ЛИДЕМ: Свиревме против булингот, но институциите останаа глуви! Уште колку деца треба да страдаат за некој да реагира?!
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази
1ЛИДЕМ: Свиревме против булингот, но институциите останаа глуви! Уште колку деца треба да страдаат за некој да реагира?!
2ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази
Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
2Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
СветУжас во теретана во Париз: Девојка почина за време на криотерапија, друга се бори за животДевојка на 20-годишна возраст почина, а лекарите се борат за животот на 30-годишна жена, по истекување на азот од ладна комора за време на криотерапија во Париз.Трагедијата се случила вчера вечерта во мал спортски центар лоциран во 11-тиот арондисман на француската престолнина, изјави п олициски извор. Се претпоставува дека станува збор за објектот On Air, кој се наоѓа на булеварот Волтер,објави Гардијан. Според првичните информации од истрагата, труењето најверојатно било предизвикано од истекување на азот од криокомората. Дваесетгодишна вработена во теретана починала на лице место. Клиентка на центарот, на околу 30 години, е пренесена во болница и е во критична состојба. Обвинителството соопшти дека истрагата е во тек. Медицинска помош побарале и три други лица кои биле во контакт со жртвите и се обиделе да пружат прва помош, изјави полициски извор. Во моментот на трагедијата во салата имало околу 150 луѓе, а набрзо објектот бил евакуиран. Телото на починатата е извадено од спортскиот центар покриено со бел чаршаф. Биле поставени паравани пред влезот на салата и покрај тротоарот за да се заштити местото на настанот. Азот е безбоен и без мирис гас кој често се користи во криотерапијата. За време на сесијата со криокомора, лицето е изложено на температури под -100°C најмногу три минути, што се препорачува. Застапниците на криотерапијата тврдат дека помага да се намали болката во мускулите, стресот, ревматизмот и разни кожни заболувања. Познати спортисти и познати личности го користеле овој метод како алтернатива на пакетите со мраз и бањите со ладна вода. Сепак, многу експерти предупредуваат дека ефикасноста на оваа терапија не е медицински докажана и бараат дополнителни истражувања за нејзините краткорочни и долгорочни ефекти. Диего Брисе (26) од Париз рече дека планирал да вежба во теретаната, но вчера вечерта му било кажано дека е затворена. Тој изјавил дека никогаш не практикувал криотерапија. „Секогаш ми велеа дека е опасно“, рече тој. Криотерапијата веќе била предмет на внимание на јавноста во 2015 година во САД, кога една жена се замрзна до смрт во бања во Лас Вегас. Наводно, 24-годишната девојка сама влегла во криокомората после работното време за да ја ублажи болката, а нејзиното тело следниот ден го пронашол колега.Тагови: Париз теретана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛИДЕМ: Свиревме против булингот, но институциите останаа глуви! Уште колку деца треба да страдаат за некој да реагира?!Потресното сведоштво на мајка за насилството што го преживеало нејзиното дете во училиште повторно го отвора прашањето: Кој ги штити децата додека насилството станува нивно секојдневие?Пред години, Либерално-демократската младина ја започна кампањата „Свирни против булинг“, предупредувајќи дека врсничкото насилство не е детска игра, не е фаза на растење и не смее да се премолчува! Предупредувавме, баравме превенција, едукација и институционална реакција. Но нашите апели не добија соодветен одговор. Денес повторно слушаме сведоштва за деца што трпат понижување, физичко и психичко насилство. А каде се институциите? Каде се механизмите за заштита? Кој презема одговорност? Нема оправдување за насилството! Нема оправдување за премолчувањето! И нема простор за уште една празна институционална изјава дека „се работи на случајот“! ЛИДЕМ бара итно: * Надлежните институции да го испитаат пријавениот случај и да обезбедат заштита на детето. * Министерството за образование и Државниот просветен инспекторат да спроведат контрола на постапувањето по пријавите за врсничко насилство. * Во секое училиште да функционира јасен, достапен и доверлив механизам за пријавување и заштита. * Да се обезбеди психолошка поддршка за жртвите и системска превенција, со вклучување на родителите, наставниците и учениците. * Јавно да се соопштат преземените системски мерки и роковите за нивно спроведување, со целосна заштита на приватноста на децата. Не бараме одмазда меѓу деца. Бараме одговорност од возрасните и институциите што се должни да ги заштитат! Доста е со кампањи само на хартија, протоколи во фиоки и реакции дури откако нечие дете ќе преживее траума! ЛИДЕМ повторно го крева гласот и повикува на конкретна институционална акција. Ниту едно дете не смее да се плаши да оди на училиште! Пред години свиревме за да го спречиме насилството. Денес прашуваме: ДАЛИ НЕКОЈ ВООПШТО НЀ СЛУШАШЕ? СВИРНИ ПРОТИВ БУЛИНГ! НЕ МОЛЧИ ПРЕД НАСИЛСТВОТО! Либерално-демократска младинаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази Филипче и СДС се обидуваат да најдат утеха во пласманот на четвртото место. СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5% и се радува на поразот од 4 спрема 1 од ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во Брвеница.СДС под водство на Филипче доживеа политички дебакл. СДС со Филипче се четврта партија во Куманово и Брвеница, а петта во Скопје. Бројките и фактите се најдобриот показател за состојбата во која се наоѓа СДС која на чело со Филипче се претвори во партија без политичка визија, без убедлива понуда и без капацитет да се наметне како сериозна алтернатива помеѓу граѓаните. Филипче под менторство на Заев ја претвори СДС во партија која се радува на порази. На Филипче и СДС им посакуваме уште многу вакви „успеси“ четврти и петти места, славење на поразите и се помала поддршка од граѓаните, се наведува во пшартиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
ЕвропаФранција мобилизира 70.000 полицајци пред новиот бран протести Франција стравува од понатамошни немири бидејќи протестите низ целата земја повторно се планирани за денеска.Франција стравува од понатамошни немири бидејќи протестите низ целата земја повторно се планирани за денеска, а властите се загрижени за можно повторување на нивото на насилство видено минатиот викенд. Министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез објави дека масовното присуство на полицијата треба да спречи насилство и грабежи. Тој рече дека 70.000 полицајци и жандармериски персонал ќе бидат распоредени низ цела Франција. Нуњез додаде дека имало бројни повици за насилство и грабежи, кои, според него, биле пораки од демонстрантите. Голем број протести беа забранети, а рутата на маршот беше променета во Париз Министерот за внатрешни работи рече дека голем број демонстрации веќе се забранети. Собирите ќе бидат дозволени ако организаторите обезбедат обезбедување, „и под услов, се разбира, тие да не се одржуваат на места каде што може да има грабежи, нарушување на јавниот ред и слично“. Во Париз, маршот што го објавија синдикатите беше дозволен, но рутата беше променета. И покрај ограничувањата на демонстрациите во саботата, полицискиот час во чувствителните области на градовите остана на сила, рече Нуњез. Младите луѓе протестираат со недели барајќи подобри услови во училиштата. Во текот на изминатиот викенд, други групи им се придружија на нивните протести во бројни градови, вклучувајќи ги и оние против високите трошоци за живот. На маргините на протестот избувнаа сериозни конфликти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter