Панова: Во Предлог буџетот за 2027 за судската власт средствата се зголемуваат за 15,3 проценти за разлика од годинава
2Панова: Во Предлог буџетот за 2027 за судската власт средствата се зголемуваат за 15,3 проценти за разлика од годинава
3Историски момент за „Војаџер 1“. Сонда е оддалечена еден светлосен ден од Земјата или 25,9 милијарди километри
ЖивотУжасот на гениталното сакатење на девојчињаУжасниот и болен ритуал потекнува од стариот Египет а до денеска се задржал во неколку африкански земји и во делови од Азија. Ова насилство се извршува врз девојчињата пред да наполнат 12 години, и тоа со согласност на нивнте мајки кои самите поминале низ страдањето на гениталното сакатење.Ова насилство подразбира дел од вагината кај девојчето да биде исечен а потоа повторно да се сошие. Постапката се прави во домашни услови, без анестезија, без стерилизирани инструменти и останува како траума до крајот на животот. - Боли целото тело. Толку викав што го изгубив гласот на неколку дена.Во моментот кога ќе исечат дел од вашите гениталии - вашата душа умира - вели Лејла Хусеин, жртва на генитално сакатење како 7 годишно дете во Сомалија, која денеска во Британија со сите сили се бори за искоренување на ова насилство над девојчињата во светот. Лејла живее во Лондон и пред неколку години спроведе експеримент - лажна анкета меѓу Британците дали се согласуваат со гениталното сакатење на девојчињата од Африка. На нејзин ужас, само 1 од 20 анкетирани изјавил дека не се согласува! - Тоа не е традиција, не е култура, престанете да го користите зборот култура. Тоа е насилство и им се случува на деца - изјавуваше тогаш Лејла. Се проценува дека над 120 милиони жени во светот поминале низ оваа тортура како деца. А за каква „традиција“ се работи, зошто се врши ова насилство врз девојчињата. - Не постојат зборови со кои може да се опише тој момент. Две жени ве држат за нозете, една за главата и за градите за да не мрдате - вели една од жртвите на нечуеното насилство кое опстојува со векови. Девојчињата кои нема да поминат низ ова мачење се сметаат за промискуитетни и валкани и тешко ќе се омажат. - Ако девојката не биде пресечена на време, ќе почне да брка мажи, и затоа важно е тоа да се направи пред 12 -тата година, за таа да не почувствува сексуална желба. Нашата традиција вели да ги пресечеме и да ги оставиме да крварат додека не се смират. Ако не го направиме тоа тие ќе размислуваат за задоволство цело време, нема да можат да се смират - вели жена од Кенија кога го врши осакатувањето и на која и носат девојчиња од сите делови на светот. Кампањите против гениталното осакатување на девојчињата во последните години даваат резултати. Во Кенија каде тоа често се извршувало, воведена е забрана за крвавиот ритуал. Но тоа не значи дека е искоренето - а додека не се искорени, борбата на Лејла и другите жртви на гениталното сакатење, мора да биде поддржана од сите жени во светот! Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЗеленски бара евакуација на повеќе цивили, предлага десет локации под окупацијаУкраинскиот претседател Володимир Зеленски предложи десет нови операции за хуманитарна евакуација во регионите Херсон и Запорожје.Неодамнешното примирје, кое им овозможи на стотици цивили да го напуштат Олешки – украински град под руска окупација – ќе послужи како модел за овие операции, пренесува „Еуроњуз“. Во вторникот, Зеленски објави дека за предлогот се разговарало на состанок посветен на исходите од неодамнешните трилатерални преговори во Абу Даби. „Украина предложи 10 дополнителни локации на привремено окупираните територии во регионите Херсон и Запорожје, каде што е потребна слична хуманитарна операција“, напиша тој на социјалните мрежи. Тој не прецизираше за кои населени места точно станува збор. Украинската дипломатска делегација ќе разговара за овој предлог со американските посредници. Моделот за евакуација од Олешки Примирјето во Олешки, кое траеше од 27 октомври до 1 ноември, беше воспоставено на иницијатива на првата дама на САД, Меланија Трамп, и им овозможи на жителите да заминат преку безбеден коридор. Меланија Трамп изјави дека вкупно биле евакуирани речиси 800 луѓе. Оние што одбрале да преминат на територијата под украинска контрола биле превезени преку Гомел, Белорусија, до регионот Чернигов. Други, наводно, избрале да бидат евакуирани во Русија. Ниту Украина, ниту Русија не објавија точни бројки за ниту една од групите. Киев подоцна тврдеше дека Русија го искористила примирјето за ротација на своите трупи на левиот брег на Днепар, во регионот Херсон. Паралелни предлози Комесарот за човекови права при Врховната рада, Дмитро Лубинец, изјави дека се договорил со својата руска колешка Јана Лантратова да упатат апел до првата дама на САД, со цел моделот од Олешки да се примени и во други окупирани населени места. Рускиот претседател Владимир Путин изнесе паралелен предлог за време на средбата со Трамп и американскиот пратеник Стив Виткоф во Кремљ, на 12 ноември. Тој предложи слична операција во Константинивка, во регионот Доњецк, тврдејќи дека градот е под руска контрола. Советникот на украинскиот претседател, Дмитро Литвин, изјави дека Русија веројатно предлага примирје од истата причина како и во Олешки – за да изврши ротација на своите војници. Спор околу статусот на Костјантинивка Извештаи од украинската војска и анализи засновани на отворени извори укажуваат на тоа дека руските сили држат само делови од источниот и југозападниот раб на градот. Значителен дел од градот се наоѓа во зоната на конфликтот, додека остатокот е под контрола на украинските вооружени сили. Путин во повеќе наврати тврдеше дека руските сили веќе го зазеле тој град. Извор: Индекс.хрТагови: Володимир Зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаИталија сака да ги забрани социјалните мрежи за деца под 13 годиниЗа малолетниците на возраст од 13 до 15 години, користењето ќе биде дозволено само доколку нивните профили се поврзани со профилот на родител.Италија се приклучи на растечката листа на земји кои планираат да го ограничат пристапот на малолетниците до социјалните мрежи – следејќи го примерот на држави како Австралија, Бразил и Грција – при што се очекува парламентот до крајот на годината да одобри владина уредба за ова прашање. На децата помлади од 13 години ќе им биде забрането да имаат профили на социјалните мрежи. За малолетниците на возраст од 13 до 15 години, користењето ќе биде дозволено само доколку нивните профили се поврзани со профилот на родител. Малолетниците ќе можат да имаат самостојни профили дури откако ќе наполнат 16 години. Амандманот има поддршка од владејачката коалиција Овие мерки се дел од амандман на уредба за безбедност, која моментално е предмет на парламентарна расправа и се очекува да биде усвоена до крајот на декември. Амандманот – во кој увид имаше агенцијата „Ројтерс“ – сè уште не е официјално претставен, но ја ужива поддршката на десничарската коалиција на премиерката Џорџа Мелони. Според парламентарни извори, неговото усвојување е речиси сигурно. „Овој амандман би можел да биде пресвртна точка за сите родители кои се соочуваат со дигиталната зависност кај своите деца, како и за самите малолетници“, изјави Фабио Рампели, пратеник од партијата на премиерката Џорџа Мелони, „Браќа на Италија“ (Fratelli d'Italia). Платформите за социјални мрежи ќе мора да ја проверуваат возраста на корисниците Според актуелниот предлог – кој сè уште може да претрпи измени за време на парламентарната расправа – образовните апликации се изземени од забраната. Извори наведуваат дека од компаниите што управуваат со социјалните мрежи ќе се бара да ја проверуваат возраста на своите корисници, во согласност со насоките што ќе ги изготви италијанскиот регулатор за телекомуникации (AGCOM) во рок од девет месеци од стапувањето на прописот во сила. Од компаниите за социјални мрежи ќе се бара да ги променат своите алгоритми, со оглед на растечката глобална загриженост дека нивните платформи придонесуваат за криза во менталното здравје кај децата. Извор: Индекс.хрКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПанова: Во Предлог буџетот за 2027 за судската власт средствата се зголемуваат за 15,3 проценти за разлика од годинаваПратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет во своето излагање се осврна на делот за правосудниот систем.Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет во своето излагање се осврна на делот за правосудниот систем, при што истакна дека за судската власт во 2027 година се планирани 3,352 милијарди денари, а како што кажа тоа е зголемување од 15,3 проценти, додека пак, за јавното обинителство се предвидени 965 милиони денари, или 8,9 проценти повеќе од 2026 година. Според неа, правдата треба да се обезбеди навремено и неселективно, а во таа насока пратеничката се осврна на Академијата за судии и јавни обвинители и Управата за извршување санкции. ,,Кога правосудна институција бара дополнителни средства, да каже колку предмети очекува повеќе да заврши, кои слабости ќе ги отстрани и како јавноста ќе го види напредокот. Не ни треба натпревар кој погласно ветува правда. Ни требаат институции коишто ќе донесат правда. Токму затоа сакам да ја издвојам Академијата за судии и јавни обвинители. За 2027 година за нејзината програма се предвидени приближно 130 милиони денари. Оваа програма сега е прикажана во рамките на Министерството за правда, додека претходно била евидентирана во разделот Судска власт. Таа промена е важна за да не споредуваме несоодветни буџетски ставки и да не извлекуваме погрешни заклучоци “, рече Панова и додаде: ,,Во тие средства се предвидуваат околу 58 милиони денари за плати и надоместоци и околу 65 милиони за стоки и услуги, вклучувајќи ја обуката и договорните услуги. А зошто е ова важно? Затоа што професионален, стручен и независен судија не се создава со партиска изјава. Се создава со квалитетно образование, сериозна селекција, континуирана обука и личен интегритет. Истото важи и за обвинителите. Инвестирањето во Академијата треба да значи вложување во професионалноста, не во нови формални процедури без резултат. Затоа очекуваме резултати. Не помалку важна е Управата за извршување санкции. За неа се планирани 2,020 милијарди денари, 16,7 проценти повеќе од претходната година. Панова посочи дека капиталните расходи растат од 26,8 на 276,3 милиони денари, повеќе од десеткратно ниво, со најголем дел за градежна инфраструктура. ,,Во 2027 се предвидени активности за нови и реконструирани капацитети во КПД Идризово, вклучувајќи притворско и затворено одделение. И тука мојата порака е јасна: законитото извршување на санкциите е дел од владеењето на правото. Безбедност за персоналот, човечки услови, контрола врз установите и програми за ресоцијализација не се спротивставени цели. Тие се делови од еден ист систем. Државата мора да биде доследна во спроведувањето на правосилните одлуки, а истовремено да ги почитува законските и меѓународните стандарди“, вели таа, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter