Ужас во трговски: Се отвори подот и „проголта“ половина продавница и една жена (ВИДЕО)

Драматична снимка ја прикажува несреќата во источна Кина, каде што се урна подот на трговски центар.

Надлежните соопштуваат дека се повредени две лица, а причинета е значителна штета.

Инцидентот се случил на 23 март, а на видеото гледаме жена како ја гледа робата - пред да ѝ се отвори бездна под нозете!

Огромна дупка ја „проголтала“ несреќната жена заедно со половина од продавницата, а се известува дека во урнатините останал заробен градителот – кој работел долу.

„Жената се здобила со скршеници, а работникот си ја повредил ногата. Активно се занимаваме со овој случај и ја пружаме потребната помош“, изјавил претставник на трговскиот центар.

Се шпекулира дека уривањето на подот е предизвикано од оштетен носечки ѕид, но истрагата се уште не е завршена.

Властите се обидуваат да утврдат дали има големи безбедносни пропусти во трговскиот центар, пренесува NDTV.

Девет пожари се уште се активни низ Македонија–најсериозно и натаму е на планината Серта

Продолжува борбата со пожарите во Македонија. На територијата на државата активни се уште девет пожари, а најсериозно и натаму е на планината Серта, каде беа насочени и два ер трактори.

Изминативе денови се гаснеше и со хеликоптери од земјите од регионот откако владата побара помош. Но, во моментов дејствуваат само македонски летала, односно двата ер-трактори на дирекцијата за заштита и спасување, два хеликоптери на МВР, како и два хеликоптери на армијата

Трамп донираше пари за кампањата на Харис во 2014 година

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп донираше 5.000 долари за кампањата за реизбор на Камала Харис за државен обвинител на Калифорнија во 2014 година, објави демократскиот конгресмен од Флорида, Џаред Московиц.

Тој објави фотографија од чекот за донација на Трамп за Харис нарекувајќи ја „мудра инвестиција“.

Американскиот претседател Џозеф Бајден претходно објави дека се повлекува од трката за реизбор и ja поддржа Харис да биде претседателски кандидат на Демократската партија.

Приведен велешанец поради предизвикување пожар

Велешанец е приведен под сомнение дека предизвикал пожар кај депонијата што се наоѓа на патот од село Горно Оризари кон село Клуковец.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека како дел од оперативната акција „Пожар 2024“, по добиена пријава на телефонскиот број 112 дека непознати лица ја палат депонијата, преземени се мерки од страна на полициски службеници при што е затекнато луице од селото Горно Оризари како пали две седишта од автомобил, а во непосредна близина е опожарена сува трева.

- По насоки на јавен обвинител, лицето е задржано во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случајот, од страна на СВР Велес ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „предизвикување општа опасност , се наведува во соопштението.

Од МВР апелираат до граѓаните да бидат исклучително внимателни кога се движат во природа.. Во земјава е прогласена кризна состојба во траење од 30 дена, а воведена е и забрана за движење во шуми.

притисни ентер