В сабота речиси цело Скопје ќе биде без вода – од „Водовод“ без детали колку време ќе трае - Канал 5

В сабота речиси цело Скопје ќе биде без вода – од „Водовод“ без детали колку време ќе трае

Голем дел од Скопје в сабота ќе остане без вода, откако ЈП Водовод и канализација најави затворање на главниот градски цевковод, лоциран во кругот на касарната во Ѓорче Петров поради санација на дефекти.

В сабота речиси цело Скопје ќе биде без вода – од „Водовод“ без детали колку време ќе трае

Засега, не е познато дали водата ќе секне на целата територија на Скопје, како што пишуваат дел од медиумите, или во одредени скопските општини, ниту колку долго ќе трае интервенцијата.

Иако побаравме објаснување од ЈП Водовод и канализација за санацијата која е најавена за 21 декември, сепак од претпријатието не сакаа да споделат дополнителни детали за решавањето на овој проблем.

Најавената санацијата следи 10 дена по големиот дефект, на улицата Никола Парапунов во Карпош 4, каде континуирано се излеваат огромни количини питка вода.

Од претпријатието преку социјалните мрежи соопштија дека долго време немало запирање на главниот цефковод и поради тоа побараа разбирање и трпение од граѓаните.

-Системска промена на пет децении стари затворачи и рехабилитација на хидротехничката опрема е потребна со цел зголемување на трајноста на водоводната мрежа и подобрување на нивото на притисок во водоводната мрежа.Почеток за реализација на оперативниот план и затворање на вода во главниот градски цевковод Ф1600 е планирано да отпочне од 21.12.2024 година, а ќе трае до завршување на интервенцијата. – ЈП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА.

Според претпријатието, со овој зафат покрај тоа што ќе се изврши санација на дефектите, ќе се лимитира загубата на вода во иднина.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италија ги забрани бурките и никабите во училиштата и воведува ограничувања за странските студенти

Италијанската влада донесе уредба со која се забранува носење бурки и никаби во училиштата и се ограничува бројот на ученици со слабо познавање на италијанскиот јазик во поединечни паралелки.

Италија ги забрани бурките и никабите во училиштата и воведува ограничувања за странските студенти

Премиерката Џорџа Мелони ги опиша новите мерки како „разумни алатки што не создаваат поделби, туку всушност помагаат во интеграцијата“.

Во видео објавено на Инстаграм, Мелони ја образложи одлуката. „Прво, забраната за бурки и никаби во училиштата. Да бидеме јасни, не станува збор за марама за глава, туку за облека што го покрива лицето. Во училиште се оди со откриено лице. Никој во Италија, во име на каква било вистинска или наводна традиција, не смее да има право да принудува девојче да се крие“, изјави премиерката.

Забраната се однесува исклучиво на бурка – превез од едно парче што го покрива целото тело и лицето, често со мрежа преку очите – и на никаб, превез што го покрива лицето, но остава отвор за очите. Носењето хиџаб – марама што ја покрива косата, но го остава лицето видливо – и понатаму е дозволено.

Министерот за образование Џузепе Валдитара нагласи дека забраната за никаб и бурка е прашање на родова еднаквост.

Премиерката Мелони додаде дека станува збор и за безбедносно прашање. „Всушност, такви правила постојат во разни европски земји, а ќе ви кажам и повеќе – дури и некои земји со мнозинско муслиманско население ги имаат“, рече таа, како што пренесе Би-би-си.

Уредбата исто така воведува ограничување од 30 проценти за бројот на деца кои немаат италијанско државјанство или имаат слабо познавање на италијанскиот јазик во паралелките од прва година во основните и средните училишта.

Целта, според Мелони, е „да им се даде на овие деца вистинска можност за интеграција“ и да се избегне создавањето на „гето-паралелки“, објасни министерот Валдитара.

Според податоците на истражувачката фондација ISMU, странските државјани сочинуваат 11,6 проценти од учениците во италијанските училишта. Ограничувањето ќе се применува различно во зависност од нивото на образование. Во основните училишта, тоа ќе се однесува на странски државјани кои не се родени во Италија или не посетувале италијанска градинка најмалку две години. Во средните училишта, правилото важи за ученици без италијанско државјанство кои немаат завршено најмалку три години школување во рамките на италијанскиот систем.

Локалните училишни власти ќе имаат обврска порамномерно да ги распоредуваат учениците со слабо познавање на јазикот меѓу блиските училишта. Таму каде што тоа не е можно, ќе се прават исклучоци, но ќе биде задолжителна дополнителна настава по италијански јазик.

Според нацрт-законот за кој известува новинската агенција ANSA, училиштата ќе бидат должни да ги пријавуваат до социјалните служби случаите во кои јазичните бариери на родителите ја попречуваат интеграцијата на детето. На родителите кои не можат да комуницираат со училиштето поради недоволно познавање на јазикот, ќе им бидат понудени бесплатни курсеви по италијански јазик до ниво А2.

Предвидени се санкции за оние што ќе изостануваат од наставата без оправдана причина откако претходно добиле предупредување.

Мерката беше усвоена како уредба со законска сила, што значи дека стапува на сила веднаш, иако Парламентот мора да ја ратификува во рок од 60 дена. Забраната за покривање на лицето во училиштата ќе се применува почнувајќи од учебната 2026/2027 година, додека ограничувањето на бројот на странски студенти ќе стапи на сила од учебната 2027/2028 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Премиерот Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

Премиерот Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН

Според објавената агенда, тој ќе зборува деветти по ред за време на утринската сесија која почнува во 15 часот по македонско време.

Паралелно македонската делегација предводена од него, ја продолжува посетата со низа билатерални средби со европски и регионални претставници.

Премиерот вчера остварил средба со српскиот претседател Александар Вучиќ: На средбата разговаравме за актуелните состојби во регионот, значењето на добрососедските односи, унапредувањето на соработката и заедничките интереси кои придонесуваат за стабилност, развој и просперитет на нашите народи - објави премиерот Мицкоски на фејсбук.

Тој во објавата наведува дека продолжуваат со отворен дијалог и конструктивна соработка во насока на јакнење на регионалното поврзување и европската перспектива на Западен Балкан. Мицкоски вчера присуствуваше и на одбележувањето на 25-годишнината од терористичките напади врз Њујорк на 11 септември 2001 година..

Одбележувањето го предводеше генералниот секретар на НАТО Марк Руте, а присуствуваа претставници на земјите сојузнички на САД, кои по нападите се повикаа и на членот на заедничка одбрана на нато членките, во знак на солидарност со САД..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Облачно и постудено со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде облачно и постудено, со повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат во текот на ноќта и утре претпладне. Наместа се очекуваат пообилни врнежи, со над 30 литри дожд на квадратен метар.

Облачно и постудено со повремени врнежи од дожд

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринските температури ќе се движат од 4 до 13 степени, додека дневните ќе достигнат од 11 до 23 степени.

УХМР

Во Скопје ќе преовладува облачно и постудено време. Попладне, како и во текот на ноќта, се очекуваат повремени врнежи од дожд. Во делови од Скопската Котлина врнежите ќе бидат со умерен до повремено засилен интензитет.

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринската температура ќе достигне до 9 степени, а дневната до 18 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

УХМР ги измери температурите во осум часот во градовите низ Македонија.

Утринава, 25.09.2026, најстудено е во Берово каде се измерени 5 степпени во 8 часот, по што следи Попова Шапка со 6 степени.

Виница и Зајчев Рид со по 11 степени се најтоплите места утрово во Македонија.

Во Скопје во 8 часот утрово УХМР измери 8 степени Целзиусови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер