В недела избори во Бугарија, анкетите покажуваат убедливо водство на движењето на Румен Радев - Канал 5

В недела избори во Бугарија, анкетите покажуваат убедливо водство на движењето на Румен Радев

Неколку дена пред изборите во Бугарија, анкетите покажуваат убедливо водство на коалицијата „Прогресивна Бугарија“ предводена од поранешниот претседател Румен Радев.

В недела избори во Бугарија, анкетите покажуваат убедливо водство на движењето на Румен Радев

Според истражувањето на агенцијата „Маркет линкс“ Радев со 30,8 проценти има убедлива предност пред ГЕРБ на Бојко Борисов со 18 проценти, по што следуваат коалицијата Продолжуваме со промената која има 11,2 проценти, ДПС – нов почеток со 6,5% и Преродба на про-рускиот Костадин Костадинов која со 4,2% е на самиот праг за влез во парламентот.

Податоците покажуват дека само пет политички партии ќе бидат дел од новиот парламентарен состав, а на движењето на Радев кое би освоило 109 мандати, за да формира влада ќе му биде потребен коалициски партнер, односно уште 10-ина пратеници. Во предвечерјето на изборите в недела, лидерите на двете најголеми политички партии не штедеа зборови за меѓусебни критики и обвинувања.

-Да, сега го критикуваат Виктор Орбан, но тој покажа едно нешто, покажа како треба да се соочите со политички пораз. Сега кога на 19 април ќе им ја покажеме излезната врата на партите од статус кво-то ќе видиме дали Пеевски, Борисов, Асен Василев, Денков ќе можат да се соочат со политичкиот пораз достоинствено или ќе коленичат пак во Брисел,- Румен Радев – Претседател на „Про.

-Радев е 10 години шеф на државата, тој бил новото? Шефот на државата бил новото. Јас шест години не сум ништо освен пратеник, сум бил старото, а тој бил новиот заедно олигарсите,- Бојко Борисов – Претседател на ГЕРБ.

Радев во меѓувреме, во неколку наврати категорично посочи дека нема намера да коалицира со ГЕРБ на Борисов и партијата ДПС на Дељан Пеевски, со што му остануваат само Продолжуваме со промената и Преродба како можни соработници за формирањe на влада. Бриселското издание на магазинот Политико во меѓувреме, по падот на Виктор Орбан во Унгарија го означи Радев како еден од можните нови фактори на разединување во Унијата. Предвремените парламентарни избори во недела се осми во низа за пет години, а доаѓаат откако последната политичка влада во Бугарија падна по бранот антивладини протести.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Тошковски го штити кумашинот Јанушев

Скандалот со митото на возачот на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, отвора многу посериозни прашања за неговата инволвираност.

СДСМ: Тошковски го штити кумашинот Јанушев

Според јавно објавените информации, биле побарани 1.500 евра мито за да се „заврши“ вработување како пожарникар, а акцијата била спроведена при предавање на 500 евра.

Зошто истрагата застанала тука?

Зошто не било дозволено парите да го продолжат патот за да се утврди кој навистина стои зад ова и кој навистина го „завршил“ вработувањето?

Возач не може сам да вработи пожарникар, ниту да влијае на конкурс, избор на кандидат или на одлука за вработување.

Но Јанушев, како генерален секретар на Владата, како член на ИК на ВМРО, има.

Дали Панче Тошковски го спаси својот кумашин Јанушев?

Со прекинување на акцијата е спречен нејзиниот понатамошен развој.

Ова е причина плус Јавното обвинителство да одговори зошто акцијата е прекината пред да се утврди целиот тек на парите и сите можни учесници.

И во случајот со ИПАРД, кога беше уапсен директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, јавноста не доби целосен одговор каде водела трагата на парите и дали истрагата стигнала до сите можни учесници.

Сега повторно имаме случај во кој се апси човек што е непосредно фатен, но останува неодговорено најважното прашање – кој стои над него?

Откако Савески се врати од екскурзија и седна до Мицкоски, СДСМ бара да отвори истрага за случајот со возачот на Јанушев, која ќе се прошири и на Јанушев.

Граѓаните заслужуваат одговори. Одговорност мора да има.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кичевец управувал возило за време на активна забрана, предизвикал сообраќајна незгода и одбил да му биде извршен алкотест

Тој, со возилото „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, на кружен тек на ул.„Борис Кидрич“ удрил во бетонски рабник и излетал од патот. 

Кичевец управувал возило за време на активна забрана, предизвикал сообраќајна незгода и одбил да му биде извршен алкотест

На 09.09.2026 во 03:10 часот на магистрален пат Охрид - Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Д.С.(32) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Тој, со возилото „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, на кружен тек на ул.„Борис Кидрич“ удрил во бетонски рабник и излетал од патот. При преземање мерки во врска со незгодата било констатирано дека го управувал возилото за време на активна забрана за управување со моторно возило од Б категорија. Тој одбил да му биде извршен алкотест, а по наредба на јавен обвинител возилото е одземено.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Татра направи вистински ѕвер за војската: Овој камион има 19-литарски V12 мотор

„Force 8x8“ може да има максимална бруто тежина до 44 тони, додека носивоста е дури 25,5 тони.

Татра направи вистински ѕвер за војската: Овој камион има 19-литарски V12 мотор

Чешкиот специјализиран производител на возила Татра ја претставува новата генерација на моделот „Force“ во воената конфигурација 8x8 на саемот „MSPO“ во полскиот град Киелце.

Ова е тежок тактички и логистички камион со рамна платформа и целосно нова продолжена кабина за до шест члена на екипажот. Кабината има 4 врати, подобрени безбедносни системи и дигитализирана контролна табла.

Погонскиот склоп привлекува најголемо внимание. Камионот користи нов електронски контролиран, воздушно ладен мотор Татра „T3D-930 V12“ со работна зафатнина од дури 19 литри. Развива 450 kW, или околу 612 КС, и е поврзан со автоматски менувач од „Allison“.

„Force 8x8“ може да има максимална бруто тежина до 44 тони, додека носивоста е дури 25,5 тони.

Новиот модел е наменет за тешки воени и логистички задачи, каде што големата носивост и можноста за движење по тежок терен се од клучно значење, пишува Ревија ХАК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер