Коалиција „Сите за правично судење“: Позитивна оценка и без забележани неправилности за гласањето за избор на новиот шеф на ОЈО ГОКК
1Коалиција „Сите за правично судење“: Позитивна оценка и без забележани неправилности за гласањето за избор на новиот шеф на ОЈО ГОКК
3НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
МакедонијаВајц ексклузивно за Канал 5: Интервјуто за бугарската телевизија е старо, Македонија забележува напредокИнтервјуто за бугарската телевизија беше дадено пред седум недели и тоа го покажува моментумот на Македонија до почетокот на март – вели во есклузивно интервју европратеникот и известувач за Македонија, Томас Вајц...Според него, земјава забележува напредок и има дополнително време да ги исполни потребните чекори од реформската агенда до јуни... Во интерјвуто кое во целост ќе биде емитувано во текот на утрешниот ден, Вајц се осврнува и на извештајот за напредокот на Македонија во европскиот парламент, но и амандманот кој тој самиот го поднесе за тоа да се направи јасна дистинкција дали протоколот потпишан со Бугарија е дел од преговарачката рамка на земјава... Во продолжение кратко парче од интервјуто кое го направи Јован Ѓорговски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКоалиција „Сите за правично судење“: Позитивна оценка и без забележани неправилности за гласањето за избор на новиот шеф на ОЈО ГОКК Со позитивна оценка и без забележани неправилности во гласањето и пребројувањето, Коалицијата „Сите за правично судење“ го оцени изборниот процес за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.Сепак, во заклучоците од мониторингот забележуваат дека неофицијалните резултати протекле во медиумите уште во првиот час по затворањето на избирачките места, пред официјалното соопштување од Советот на јавните обвинители. -Непосредното набљудување не утврди неправилности при спроведувањето на гласањето и пребројувањето на гласовите, додека високата излезност на јавните обвинители и овозможувањето независен мониторинг на изборниот ден, вклучително и присуството на набљудувачи при гласањето и пребројувањето, претставуваат позитивни показатели за спроведувањето на изборниот процес. -Коалиција „Сите за правично судење“. Обвинителката Искра Хаџи Василева победи со 64 гласа, седум повеќе од Трајче Пеливанов, и ќе раководи со обвинителството во следните четири години. Поефикасни истраги, побрзо постапување по предметите и поголем фокус на финансискиот криминал и конфискацијата на незаконски стекнатиот имот се дел од приоритетите што ги најави новата шефица кога влезе во трката за позицијата. Во програмата предвидува и зајакнување на истражниот центар, кадровско екипирање и дигитализација на работата. Најавува и поширока примена на спогодувањето со обвинетите, со цел скратување на судските постапки. Но, покрај најавените реформи, новата шефица ќе мора да се справи и со старите слабости на обвинителството. Поранешната претседателка на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска, предупредува дека меѓу клучните предизвици се недостигот на финансиски средства, ефикасноста во работата и политичките влијанија врз обвинителите. -Мислам дека новата обвинителка, односно раководителка, повеќе може да делува на внатрешните ризици во самата институција, коишто се однесуваат на надзорот врз работењето на основните јавни обвинители од страна на повисоките обвинители, бидејќи анализата покажа дека овој надзор се врши само формалистички и остава простор за произволно и непрофесионално однесување. Понатаму, сѐ уште постоеше процедура на рачна распределба на предметите — таа кажа дека ќе се залага за дигитализација, го поздравувам тоа и сметам дека треба да има еден објективен начин на распредебилба на предметите,- изјави – Билјана Ивановска – Поранешен претседател на ДКСК. Хаџи Василева доаѓа на местото на Ислам Абази чиј мандат истекува на 8 ноември. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВучиќ: Во Србија владее терорАлександар Вучиќ на почетокот од декември најверојатно ќе се врати на кормилото на СНС, а во меѓувреме тој најавува дека партијата нема да учествува на претстојните претседателски избори.Според Вучиќ по изборниот пораз на СНС во Србија се спроведувал „револуционерен терор“ врз сопартијците и поддржувачите, а во такви услови како што изјави невозможно е нормално политичко дејствување.. -На партиското собрание следниот месец тој најави избор на ново раководство а две третини од членовите на главниот одбор и половина од претседателството ќе бидат нови луге. - Досега речиси секогаш сме победувале. Имаше тешки моменти, особено по првиот круг од претседателските избори во 2012 година. Се сеќавам, Јелена Мијатовиќ беше таму, беше 7 мај, кога луѓето беа сигурни дека Тадиќ победува и дека ние немаме никакви шанси. За среќа, се опоравивме, застанавме на нозе и оттогаш само продолживме да победуваме. Покажавме дека, и кога победуваме и кога губиме, се однесуваме достоинствено, одговорно и сериозно; се однесуваме во согласност со интересите на граѓаните на Србија. Никој од нас никогаш не сакал да ја доведе во прашање стабилноста на Србија – рече Вучиќ. Петседателката на српското собрание и в.д. Претседател на Србија, Ана Брнабиќ, повика претставниците на Студентска листа што побрзо да ја формираат владата и да преземат одговорност, бидејќи и според неа во моментов во Србија владее терор.. Таа најавува дека конститутивната седница на новото собрание ќе ја свика во накраток можен рок.. Според Брнабиќ претседателските избори мора да бидат распишани до 27 ноември за да се одржат на 27 декември, а доколку биде конституиран новиот парламентарен состав изборите ќе може да ги распише и новиот претседател на собранието..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзорСрпската Алта Банка остана без лиценца- Народната банка на Србијаја соопшти одлуката во 2 часот по полноќ, откако констатирале дека банката на бизнисменот Давор Мацура не успеала да ја стабилизира финансиската состојба и ликвидноста.Српската Алта Банка остана без лиценца- Народната банка на Србијаја соопшти одлуката во 2 часот по полноќ, откако констатирале дека банката на бизнисменот Давор Мацура не успеала да ја стабилизира финансиската состојба и ликвидноста, додека во исто време растел ризикот за неисполнување на обврските кон клиентите. Веста со молскавична брзина се прошири и создаде паника кај дел од граѓаните во соседството кои имаат сметки и заштеди во оваа банка. На социјалните мрежи е објавено видео од Нови Сад кадешто пред филијала на Алта чекаат редици граѓани, за кои се тврди дека сакаат да си ги подигнат своите пари, а таква слика утрово имало и пред експозитура на битолската Алта банка, но според некои информации се работи за пензионери кои ги чекале месечните пензии. Веднаш се отвори дилемата дали овие финансиски проблеми ќе се отсликаат во македонската Алта. Од банката тврдат дека се ликвидни, работат непречено и како што велат, не биле предмет на политички притисоци и пресметки како во Србија. Од кабинетот на гувернерот на Македонија пак потенцираат дека се работи за самостојно правно лице основано и регистрирано во земјава, и не значи дека одлуката во Србија ќе влијае на банката во Македонија. Уверуваат дека ја следат состојбата и постапуваат по закон. Народната банка ги следи и сите околности што можат да влијаат врз работењето на домашната банка, вклучително и ризиците што произлегуваат од нејзината сопственичка поврзаност. Во рамките на своите законски надлежности, Народната банка соодветно постапува и соработува со надлежните домашни и странски институции, со почитување на законските правила за доверливост на супервизорските информации.Народната банка апелира до јавноста да се потпира на официјални и проверени информации и да не донесува заклучоци врз основа на непотврдени тврдења и шпекулации. – стои во соопштението на Народна банка на Македонија. Инаку одземањето дозвола не значи автоматско губење на заштедата на клиентите.. Во Србија депозитите се осигурани до 50 илјади евра по лице, без оглед на бројот на сметки, а сите кои имаат поголеми депозити ќе чекаат побарување во стечајна постапка. Од Алта банка Србија утрово соопштија дека експозитурите им се затворени, но исплати ќе има од поледелник. Агенцијата за осигурување депозити пак соопшти дека исплатата ќе почне најдоцна седум дена откако ќе биде донесено судско решение за стечај. Во меѓувреме четворицата вицегувернери на српската Народна банка бараат темелна истрага од обвинителството за одземањето на лиценцата на Алта Банка. Сопственикот на српската Алта банка Давор Мацура, како што пишуваат српските медиуми, има голем број компании, маркети, хотели, но и фирми од градежништо и финасии и во регионот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook