да ги собере гласовите што Стоилковиќ ги губи.

Иста матрица како Српската лига во Србија: еден човек, членовите не се гледаат.

Лигата таму излезе од проруски ориентирани фашисти, претходно Трета Србија, име што алудира на Трет рајх.

Богдановиќ нема капацитет да ја прочита службата. Извршува.

Почетокот на годината, фалејќи го Вучиќ, СДСМ ги нарекува Усташи. Иста кампања како во Србија, каде студентите се Усташи. Иста како талогот на арамијата, по терк на Ванчо.

На мрежите се кити со Вучиќ и со однос кон Русија. Уште еден српско-руски Спутник, покрај Левица, анти-НАТО и анти-ЕУ, и покрај Платформата, ЗНАМ 2.0, за 1,6 милиони.

Уште една проруска, антизападна партија во Македонија.

Арамијата, стар руски прокси, не знае да склопи партија што барем на старт гледа кон Европа. Далечинскиот му е правен во Кремљ. Друг јазик не познава.

Полетувањето е неуспешно пред да заврши конгресот. Овој Спутник, оваа нова Лајка на Вучиќ, нема да се врати.

Сателит не е опозиција. Тоа е алиби за банда што останала без рејтинг и без пари.

Скопје, 09.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во гаража го направиле најширокиот автомобил на светот- полицијата не можела да му напише казна (ВИДЕО)

Група американски ентузијасти создадоа автомобил кој ретко се гледа на патот. 

Во гаража го направиле најширокиот автомобил на светот- полицијата не можела да му напише казна (ВИДЕО)

Тие создадоа возило кое е широко три метри од стар Форд, кое може да достигне брзина поголема од 110 километри на час, објави Аутонет.

Кога решија да го преполови стариот Форд Фестива и да го прошират на неверојатни три метри, членовите на американскиот Јутјуб канал Prop Department имаа необична идеја. Сепак, тие не застанаа само на изградба на автомобил кој изгледа сосема поинаку од сè што среќаваме во сообраќајот. Тие исто така успеаја да добијат документација што им овозможува да го возат по јавни патишта.

Резултатот е автомобил кој е речиси широк колку што е долг, а неговиот изглед на улиците привлекува огромно внимание.

Тие користеа уште три автомобили за конверзијата.

Основата на овој необичен проект беше Форд Фестива, мал градски автомобил познат на европскиот пазар како Киа Прајд.

За да ја реализираат својата идеја, авторите набавија уште три автомобили што ги користеа за делови. Секој од нив чинеше само неколку стотици долари.

Прво, го отстранија ентериерот на возилото, а потоа ја исечоа каросеријата по должина. Дополнителни челични елементи беа инсталирани во просторот помеѓу двете половини, така што структурата ја задржа потребната цврстина.

Прилагодувањето на погонскиот систем беше особено тешко. Погонското вратило мораше да се продолжи за повеќе од еден метар за да може моторот да ја пренесува моќноста на тркалата.

Промените не го заобиколија ниту ентериерот. Контролната табла и предниот дел од автомобилот беа прилагодени на новата ширина со помош на делови изработени на 3D печатач.

Исто така, беа инсталирани дополнителен генератор за напојување, како и систем за климатизација.

Има два волани и дури 14 држачи за чаши.

Еден од најнеобичните детали се наоѓа во кабината на овој Форд.

Автомобилот има два волани поставени пред предните седишта, додека на централната конзола има дури 14 држачи за чаши.

И покрај огромната ширина и бројните модификации, возилото е способно да достигне брзина поголема од 110 километри на час.

Неговите креатори открија и дека толку широк автомобил може да има практични примени. Благодарение на големиот простор, тој е погоден за транспорт на гломазни предмети, големи купувања, па дури и дрва.

Полицијата ги запре, но тие можеа да продолжат да возат

Најголемиот предизвик не беше само да се направи автомобил широк три метри, туку да се обезбеди дека на такво возило му е дозволено да учествува во сообраќајот.

Имено, ширината на Фордот ги надминува вообичаените дозволени димензии на патничките автомобили. Затоа, неговите креатори мораа да добијат посебни дозволи за вонреден транспорт, како и соодветно осигурување.

YouTube video

За време на првото сериозно тестирање, кое траеше два дена, тие поминаа повеќе од 640 километри.

Полицијата ги запре неколку пати, проверувајќи ги регистарските таблички, документацијата и начинот на кој толку широко возило се движи по сообраќајната лента.

Сепак, откако утврди дека возачите ги имаат потребните документи, полицијата им дозволи да го продолжат своето патување секој пат.

Така, автомобилот создаден од стар Форд, и покрај неговите необични димензии, успеа да влезе на јавни патишта во согласност со посебните дозволи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер