ЗабаваВ недела 43-то искачување на Титов врв-дел од 100 год. јубилеј на планинарскиот клуб ЉуботенПланинарски клуб „Љуботен“ од Тетово одржа прес-конференција со цел да се најави најновото издание на 43-тото по ред традиционално искачување до највисоката точка на Шар Планина, Титов Врв на 2747 метри надморска височина во недела 25 мај .Планинарски клуб „Љуботен“ од Тетово одржа прес-конференција со цел да се најави најновото издание на 43-тото по ред традиционално искачување до највисоката точка на Шар Планина, Титов Врв на 2747 метри надморска височина во недела 25 мај 2025 година. Оваа планинарска тура годинава е во рамки на одбележувањето на 100 години од постоењето на клубот и настанот е од големо значење за клубот. - Покровител на јубилејот 100 години ПК Љуботен е Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова. Големата и богата традиција, клубот го обврзува за понатамошни успеси и се поголеми проекти на полето на планинарството, планинскиот туризам, животната средина и едукацијата. Во календарот на активностите за 2025 година имаме зацртано повеќе планинарски настани и проекти. Најзначајни се меѓународните настани кои години наназад се организираат на Шара. Најголем и најзначаен настан е традиционалното искачување на највисокиот врв на Шар Планина, Титов Врв со височина од 2,747 метри. Ги поканувам сите вљубеници во природата да се приклучат на овој настан, а со тоа да направат нешто добро за сопственото здравје, сопствениот дух и развој и секако нешто добро за Шарскиот регион и природата, истакна претседателот Јован Божиновски. Со цел да се одржи високо ниво на безбедност и организираност, согласно препораките на Федерацијата на Планинарски Спортови, клубот ги повикува заинтересираните задолжително да се пријават. Го потенцираат новитетот, online форма за пријавување: https://linktr.ee/pkljuboten?utm_source=linktree_profile_share<sid=37c25d99-5937-478b-87c4-a6c2188df34f каде може да се најдат формуларите/изјавите за 43-то традиционално искачување „Титов Врв 2025“. Со пријавувањето, друштвата/клубовите, организирани здруженија и поединците ќе се стекнат со статус – учесник во организирана активност. Програмата предвидува два дена активности. На 24 мај сабота од 14 часот ќе има акција за чистење на Попова Шапка, додека од 15 часот ќе има отворен базар со штандови, а во 19 часот свечено отворање на настанот во хотелот „Арена Тетекс“ – Попова Шапка. За во 19:30 часот е закажан состанок со координаторите на групите на кој ќе бидат детално објаснети условите за искачувањето и доделување на дипломите за учество - Искачувањето кон Титов врв почнува во недела 25 мај од 06:30 часот со тргнување на колоната од платото пред хотел „Попова Шапка“ кон Титов Врв по „Вакуфска Патека“. До 11 часот е предвидено пристигнување на колоната на Титов Врв, а на пладне враќање назад. Очекувано пристигнување на Попова Шапка е во 16:00 часот, каде планинарите ќе бидат пречекани со планински чај, забава со диџеј и отворени штандови со локални производи, истакна Христина Коруновска. Во текот на целиот ден во „Арена Тетекс“ – Попова Шапка ќе бидат поставени две изложби на фотографии од архивата на ПК „Љуботен“, по повод 100 години постоење на клубот како и цртежи изработени од дечиња од едукативен центар. Искачувањето на Титов врв почнува во 1980 година кога се организира првото тогаш меморијално искачување, а потоа се одржува во календарот на сите планинарски друштва во тогашна Југославија. Во текот на изминатите 42 искачувања на Титов Врв над 27 000 планинари стигнале до највисокиот шарпланински врв.Тагови: Планинарскиот клуб „Љуботен“ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
ЕвропаДемонстрации и во Швајцарија-барикади, судири со полиција..Синоќа, во Цирих и Базел, Швајцарија избија немири за време на неодобрени демонстрации, при што демонстрантите палеле барикади и се судириле со полицијата. Во Цирих, неколку стотици луѓе се собрале во близина на улицата Лангштрасе и плоштадот Хелветија. Според градската полиција, демонстрантите почнале да се собираат околу 22:30 часот, а некои од нив носеле маски за Ноќта на вештерките. Учесниците на неодобрениот протест направиле барикади од контејнери за ѓубре, електрични тротинети и други предмети, а потоа ги запалиле. Zurich: Clashes in the city. Under the slogan «We are fed up» and citing the unrest in Europe, mostly hooded individuals are rioting. Police deploy water cannons, tear gas, and rubber bullets to bring situation under control. #SchoolProtests #StudentProtests https://t.co/MvWXWUWfT6 — LIVE1 (@LIVE1TV) November 1, 2026 Според полициското соопштение, група насилни демонстранти ги нападнале полициските службеници со пиротехнички средства, камења и шишиња. Полицијата одговорила со употреба на водени топови, солзавец и гумени куршуми. Во споредните улици дошло до нови судири со полицијата. Оштетени биле прозорци и инвентар, вклучително и прозорците на станицата за јавен превоз „Штауфахер“ (Stauffacher), како и излозите во близина на плоштадот „Хелветија“ (Helvetia). На улицата „Цвинглиштрасе“ (Zwinglistrasse) бил запален автомобил. Нешто по полноќ, група демонстранти нападнала и полициска патрола, која била повикана да интервенира поради повредено лице. Полициското возило било оштетено, а полицајците морале да застанат на страна пред да успеат да му помогнат на повредениот тинејџер. Од полицијата изјавија дека интервенциите биле дополнително отежнати од бројни набљудувачи, од кои некои фотографирале пред луѓе што активирале пиротехнички средства или пред запалени барикади. Ситуацијата главно се смири околу 01:30 часот по полноќ. Висината на причинетата материјална штета сè уште не е утврдена.Тагови: демонстранти Швајцарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
БалканБугарија избира претседател: Илијана Јотова и Андреј Ѓуров во вториот круг Во Бугарија се одржуваат избори на кои граѓаните на земјата ќе го изберат својот седми претседател. Кандидати се Илијана Јотова, вршител на должноста претседател на Бугарија, и Андреј Ѓуров, поранешен привремен премиер и поранешен гувернер на Централната банка на Бугарија. Во првиот круг од изборите, одржан пред една недела, ниту еден од 27-те претседателски кандидати не ја обезбеди поддршката потребна за победа во првиот круг, пренесува БТА. Според Централната изборна комисија на Бугарија, право на глас имаат речиси 6,6 милиони граѓани, а 9.373 избирачки места ќе бидат отворени од 07:00 до 20:00 часот по локално време. Гласачите исто така ќе гласаат и за кандидати за потпретседател. Кандидат за потпретседател во тимот на Илијана Јотова е Кирил Влчев; тие ја уживаат поддршката на владејачката партија „Прогресивна Бугарија“ и на Социјалистичката партија. Кандидат за потпретседател во тимот на Андреј Ѓуров е Георги Кандев; тие се поддржани од прозападните опозициски сили. ЦИК ќе ги објави конечните резултати од претседателските и потпретседателските избори во рок од три дена по гласањето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаРусија гради огромен радар во Калининград, ќе може да ја следи речиси цела ЕвропаРусија е сè поблиску до активирање на своето „ново око“ над Европа. Според медиумските извештаи, изградбата на огромен радарски комплекс во Калининград – руска област со силно воено присуство – е речиси завршен, пишува „Дојче веле“. Гледано од воздух, трите крака на овој простран комплекс, од кои секој е долг повеќе од 500 метри, изгледаат како трага оставена од некоја вонземска форма на живот среде инаку недопрена шума. Објектот, исто така, би можел да се спореди со платформа за слетување или лансирање, наменета за широката разузнавачка мрежа на Москва. Безбедносниот аналитичар Вајдотас Малинионис вели дека радарот е толку голем што може да „гледа“ зад закривеноста на Земјата. Еден поранешен литвански командант изјави за „Дојче веле“ дека радарскиот систем за надзор преку хоризонтот (OTH), кој се гради во близина на Гвардејск, ќе има домет од околу 3.000 километри. Ова би ѝ овозможило на Москва да ја контролира речиси цела Европа, како и целата територија на Украина. Според извештаите, системот би ѝ овозможил на Русија да пресретнува сателитски комуникации и да го детектира движењето на летала и балистички ракети. „Целта и намената на овој радар е набљудување на цели на големи растојанија и можност за рано предупредување. Сè уште не знаеме дали тој е оперативно способен да ги извршува тие задачи, но секако е во фаза на изградба“, додаде тој. Според „Тајмс“, ICEYE смета дека проширувањето на рускиот систем за надзорни радари со дострел зад хоризонтот покажува оти Калининград се развива во центар за напредни воени сензори и системи за електронско војување. „Новиот радар укажува на засилување на конкуренцијата меѓу Русија и НАТО за воена надмоќ и контрола врз Калининградската област“, истакна летонскиот геополитички аналитичар Евија Џатковица.Тагови: русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter