3Претепана жена се бори за живот на КАРИЛ во Скопје- сопругот ѝ скршил четири ребра и ѝ ја деформирал главата
Скандал на финалето на Купот: Голман посака да му умре мајката на судијата, тој го удри со бокс во лице (ВИДЕО)
1Скандал на финалето на Купот: Голман посака да му умре мајката на судијата, тој го удри со бокс во лице (ВИДЕО)
СветУжасни сцени од пожар во висококатница во Валенсија, се обрати и премиерот Санчез (ВИДЕО)Висока станбена зграда во шпанскиот град Валенсија е зафатена во голем пожар. Се запалила околу 17 часот и 30 минути, кога пожарникарите добиле дојава за пожар.Пожарот, кој се уште гори, избувнал во блок од 14 ката во населбата Кампанар и се проширил на соседната зграда. Повеќе од 20 противпожарни екипи го гаснат пожарот, а луѓето се повикуваат да се држат настрана од областа, пишува Би-Би-Си. Во пожарот се повредени неколку лица, а локалните медиуми јавуваат дека можеби има луѓе заробени внатре. Координативниот центар за вонредни состојби во Валенсија соопшти дека на 13 лица им била укажана помош поради повреди, меѓу кои и шест пожарникари. Valencia. Apocalyptic 🔥 not so far from home. 14-story building completely on fire 😱 pic.twitter.com/5Es8mYbeNb — Gianluca Fiorelli (@gfiorelli1) February 22, 2024 Локалните извештаи велат дека пожарникарите спасиле неколку жители со кранови, вклучувајќи и брачен пар кој живеел на седмиот кат. Еден човек кој живеел на вториот кат од зградата изјави за ТВ каналот Ла Секста дека пламенот брзо се проширил откако пожарот избувнал на четвртиот кат. „Пожарот се прошири за 10 минути“, рече тој, додавајќи дека материјалот на фасадата на зградата можеби го предизвикало ширењето на пожарот. Massive fire at the 14-story building in Campanar of Valencia, Spain 🇪🇸 Video: Ahora Marina TELEGRAM JOIN 👉 https://t.co/9cTkji5aZq pic.twitter.com/nZOM5Qizla — Disaster News (@Top_Disaster) February 22, 2024 Инженерот Дејвид Игуера изјави за El País дека облогата на зградата можеби предизвикала брзо ширење на пожарот. „Алуминиумските панели со изолација од пена што го сочинуваат надворешниот слој на зградата се многу добри за изолација од топлина и студ, но тие се многу запаливи“, рече тој. Една жена изјавила за ТВЕ дека видела како пожарникари се обидуваат да спасат тинејџер заробен на првиот кат од зградата. Пожарникарите биле повикани околу 17:30 часот по локално време. На тој простор е поставена монтажна болница, јави РТВЕ. Луѓето раселени од своите домови ќе бидат сместени во хотели, соопштија властите. UPDATE: A massive fire has engulfed a 14-story building in Valencia's El #Campanar neighborhood in Spain since approximately 5:30 PM. Fire crews are working to rescue at least two individuals trapped on a balcony while flames surround them. One person has jumped from the… pic.twitter.com/gxZOf4AfGa — Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) February 22, 2024 „Згрозен од страшниот пожар во зграда во Валенсија... Ја изразувам мојата солидарност со сите луѓе погодени од пожарот и мојата благодарност до персоналот за итни случаи веќе распореден на местото на настанот“, напиша шпанскиот премиер Педро Санчез на X.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
СудбинаМајка од пеколот: Тримесечното синче било пронајдено мртво со кокаин во организмот, ја осудија на две години Триесет и шестгодишна жена е осудена за смртта на нејзиното тримесечно бебе во 2022 година, кое починало откако било пронајдено во несвест со кокаин во неговиот организам.Бебето, Алистер фон Ли, било прогласено за мртво во болница во Ланкашир, Велика Британија, на 9 август 2022 година, неколку часа откако беше оставено без надзор во автомобил подолг временски период во еден жежок летен ден. Неговата мајка, 36-годишната Џоана Ли, се изјасни за виновна за злоупотреба на деца, соопшти полицијата во Ланкашир во вторник, 24 ноември, објави списанието „Пипл“. Истрагата откри ужасно злоставување на кое Ли го подложил детето во деновите пред неговата смрт. На 8 август 2022 година, Ли нацртала превртен крст со крв на челото на Алистер, а потоа направила фотографии и видеа што потоа им ги испратила на пријателите, соопшти полицијата во Ланкашир. Полицијата соопшти дека таа се „однесувала неправилно“ тој ден, вклучително и возење со дупната гума и под дејство на кокаин додека Алистер бил во автомобилот. Го оставила детето само во возилото подолг временски период на жежок летен ден, додека тој бил гладен и плачел, соопшти полицијата. Рано наутро на 9 август, полицајците пристигнале во домот на Ли по пријава дека Алистер не дише. Ја пронашле Џоан Ли, нејзината мајка, како му дава кардиопулмонална реанимација на детето. Полицијата дознала дека Ли ја повикала нејзината мајка на Фејсбук и ѝ рекла: „Мамо, Алистер е мртов“. Детето било прогласено за мртво во болницата околу еден час подоцна. Властите, исто така, пронашле кокаин во системот на Алистер, за кој веруваат дека бил внесен преку мајчиното млеко. Полицијата вели дека Ли лажела за време на сослушувањето, тврдејќи дека нејзиното млеко можеби било извалкано со нешто и се обидела да обвини пријател. Полицијата во Ланкашир во вторникот соопшти дека Ли може да биде обвинета само за злоупотреба на деца бидејќи причината за смртта на Алистер не може да се утврди. Таа е осудена на две години затвор. „Ова беше длабоко вознемирувачки случај кој за жал доведе до тоа Алистер да го изгуби животот на само три месеци“, изјави детективот полицаец Кон Кили Пауел од полицијата во Ланкашир, додавајќи дека Ли покажала малку каење за своите постапки. „Ќе продолжиме напорно да работиме со нашите партнери за да ги заштитиме децата како малиот Алистер од злоупотреба, да ги едуцираме и поддржуваме родителите, но пред сè да ги заштитиме децата, да бидеме нивниот глас и да спречиме повторно да се случат овие трагични инциденти“, рече Пауел.Тагови: кокаин мајка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
СветМистериозни луѓе- кртови се снимени во Њујорк, петмина излегуваат од канализација (ВИДЕО)Пет лица биле забележани како излегуваат од канализација на Менхетен во раните утрински часови, што е најновиот во низата мистериозни случаи на таканаречени кртови, соопшти полицијата.Група неидентификувани лица биле забележани како излегуваат од канализација во близина на Втората авенија и Источната 17-та улица околу 5 часот наутро во среда. Досега нема апсења Објавените фотографии ги прикажуваат необичните „истражувачи“ со фенерчиња, лопати и работни ракавици кратко откако излегле. Властите велат дека се верува дека една жена и четворица мажи излегле од канализацијата. Потоа петмината влегле во црвена лимузина, управувана од друга жена, пред да исчезнат. Сè уште нема апсења, а инцидентот е под истрага, објавува „Њујорк пост“. Случајот е најновиот во низата сомнителни влегувања во канализацискиот систем на Њујорк во последните месеци, што покренува прашања за мистериозните групи на таканаречени кртови кои го истражуваат подземјето на градот. View this post on Instagram A post shared by Fox News (@foxnews) „Барале вредни предмети“ Полицијата соопшти дека друга група урбани истражувачи биле забележани како излегуваат од канализациска шахта на Ист Сајд на Менхетен во раните утрински часови на 6 октомври. Не беше веднаш јасно зошто се впуштиле во таква експедиција. Меѓутоа, во септември, две лица беа уапсени откако беа откриени како истражуваат канализации во истиот дел од градот. Нивната авантура ги однесе до простор под хотелот каде што престојуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на Генералното собрание на Обединетите нации, соопшти полицијата и извори запознаени со случајот. Еден од двајцата обвинети, венецуелски државјанин, им кажал на властите дека влегол во канализацијата „барајќи вредни предмети што биле заглавени во одводите“. Сепак, експертите предупредуваат дека е малку веројатно златото, среброто и другите вредни предмети всушност да можат да се најдат во подземните канализациски системи.Тагови: Њујорк канализација Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
ЖивотМисирка не сака да стане вечера за Денот на благодарноста- и полицијата ја брка по автопат (ВИДЕО)Дива мисирка предизвика брканица на Гарден Стејт Парквеј во американската држава Њу Џерси кога почна да бега од полициско возило, движејќи се меѓу сообраќајните ленти во пресрет на Денот на благодарноста.Инцидентот се случил во среда, еден ден пред американскиот празник Денот на благодарноста, а полицијата на државата Њу Џерси објави видео од брканицата на социјалната мрежа X. Безбедно го напуштила патот Видеото ја прикажува мисирката како трча по автопатот со четири ленти, додека полициско возило ја следи со вклучена сирена. Во еден момент, птицата дури се обидела да лета во средината на патот. „Вчера, мисирка одлучила дека не сака да заврши како главно јадење и повела полицаец во необична брканица по Гарден Стејт Парквеј“, соопшти полицијата. На крајот од видеото, кое трае 22 секунди, птицата може да се види како се оддалечува кон тревна површина покрај патот. Полицијата соопшти дека мисирката успеала безбедно да го напушти патот и да го избегне сообраќајот, но и да избегне да заврши на празничната трпеза. Средби со диви мисирки Ова не е прв пат дива мисирка да биде во центарот на вниманието на патиштата во Њу Џерси. Во 2009 година, властите речиси се откажаа од обидот да фатат дива мисирка која се населила на крстосницата 14Б на автопатот Њу Џерси. Вработените во патарината ја нарекоа Тами, а службениците на државната служба за рибарство и див свет на крајот успеаја да ја фатат со мрежа, објави ABC. Слични средби со диви мисирки се случиле и во други американски држави. Полицијата на државата Висконсин соопшти дека мисирка во Гранд Шут не покажала страв од полицајците и ги сфатила обидите на полицајците да ја избркаат од патот како предизвик. Откако полицаецот се обидел да ја тргне со маневрирање со своето службено возило, птицата почнала да ја клука гумата на неговиот автомобил.Тагови: Денот на благодарноста мисирка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter