Вајц пред два месеци дал интервју, „Еуроњуз Бугарија“ го објавува сега? - Канал 5

Вајц пред два месеци дал интервју, „Еуроњуз Бугарија“ го објавува сега?

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, во интервју за „Еуроњуз Бугарија“ изјавил дека во последната година земјава нема постигнато никаков напредок во спроведувањето на реформите.

Вајц пред два месеци дал интервју, „Еуроњуз Бугарија“ го објавува сега?

-Во последната година не видовме никаков напредок, никакви реформи. И не станува збор само за започнување преговори, туку и за реформската агенда, планот за раст. Ако земјата не ги спроведе потребните реформи, 47-те милиони евра нема да одат кај неа, туку кај соседните земји, рекол Вајц.

Од кабинетот на европратеникот за Канал 5 појаснуваат дека станува збор за интервју дадено пред два месеци, кое, од за нив непознати причини, се објавува сега.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нема резултати за водата во Гостивар- Клековски нема дозвола од Обвинителството, од таму молк

Никој не ги соопштува резултатите од анализите на водата во Гостивар. 

Нема резултати за водата во Гостивар- Клековски нема дозвола од Обвинителството, од таму молк

Никој не ги соопштува резултатите од анализите на водата во Гостивар. На прес конференцијата во Владата, на која присуствуваа министерот за здравство Сашо Клековски, директорката на ИЈЗ Марија Андоновска, директорот на СОЗР Ивица Томовски, не беа соопштени резултатите од направените анализи. Како што истакнаа Клековски и Андоновска, тие биле побарани од ОЈО, и ако дозволат од обвинителството тие ќе ги соопштат резултатите.

На прашање на новинарите во прес центарот на Владата, какви се резултатите, Клековски истакна дека доколку добие дозвола од ОЈО, ќе ги соопшти резултатите.

Од друга страна од Обвинителството се уште нема никакви информации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: 9 милиони евра инвестирaме во Вeлес во проекти за инфраструктура

Велес станува подобро место за живеење.

Николоски: 9 милиони евра инвестирaме во Вeлес во проекти за инфраструктура

Владата, преку Министерството за транспорт инвестира околу 9 милиони евра во инфраструктурниот развој на Велес, истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

Тој денеска заедно со премиерот Христијан Мицкоски престојуваше во работна посета на општина Велес, каде со градоначалникот Марко Колев направија увид на бројни проекти што се реализираат со поддршка на Владата и Министерството.

„Со гордост можам да кажам дека Владата преку Програмата за инфраструктурни проекти во општините и преку проектот кој го имаме со Светска банка инвестира околу 9 милиони евра, што е исклучително значајна сума за развојот на инфраструктурата. Денеска гледаме започнување на работа на две улици, а една е веќе завршена и драго ми е што преку соработката која што ја имаме со Светска банка веќе се завршени 3 проекти, во вредност од половина милион евра, а тоа се: ул. "8-ми Мај", "Љубљанска" и "Луи Пастер", и исто така во скоро време беше завршена и зградата, каде што има социјални станови.“, изјави Николоски.

Вицепремиерот нагласи дека Владата ќе продолжи со силната поддршка за Општина Велес и во наредниот период.

„Ќе продолжиме да ја поддржуваме Општина Велес, да соработуваме со градоначалникот, Советот и пратениците, а преку координацијата што ја прави Премиерот да обезбедиме уште повеќе проекти кои ќе се реализираат во интерес на граѓаните“, порача Николоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Градоначалникот Орце да открие кој ја направил срамната графика и колку е платено

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, мора веднаш да ги објави податоците за фирмата која го изработила графичкиот дизајн на срамниот билборд на влезот во градот.

СДСМ: Градоначалникот Орце да открие кој ја направил срамната графика и колку е платено

Граѓаните имаат право да знаат:

• Како оваа фирма ја добила работата?

• Дали е спроведена јавна набавка?

• Колку е платено за графичкото решение и за поставувањето на билбордот?

• Дали Град Скопје плаќа за AI-генериран срам?

Исто така, градоначалникот треба да открие колку тендери досега добила оваа фирма и кој стои зад неа.

Според правилата за јавни набавки, за лошо извршена работа се издава негативна референца, која носи исклучување од учество во јавни набавки од 1 до 5 години.

Досега нема информација дали на оваа фирма ѝ е издадена негативна референца или пак ќе продолжи да добива пари од буџетот на Град Скопје.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски не смее да крие информации за трошење на јавни пари.

Граѓаните на Скопје заслужуваат одговори, а не молк и прикривање, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер