3ЦУК: Зачаденоста на Градот е од ветерот кој го носи чадот од актуелниот пожар во Китка, Студеничани и Зелениково
СветВадефул: Кина има клучно влијание врз Москва за мир во Украина Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул денеска ја повика Кина да го искористи своето значително влијание врз Москва во текот на консултациите за прекин на огнот во Украина, во пресрет на неговата прва официјална посета на Пекинг.- Ниту една друга држава нема толку големо влијание врз Русија како Кина и не може толку ефективно да го искористи своето политичко тежиште за конечно да ја убеди Русија да пристапи кон сериозни преговори за почитување на украинскиот суверенитет, изјави Вадефул од берлинскиот аеродром, непосредно пред поаѓањето за Кина. Тој нагласи дека за Германија е од интерес „Кина да придонесе за постигнување праведен и долготраен мир во Украина“. Западот ја обвинува Кина дека ја поддржува руската воена машинерија, иако Пекинг тврди дека е неутрален, посочува германската новинска агенција ДПА. Вадефул истакна дека ангажманот со Кина е неопходен во услови на зголемени меѓународни тензии и дека слободата, безбедноста и економскиот просперитет се тесно поврзани со односите со Пекинг. - Тоа значи дека водењето на овој дијалог е во наш интерес – преку директна и фер размена, рече тој. За време на посетата, министерот ќе ги отвори и прашањата околу ограничувањата што Пекинг ги воведе за извозот на ретки земни елементи, критични за голем дел од германската индустрија. Во Кина, Вадефул ќе биде примен од потпретседателот Хан Женг и ќе одржи разговори со министерот за надворешни работи Ванг Ји и со министерот за трговија Ванг Вентао. Исто така, ќе се сретне и со Лиу Хајсинг, министер во меѓународниот оддел на Централниот комитет на Комунистичката партија. Шефот на германската дипломатија ќе ги отвори и темите за ситуацијата на Блискиот Исток, како и загриженоста околу Јужното Кинеско Море и Тајванскиот Теснец. Тој истакна дека промената на статусот на Тајван може да се случи единствено по пат на договор и мирни средства. Вадефул додаде дека Кина, како постојана членка на Советот за безбедност на ОН, има одговорност за мирот, стабилноста и почитувањето на Повелбата на ОН. Тој требаше да ја посети Кина кон крајот на октомври како прв министер од новата влада на канцеларот Фридрих Мерц, но ја одложи посетата бидејќи не доби потврда за средби со клучни кинески лидери. Прв, од актуелното германско раководство, што ја посети Кина беше вицеканцеларот и министер за финансии Ларс Клингбајл, во средината на ноември. Мерц планира да патува во Пекинг на почетокот на следната година. Тагови: Вадефул Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОд 26 август почнува пријавувањето за субвенциониран студентски оброкМинистерството за образование и наука информира дека од 26 до 31 август трае рокот за аплицирањето за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2026/2027 година.На повикот треба да се пријават сите студенти - како бруцоши, така и студенти од повисоките години, за да го остварат правото на субвенциониран студентски оброк од 1 октомври годинава. Аплицирањето се спроведува електронски преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, а на повикот можат да се пријават сите редовни студенти запишани на прв циклус, односно втор циклус на студии, како и на интегрирани студии на јавните и приватните универзитети во државата.. Апликантите треба да се државјани на македонија и да немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната нето-плата во тековната година. Финансиската поддршка во износ од 140 денари е наменета за купување храна, а студентот може да ја користи од понеделник до сабота, кај правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна. Паричниот надомест не е предвидено да се исплаќа во периодот на летниот распуст од 1 јули до 1 октомври., посочуваат од мон..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинистерот Клековски ги посети Клиниката за инфективни болести и Институтот за јавно здравјеМинистерот за здравство, Сашо Клековски, денес ги посети Клиниката за инфективни болести и Институтот за јавно здравје, каде се сретна со медицинскиот персонал вклучен во справувањето со епидемијата од западнонилска треска.- Системот е подготвен и здравствените работници ја имаат нашата целосна поддршка во справувањето со западнонилската треска како јавноздравствен предизвик. При денешната посета на овие установи направив увид во капацитетите со кои располагаат од аспект на капацитети за хоспитализација, кадровска опременост, како и лабораториските реагенси за испитување. Досега се потврдени вкупно 44 случаи со западнонилска треска, од кои 43 се хоспитализирани, а поголем дел од нив се со невроинвазивна форма на болеста, посочи министерот Клековски. Тој упати апел до граѓаните - доколку забележат симптоми како: висока температура, вкочанет врат, дезориентација, слабост или грчеви — веднаш да се јават кај својот матичен лекар. Инаку, од почетокот на епидемијата досега 21 пациент е отпуштен од болница и упатен на домашно лекување, уште четворица пациенти денес се отпуштаат, а вкупно пет лица се починати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалВидео: Бебе истрча на терен и прекина натпревар во американската МЛСВо 21-то коло од сезоната во МЛС, „Минесота јунајтед“ оствари убедлива победа од 5–1 на гостински терен против „Сан Хозе“, но високиот резултат не беше она за што најмногу се зборуваше по натпреварот. Вниманието го привлече еден необичен прекин во првата минута од судиското надополнување, кога едно мало дете – на возраст од околу една година – залута на теренот. Судијата Џаир Маруфо ја прекина играта, иако телевизискиот пренос првично не ја откри причината за тоа. Коментаторката Киндра потоа ја разјасни ситуацијата со едноставна изјава: „На теренот има бебе“. Кратко потоа, камерите прикажаа како еден од редарите го изнесува детето од теренот. Редарите веднаш им го вратија детето на родителите, а идентитетот на семејството не беше откриен. baby > raccoon https://t.co/iDdwfmMcO8 pic.twitter.com/B6l2gc3e22 — Minnesota United FC (@MNUFC) August 23, 2026 „Минесота јунајтед“ исто така ја коментираше ситуацијата; покрај објавата за резултатот од натпреварот на социјалните мрежи, клубот духовито забележа: „Како да му земеш бонбона на бебе“. По победата, се огласи и тренерот на „Минесота“, Камерон Ноулс. „Слушнавме врева, па погледнавме да видиме што се случува. Можеби е малку рано за доживотна забрана за влез на стадионот“, се пошегува Ноулс.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter