СветУжасни услови за работа во погоните на најбогатиот човек на светот Условите во складиштата на компанијата Амазон се под секое човечко достоинство , утврди новинарот Џејмс Бладворт , кој работел таму за да ја истражи вистината. Во складиштата на компанијата што ја поседува милијардерот Џеф Безос нема пауза. Вработените не смеат да разговараат со колегите , вршат нужда во шишиња , не смеат да јадат , добиваат казна за боледување и сето тоа за плата од 2250 долари. Откако приказната на Бладворт излезе во јавност , вработените почнаа да раскажуваат за нивните искуства . Од Амазон ги негираат неговите наводи . Велат дека во компанијата низ целиот свет работат околу половина милион луѓе кои земаат компетитивна плата. Компанијата само во првите три месеци годинава оствари приход од 51 милијарда долари и нето добивка од 1,63 милијарди. За да се постигне тоа , работниците мора да исполнат норма , така што немаат време за пауза. Едноставно , за да отидат во тоалет мора да поминат детектор за метал и чекањето во ред и патот надвор од салите само во една насока им одзема десет минути . Вработените велат дека не пијат вода за да не мора да одат во тоалет. За да ја исполнат нормата за плата , немаат време ниту да јадат , а уште помалку да разговараат , раскажуваат вработените. Новинарот , додека работел во Амазон со цел да се запознае со состојбите со правата на работниците, побарал и боледување , за што добил негативни поени. ,, Многу сум горд на условите за работа и платите што им ги даваме на вработените”, изјави најбогатиот човек на светот Џеф Безос , чие богатство од 131 милијарда долари делумно е заработено во Амазон. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан МицкоскиБлагодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината. Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Српска пејачка во микро бикини Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот. Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание. Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи. Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува. Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ. Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter