Вајц го презентираше годишниот извештај за Македонија, вели реформи има, уставните измени се услов за евроинтеграцијата - Канал 5

Вајц го презентираше годишниот извештај за Македонија, вели реформи има, уставните измени се услов за евроинтеграцијата

Реформи има, но условот за уставните измени мора да се спроведе за земјата да продолжи по евоинтегративниот пат – порача известувачот во ЕП Томас Вајц, презентирајќи го годишниот извештај за Македонија. 

Вајц го презентираше годишниот извештај за Македонија, вели реформи има, уставните измени се услов за евроинтеграцијата

Вајц ја пофали усогласеноста со надворешната политика на Унијата, поддршката за Украина и работата на коридорите 8 и 10 кои ги оцени како клучни за регионот. Сепак, нагласи дека многу работа се уште има во делот на владеење на правото, транспарентноста и слобода на медиумите. Изрази надеж дека годината нема да биде изборна за како што кажа, да не се загуби фокусот на реформите и ја повика владата да ги спроведе обврските на патот кон членство.

-Апликацијата за пристапување е повеќе од 20 години стара и мислам дека е време да се придвижиме напред. Исто така посочуваме дека постои голем прозорец на можности во моментов, за цел регион, но особено и за Македонија да продолжи со пристапувањето кон ЕУ. Има зелено светло колку што можам да видам од Советот, Европскиот парламент дава голема подршка,- - Томас Вајц – Известувач за Македонија во ЕП.

На дебатата која се разви во комитот за надворешни работи во ЕП, дел од европратениците упатија поддршка за земјава и оценија дека вината за застојот во евроинтеграциите не може да се гледа само во земјава, туку и во институциите на самата Унија.

-Тоа што не е во извештајот, се причините за недостатокот на напредок, од страна на Македонците, но и од страна на Советот, бидејќи Советот носи голема одговорност со тоа што не обезбеди кредибилна перспектива за проширување,- - Тијс Ројтен – Европратеник.

-Граѓаните на Македонија со право кажавте дека се изморени, далеку се од ЕУ се повеќе и повеќе и подалеку се од пред 10 или 15 години мислам дека тоа е проблем и делумно тоа е наша вина. Наша одговорност е да го држиме регионот на пат за соработка и мир, а не поларизација,- - Андреа Танџер Кореа – Европратеник.

Бугарските европратеници пак, не ја испуштија можноста да упатат критики кон земјава за почитување на човековите права и како што тие оценија, создавањето на вештачки проблеми од македонска страна. Иако воопшто не беше тема на дебатата, ја отфрлија идејата за асоцијативно членство во ЕУ без право на глас, која се разгледува во Брисел.

-Можам да се согласам со искажаните мислења дека македонскиот... дека луѓето во Македонија чекаа многу, чекаа доволно и веројатно се изморени. Но, политичката елита не изгледа дека е изморена и многу упорно одбива да ги исполни преземените обврски. Со ова темпо, за жал ќе кажам преговрниот процес може да продолжи не 20 години, туку 120 години. / Идеите за некакво компромисно, неполно или неполноправно членство кои се слушаат од некои кругови во Скопје се целосно неприфатливи и неодржливи,- - Станислав Стојанов – Европратеник од Бугарија.

-Властите работат кон политичка поларизација создавајќи вештачки проблеми поврзани со таканаречениот идентитет и зад тој параван тие го успоруваат напредокот во пристапниот процес. Според мене лично, местото на Македонија е во ЕУ, но не по секоја цена. - Ивајло Валчев – Европратеник од Бугарија.

Минатогодишниот извештај на Вајц помина со низа обвинувања меѓу Скопје и Софија, а самиот Вајц откри дека се соочил со притисоци и закани. Во првичниот документ беше нагласено признавањето на македонскиот јазик и идентитет, кој потоа заедно со амандманите од бугарските европратеници кои бараа пред нив да стои придавката „Современ“, како компромисно решение беа избришани од финалниот текст. За актуелниот извештај на Вајц, сега има рок до 6 март за поднесување на амандмани од европратениците, по што повторно ќе биде вратен во комисијата пред да биде гласан на пленарна седница во ЕП.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„На кавга со Иван“ - Слаѓана Тасева

Вечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Слаѓана Тасева

„На кавга со Иван“ - Слаѓана Тасева

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кога обврските ја потиснуваат романтиката

 – Како повторно да внесете блискост во односот

Кога обврските ја потиснуваат романтиката

Стресот поради работата, семејните обврски и секојдневните проблеми не влијаат само на сонот и расположението, туку може да ја ослабат и желбата за блискост.

Кога сме исцрпени и постојано размислуваме на обврските, тешко ни е да се опуштиме и да уживаме во времето што го минуваме со партнерот.

Зошто стресот влијае на желбата за интимност?

Кога сме под притисок, организмот се подготвува да се соочи со предизвиците, па тешко се опуштаме. Повишеното ниво на кортизол и адреналин влијае на сонот, расположението и енергијата, што се одразува на партнерскиот живот.

Долготрајната напнатост често носи умор и раздразливост, и чувство дека немаме доволно време за себе. Кога сме исполнети со грижи, често немаме енергија за нежност, романтика и заеднички моменти.

Хормонaлните промени, особено симптомите на перименопауза и менопауза, промените во нивото на естроген, како и физичките тегоби за време на односот, кои не треба да се занемаруваат, влијаат на желбата, Сепак, намалената желба не значи автоматски дека привлечноста исчезнала или да врската е во криза. На неа влијаат и здравствената состојба, квалитетот на сонот, одредени лекови и емоционални проблеми поради што важно е да се согледа целокупната ситуација.

Како повторно да се разбуди блискоста?

Првиот чекор е да најдете начин да ја намалите секојдневната напнатост. Прошетка, вежби со дишење, јога или активност која ви причинува задоволство, сето тоа може да ви помогне да се опуштите и да се одвоите од проблемите што ве преокупираат.

Важно е да разговарате со партнерот без обвинување и создавање дополнителен притисок. Објаснете како се чувствувате, сослушајте ја неговата перспектива и заедно размислете што би можеле да промените за да имате повеќе време еден за друг.

Не мора веднаш да планирате големи романтични гестови. Заедничката прошетка, вечера, прегратка или разговор без телефони може да ви помогне повторно да се поврзете. Нежноста не мора секој пат да води кон интимен однос, а токму отсуството на очекување може да помогне во опуштањето.

Обидете се да го подобрите квалитетот на сонот и да најдете рамнотежа помеѓу обврските и одморот. Редовното движење, сонот и времето посветено на себе може да придонесат за подобро расположение и поголема енергија, што позитивно се одразува на односот со партнерот.

Ако намалената желба трае, предизвикува незадоволство и влијае на вашиот однос, разговарајте со лекар за можните причини. Особено е важно да побарате помош ако се јавува болка и изразена непријатност во текот на интимниот однос.

Блискоста не се мери со честите интимни односи, туку со чувството на сигурност, разбирање и поврзаност. Кога ќе си дадете доволно време себеси и на партнерот, ќе разговарате отворено без да создавате дополнителен притисок, полесно ќе најдете начин повторно да уживате во заедничките моменти, пренесува Ordinacija.hr

Извор: srecne.republika.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер