Ужас во училница во Грац: Одекнуваат рафали, учениците преплашени (ВИДЕО) - Канал 5

Ужас во училница во Грац: Одекнуваат рафали, учениците преплашени (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави и видео од училиште во Грац, каде што денес се случи масакр, во кој најмалку 10 лица ги загубија животите, а над 20 се повредени.

Ужас во училница во Грац: Одекнуваат рафали, учениците преплашени (ВИДЕО)

Видеото покажува како еден од учениците се приближува кон прозорецот додека истрелите одекнуваат низ училницата. Застрашувачката снимка сугерира дека ученикот чија чанта е до неговата клупа не е свесен што се случува и оди до прозорецот за да погледне во училишниот двор.

Австриските медиуми објавија дека напаѓачот бил поранешен ученик во училиштето, кој наводно бил жртва на злоупотреба. По масакрот, тој се заклучил во тоалет каде што си го одзел животот, според полицијата.

Австрискиот канцелар Кристијан Штокер рече дека пукањето што се случило утрово во училиштето во Грац е „национална трагедија“.

Тој изрази сочувство до семејствата кои ги загубија своите деца во соопштение, објави Ројтерс.

„Дивеењето во училиштето во Грац е национална трагедија што длабоко ја потресе целата наша земја“, рече Штокер, додавајќи дека нема зборови за болката и тагата што сега ја чувствува цела Австрија. Десет лица беа убиени во пукотница во училиште во Грац, вклучувајќи ученици, најмалку еден возрасен и осомничениот напаѓач, изјави претходно градоначалничката Елке Кар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судење за „Пулс“: Градежното вештачење покажа дека системот, односно институциите и поединците целосно не функционирале

Градежното вештачење недвосмислено покажа дека во дискотеката ‘Пулс’, системот, односно институциите и поединците целосно потфрлиле.

Судење за „Пулс“: Градежното вештачење покажа дека системот, односно институциите и поединците целосно не функционирале

Градежното вештачење недвосмислено покажа дека во дискотеката ‘Пулс’, системот, односно институциите и поединците целосно потфрлиле. Не биле почитувани ниту стандардите, ниту регулативата, ниту процедурите“. Ова меѓудругото го изјави судскиот вештак и професор на Градежен факултет при УКИМ, Горан Марковски, на денешното судење за пожарот во кочанската дискотека, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени

Марковски, кој во време на изработката на градежното вештачење беше декан на Градежнниот факултет, нагласи дека вештачењето покажало дека безбедноста на посетителите воопшто не била земена во предвид при реконструкцијата и пренамената на објектот за дискотеката „Пулс”.

– Градежното вештачење за жал покажа недвосмислено дека во „Пулс“, системот, односно институциите и поединците целосни не функционирале. Не биле почитувани ниту стандардите, ниту регулативата, ниту процедурите. Оние процедури кои треба да обезбедат почитување на стандарди и регулативи. Или едноставно не било почитувано ништо – изјави Марковски професор на Градежен факултет при УКИМ.

Според него, проблемите произлегуваат и од начинот на кој била извршена реконструкцијата на објектот.

– Нема закон што може да донесе и предвиди нешто различно од ДУП. Но, она што е најважно тука бидејќи фокусот е на безбедноста … степенот на безбедност зависи од намената на објектот пропишана во ДУП. Основни барања кои мора градбата да ги обезбеди и нема тука компромис, не случајно во основните барања за градбата е ставена и заштита при пожари – нагласи Марковски.

Професорот Марковски при презентацијата на фотографиите на видео бим посочи дека новоизградените шанкови и галерии ја спречувале евакуацијата во дискотеката „Пулс.

Според објаснувањето плочата под дискотеката аметерски била зајакната, за да не пропадне а над неа одозгора потоа се ставале железни конструкции, шанкови, галерии, со што, како што посочи гостите во Пулс со години биле во ризик и без да знаат за тоа, а ризичните зафати се одвивале во 2012 и во 2024 година, без дозвола и без инспекциски надзор.

12 години институциите му прогледувале низ прсти на газдата на Пулс, изјави по денешното рочиште еден од родителите на загинатите во пожарот во дискотеката.

-Бидејќи објектот бил под надлежност на локална самоуправа и вештиот наод ги посочува ДЗС, Државниот инспекторат за труд, градежните инспектори и како инспекции со законски надлежно ст. Ако 12 години имало реконструкции без проект, без надзор инспекциски записник, тогаш не зборуваме за еден пропуст, туку зборуваме за систем кој предолго не гледал таму каде што требало а цената ја платија 63 млади животи - изјави Александар Наунов – Родител на Надица Наунова..

Судењето во судницата во „Идризово“ ќе продолжи со изведување на градежно вештачење на објектот “Пулс” и како и распит на вешти лица кои го изработиле.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ново вознемирувачко видео: Девојче во Куманово обиколено, удирано со шлаканици и клоци

Се нижат случаите на врсничко насилство.

Ново вознемирувачко видео: Девојче во Куманово обиколено, удирано со шлаканици и клоци

Три девојчиња наспроти едно, со шлаканици и удирајќи ја и со клоци ја тераат жртвата да се извинува, а во еден момент насилничките ја кубат за коса притиснувајќи ја до ѕид.

Според првичните информации видеото кое сега е објавено и на медиумите е снимено пред околу еден месец во Куманово, но сега било пријавено во полиција, а денеска девојчето жртва е повикано на разговор во станица. Снимката од физичкото малтретирање првично осамнала на социјалната мрежа „снепчет“ како начин да се даде до знаење кои можат да бидат последниците ако некој употребува пцовки против насилничките.

Од МВР за Канал 5 велат дека се запознаени со случајот и дека постапуваат. Иако настанот се случил пред околу еден месец, оттаму брифираат дека сега е пријавен во полиција.

Во врска со објавеното видео за кое прашувате, ве известуваме дека СВР Куманово во координација со ОЈО Куманово презема мерки и активности за расчистување на случајот, по што соодветно ќе ја известиме јавноста,-МВР.

Според првичните информации жртвата има 14 години, а една од насилничките е возрасна и има 19 години, другите се малолетни.

Во рок од околу еден месец ова е втор случај со јавно објавени снимки на кои се гледа како малолетнички се тепани, понижувани и малтретирани, во главно, од врснички.

Во скопски Аеродром, жртва беше дванаесет годишно девојче кое беше натерано да клекне на коленици и да се извинува, да каже дека нема да пријави во полиција, додека е удирано со шлаканици влечено за коса и снимано од поголема група малолетници кои навиваат. За овој случај во тек е постапка пред суд, откако Обвинителството за четворица малолетници побара да бидат изречени мерки на претпазливост - забрана на децата во судир со законот да се приближуваат или воспоставуваат и одржуваат контакти и врски помеѓу себе и со жртвата.

Во меѓувреме, се уште нема пресуда за еден од најпознатите вакви случаи кој предизвика силна реакција и во јавноста што се случи пред околу три месеци во Ѓорче кога насилнички малтретираа девојче, гасеа цигара од нејзе и ја понишуваа терајќи ја да јаде измет. Процедурата се уште не е завршена и е во тек.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Собраниска седница за реконструкција на Владата – разрешени се осум министри, Стоилковиќ со најмногу гласови – 95 „за“

Во Собранието започна дводневната расправа за реконструкцијата на Владата, која ќе опфати 8 министри.

Собраниска седница за реконструкција на Владата – разрешени се осум министри, Стоилковиќ со најмногу гласови – 95 „за“

Расправата ја следи Јана Јосифоска.

Јана, како тече седницата, кога може да се очекува да бидат избрани новите членови на кабинетот на премиерот Мицкоски?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер