В среда на иста маса повторно седнуваат синдикатите, работодавачите и владините претставници - Канал 5

В среда на иста маса повторно седнуваат синдикатите, работодавачите и владините претставници

Откако ССМ и КСС ги добија решенијата за репрезенатитвност, в среда на иста маса повторно ќе седнат синдикатите, работодавачите и владините преставници.

В среда на иста маса повторно седнуваат синдикатите, работодавачите и владините претставници

Зголемување на платите, мерки против растот на цените, владината потрошувачка кошничка и најавата за 5 нови други – се само дел од темите кои се очкеува да бидат отворени на седницата на Еконосмко социјалниот совет по повеќе месечната пауза.

Првиот човек на ССМ, Трендафилов за Канал 5 вели, иако засега немаат дневен ред, тие како синдикат ќе бараат прва точка за дискусија да биде растот на минималецот.

„Веќе за во среда е закажана седница на ЕСС очекуваме да добиеме покана со дневниот ред но во секој случај ќе бараме првата точка да биде раст на минималната плата, и на сите останати имајќи предвид и вредноста на минимланата синдикална кошница и податоците што 55,7 од работниците не можат да си дозволат ниту годишен одмор, неминовен е растот на платите...“ - Слободан Трендалифов – претседател на ССМ .

Дека е неопходен раст на платите, според Трендафилов, покажува и минималната синдикална кошничка, која за месец јули достигна над 65 илјади денари, а во последните три месеци само во делот на храна и пијалаци е зголемена за над 2 000 денари. Вели животот станува се поскап, неопходни се мерки за да се спречи дополнителен раст на цените.

„Во континуитет укажуваме дека не треба да има прекин од една или друга мерка, имајќи предвид дека трговците го користат тој вакум период и неоправдано ги зголемуваат цените... По завршување на мерките цените двојно растат.... Мерки беа потребни вчера затоа што утре ќе биде доцна тоа што го гледаме во супермаркетите е дека цените постојано од ден во ден растат, животот станува за поскап, и платите мора да растат....“ - Слободан Трендалифов – претседател на ССМ .

По минато неделната изјава на министерот Дурмиши дека засега не се планираат нови мерки, премеирот Мицкоски денеска вели погрешно бил разбран и дека во моментов нема затоа што трае анализата за базичната инфлација. Според премеирот таа е во завршна фаза, се разговара со експерти, и вели имаат индикатори зошто цените растат и многу скоро ќе има вели конкретни чекори, а на таа тема ќе се разговара и во рамки на ЕСС.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

60-годишен скопјанец ја раскажа двенеделната сага со западнонилската треска по каснување од комарец

60 годишен маж од скопско Кадино, ја раскажа две неделната сага преживеана со нилската треска.

60-годишен скопјанец ја раскажа двенеделната сага со западнонилската треска по каснување од комарец

Маката започнала три дена по големото невреме во јули во Скопје. Тој расчистувал паданти дрва, кровови и верува дека тогаш бил каснат од комарец. Почнало со треска и силна главоболка, чувство на нервоза и страв, по два дена лекување дома одма отишол на инфективната клиника.

Десет дена се лекувал во болница, но излегувањето од болница значи надминување на треската, но не и на уморот. Бара редовни контроли и одмор.

Во инфективната клиника има шест пациенти, двајца се критични. Нови приеми нема. Диреркторот на клиниката Фадил Цана во вести плус на канал 5 посочи дека за да се спречат потешки последици е едукација на населението за зашитата но и навремено прскање на каналите и нивно чистење.

60 годишниот скопјанец објасни дека последен пати на клиниката бил пациент со ковид, но овој пат вирусот на нилска треска бил многу потежок. Тој со апел заштита со средства против комарци, но општините да ги одржуваат водните површини и редовно да прскаат.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта

За 35 лица е намален бројот на загинати во сообраќајни несреќи во првите осум месеци годинава, споредено со истиот период лани.

По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта

Од 96 жртви во 2025, бројот годинава е намален на 61. Бројките ги сподели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски при денешниот старт на „Безбеден град“ во Велес. Тој посочи дека намалувањето на бројот на жртви е резултат на повеќе фактори, меѓу кои и зголемената контрола и санкционирањето на сообраќајните прекршоци.

Со пуштањето во функција во Велес, системот го опфаќа целото подрачје на СВР Велес – Велес, Кавадарци, Неготино и Демир Капија. Само за ден и пол системот во Велес веќе регистрирал 151 сообраќаен прекршок. Од нив, 124 се регистрирани во саботата, а уште 27 денеска до пладне. Најголем дел се за прекумерна брзина, додека три до четири прекршоци се за минување на црвено светло.

-Вчера (сабота) регистрирани се 124 казни, а денес до пладне 27 казни, односно за ден и пол вкупно 151. Ова е многу помалку во споредба со бројките што ги имавме во некои претходни периоди. Велес доби и команден центар за овој систем, сместен во поранешните простории на Министерството за одбрана, кои се целосно реконструирани. Тој го покрива подрачјето на СВР Велес, односно градовите Велес, Кавадарци, Неготино и Демир Капија. Најголем дел од овие 151 казна се за брзо возење, а само три-четири се за минување на црвено светло на семафор. – Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи

Но, црниот биланс на патиштата и натаму е присутен. Само во изминатите два дена во две тешки сообраќајки загинаа три лица – двајца кај Илинден, меѓу кои татко и неговиот 17-годишен син, и 21-годишен млад фудбалер во несреќата на патот Гостивар–Стража. Во двете несреќи има и повеќе повредени. Во сообраќајката кај Илинден повредени беа две лица, едното повредено 17 годишно момче е во кома, а 17 годишната девојка е тргната од респиратор, велат од Ургентен.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Ќе се намалува ДДВ-то за дизел горивата

На владина седница денеска ќе се донесе мерка за намалување на ДДВ за дизел горивото од 18 на 10 проценти – информира премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски: Ќе се намалува ДДВ-то за дизел горивата

Во продолжение погледнете ја целосната изјава.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер