Вадефул: Без напредок кон ЕУ, Западен Балкан ризикува нови поделби и паѓање под влијание на Русија и Кина - Канал 5

Вадефул: Без напредок кон ЕУ, Западен Балкан ризикува нови поделби и паѓање под влијание на Русија и Кина

Западен Балкан е дел од европското семејство. Затоа за нас е јасно: патот кон ЕУ ќе го поминеме заедно со шесте земји од регионот.

Вадефул: Без напредок кон ЕУ, Западен Балкан ризикува нови поделби и паѓање под влијание на Русија и Кина

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека Западен Балкан е дел од европското семејство, но дека во регионот расте недовербата дека во блиска иднина ќе стане дел од Европската Унија, што, како што предупреди, носи опасност од „враќање во старите времиња на непријателства и зголеменото влијание на Русија и Кина“.

– Западен Балкан е дел од европското семејство. Затоа за нас е јасно: патот кон ЕУ ќе го поминеме заедно со шесте земји од регионот – изјави Вадефул во пресрет на министерскиот состанок за Западен Балкан во замокот Хилсборо кај Белфаст, соопшти германското Министерство за надворешни работи.

На состанокот, покрај министрите за надворешни работи на шесте земји од Западен Балкан, учествуваат и министри или високи претставници од Германија, Франција, Италија, Австрија, Словенија, Грција, Бугарија и други држави.

Дводневниот министерски состанок се одржува во рамки на Берлинскиот процес и има за цел да го подготви самитот на лидерите од Западен Балкан што ќе се одржи во Лондон на 22 октомври. Настанот започна синоќа со прием што го организираше британската министерка за надворешни работи Ивет Купер.

Вадефул оцени дека токму Берлинскиот процес е „катализатор во процесот на приближување на државите од Западен Балкан кон Европската Унија“ и дека оваа негова улога „денес е поважна од кога било“.

– Луѓето почнуваат да ја губат довербата во можноста за скоро членство во ЕУ. Тоа не смееме да си го дозволиме, бидејќи тогаш се заканува враќање во времиња на непријателства и засилено влијание на Русија и Кина, рече Вадефул.

Тој нагласи дека улогата на Берлинскиот процес е и да ја поттикне секојдневната соработка и да донесе видливи подобрувања во животите на граѓаните – преку прекугранични младински иницијативи, слобода на движење или заемно признавање на дипломи.

– Се разбира, на патот на помирување остануваат уште многу чекори. Токму затоа местото што нашите британски пријатели го избраа за овој состанок има посебна симболика – Белфаст потсетува дека по децении поделби, помирувањето е можно, изјави германскиот министер.

Тој додаде дека тоа не се постигнува „преку ноќ, туку со трпение, политичка волја и, пред сè, со храброст на многу луѓе да тргнат едни кон други дури и во тешки времиња“.

Состанокот се одржува симболично во замокот Хилсборо, каде што во 1998 година владите на Обединетото Кралство и Република Ирска го потпишаа Договорот од Белфаст, познат и како Договорот на Велики петок, со кој во голема мера беше ставен крај на северноирскиот конфликт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов бран насилни судири во Тирана – над 150 повредени, најмалку 160 приведени во изминатите денови

Нов бран насилни судири меѓу полицијата и демонстрантите избија синоќа во Тирана, четврти ден во Албанија. 

Нов бран насилни судири во Тирана – над 150 повредени, најмалку 160 приведени во изминатите денови

Полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите, кои фрлаа камења и блокираа улици со запалени контејнери за отпад. Според извештаите, судирите продолжиле до доцна во ноќта во неколку делови од главниот град. Демонстрантите бараат оставка од премиерот Еди Рама, кој е на власт 13 години, а истовремено го изразуваат незадоволството од условите за студирање и висината на школарините на универзитетите. Албанскиот министер за внатрешни работи Ервин Дема соопшти дека во изминатите денови биле повредени 156 лица, од кои 97 полицајци. Албанскиот премиер Еди Рама ги обвини неодредени странски сили дека стојат зад немирите и дека се обидуваат да го попречат патот на земјата кон членство во Европската Унија, отфрлајќи ги тврдењата дека протестите се резултат на реалните проблеми и незадоволството на граѓаните.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделник

Откако вчера пациентки останаа без потребната терапијата „Фесго“, од Клиниката за радиотерапија и онкологија велат дека лекот очекуваат да биде обезбеден кон почетокот на следнава недела.

Клиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделник

Терапијата „Фесго“ во петокот беше недостапна поради ненавремена испорака од дистрибутерот, од кого добивме уверување дека испораката ќе биде реализирана во понеделник, велат од Клиниката за онкологија за Канал 5.

Од таму, информираат и дека од иста причина во моментов има застој и во снабдувањето со Госерелин, но дека добиле уверување оддистрибутерот дека ќе биде обезбеден во текот на следната недела. Вчера од Клиниката упатија извинување до сите засегнати пациентки, признавајќи дека ситуацијата предизвикала загриженост, неизвесност и непријатности. Не е познато колку пациентки се погодени од одложувањето на терапијата „Фесго“, која се користи во третманот на одредени форми на карцином на дојка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп го замрзна спроведувањето на новите санкциите кон Русија: Тоа е во национален интерес на САД

Претседателот на САД Трамп со извршна наредба  ги суспендираше  дополнителните царини од 100 насто за најголемите купувачи на руска нафта и гас, како и царините од 500 % за стоки од Русија.

Трамп го замрзна спроведувањето на новите санкциите кон Русија: Тоа е во национален интерес на САД

Важен историски момент -вака беше оценката од официјална Москва откако Трамп на само два дена пред стапувањето на сила ги замрзна санкциите односно го суспендираше спроведувањето на новите санкции против Русија, вклучително и високите царини за земјите што купуваат руска нафта и гас. Одлуката е донесена по договорот кој го имаа Трамп и Путин, стотици илјади руски дизел да биде досатпен на САД и светскиот пазар односно првично во најкус можен рок да има околу 300 илјади тони.

Претседателот на САД Трамп со извршна наредба ги суспендираше дополнителните царини од 100 насто за најголемите купувачи на руска нафта и гас, како и царините од 500 % за стоки од Русија.

„Му доставив на Конгресот потврда дека ваквото изземање во овој момент е во национален интерес на Соединетите Американски Држави“, Трамп

Украинскиот претседател Зеленски изјави дека Русијаа не е заинтересирна за мировни преговори и го критикуваше договорот за извоз на руски дизел со оценка дека ова само ќе ги наполни џебовите на Путин за финансирање на војната проитв Украина. Зеленски запрашан дали американскиот претседател Доналд Трамп, го користи како „жртвено јагне“ за своите проблеми, неговиот одмор ги насмеа присутните новинари.

-Ова е мојот одговор

Францускиот претседател Макрон за постапката на Трамп рече дека само се поткопува довербата и дека Европа нема да ја напушти поддршката кон Украина

-Со ова се ипраќа негативна порака и се предизвикува недоверба. Затоа мислам дека не е корисно што ќе се трудам да го објаснам дека треба да се работи на корисни мерки за да се намалат цените на горивата.- Володимир Зеленски

Европската Унија подготвува пакет санкции против Русија, со порака дека економскиот притисок врз Москва. А дека Путин не ја запир авојната покажува и најновиот напад каде најмалку осум лица загинаа а 60 се повредени во руските напади врз повеќе делови на Украина во петокот. Погодени се и два трговски центри, додека нападите врз енергетската инфраструктура предизвикаа прекини во снабдувањето со електрична енергија за повеќе од еден милион луѓе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер