Црна хроникаУжас во Старо Нагоричане: 25- годишник со перница задушил 78- годишна жена Лишено лице од општина Старо Нагоричане, осомничен е дека убил 78-годишна жена и дека извршил повеќе кривични дела „тешка кражба“.На 13.02.2026 во 19:30 часот во с.Драгоманце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане гo лишиле од слобода Т.Б.(25) од с.Малотино, општина Старо Нагоричане, поради сомнение дека сторил кривично дело по член 123 од Кривичниот законик. Тој се сомничат дека на 12.02.2026 во нејзиниот дом физички ја нападнал и задушил со перница М.С.(78) од село Челопек, општина Старо Нагоричане, по што таа починала на местото. Исто така, тој се сомничи дека извршил повеќе кривични дела „тешка кражба“ во повеќе села на подрачјето на општина Старо Нагоричане. Известен е јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него биде поднесена соодветна пријава, сооопшти МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалФранција- Шпанија, европски класик, битка за мундијалско финалеВечерва од 21 часот со судирот меѓу европскиот првак Шпанија и светскиот вицешампион Франција стартува елитното полуфинале на 23 Светски фудбалски шампионат. До крајот на Мундијалот остануваат четирите средби оние најзначајни, дуелите кои решаваат за освојувачите на медалите. Елитното полуфинале во Далас може да се најави и како дуел меѓу Мбапе и Јамал? или како пресметка меѓу најдобриот напад против најдобрата одбрана на шампионатот. Секако едно е сигурно вечерва светот ќе ужива во сите убавини на најважната споредна работа на светот фудбалот. Полуфиналето на Светското првенство меѓу Франција и Шпанија носи судир на две сосема различни фудбалски филозофии. Дуел помеѓу две селекции кои се меѓу главните фаворити за освојување на трофејот. Французите го сакаат своето трето последователно финале на Светското првенство, додека Шпанците, предводени од Ламин Џамал, имаат можност да го потврдат почетокот на нова златна ера. Додека францускиот селектор Дидие Дешан ја нагласува силата на единството и напаѓачкиот потенцијал на својот тим, шпанскиот стратег Луис де ла Фуенте верува дека најголемите успеси се постигнуваат преку борбеност, многу трчање и упорност. Мундијалската завршница ќе се игра со нова топка наречена „Триода“. 🚨Mbappe certainly doesn’t like the new World Cup ball for the Semi finals pic.twitter.com/QHXZQPCDGO — Kalshi Footy (@KalshiFooty) July 13, 2026 ФИФА го претстави специјално издание на топката „Триода“, која ќе се користи во завршните фази на Светското првенство. Иако техничките карактеристики на топката останаа непроменети, новата комбинација на црна и златна боја веднаш му го привлече вниманието на Килијан Мбапе за време на последниот тренинг на француската репрезентација. Пред да им се придружи на соиграчите, Мбапе зеде една од новите топки, внимателно ја разгледа неколку секунди за да ги забележи разликите во однос на верзијата користена во четвртфиналето, а потоа ја постави на теренот за да го испроба чувството при неколку удари кон голот.Тагови: СП2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18Убиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка10:58
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
ЕвропаФранција со традиционална воена парада го одбележува Денот на БастилјаФранција денеска со традиционална воена парада ќе го одбележи националниот празник – Денот на падот на Бастилја.На Парадата на авенијата „Шанзелизе“ предвидено е да учествуваат околу 6.700 војници, 98 авиони, 31 хеликоптер и 315 единици копнена воена техника. Дел од дефилето ќе бидат и припадници на земјите од коалицијата на подготвените што ја поддржува Украина, како и 25 украински војници. Годинешната парада има за цел да ја демонстрира подготвеноста на Франција за зајакнување на своите одбранбени капацитети и да го симболизира стратешкото будење на Европа. Почесни гости се украинскиот претседател Зеленски и 24 шефови на држави и влади од европските земји-членки на коалицијата на подготвените, меѓу кои германскиот канцелар Фридрих Мерц, италијанскиот претседател Серџо Матарела, данската премиерка Мете Фредериксен и британскиот премиер Кир Стармер. Францускиот претседател Макрон вчера беше домаќин и на состанок на лидерите од коалицијата на подготвените, кои најавија нова воена поддршка за Украина, особено во областа на противвоздушната одбрана.по завршувањето на парадата, Макрон ќе отпатува во Ница, каде ќе се одбележи десетгодишнината од терористичкиот напад извршен на 14 јули 2016 година, кога напаѓач со камион влезе меѓу граѓани кои го прославуваа националниот празник. Во нападот загинаа 86 лица, повеќе од 450 беа повредени, а напаѓачот беше убиен.Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДевојчето во Куманово брутално го претепале две малолетнички и една полнолетна девојкаОсновното јавно обвинителство и СВР Куманово преземаат мерки за расчистување на случајот со врсничко насилство, откако вчера на социјалните мрежи беше објавена видеоснимка на која се гледа физички напад врз девојче.Според првичните информации, настанот се случил пред околу четири месеци, но досега не бил пријавен во надлежните институции. Шефицата на Основното јавно обвинителство куманово, Теута Бедиу – Рамадани, изјави дека веднаш по објавувањето на снимката е отворен предмет и се постапува по итна постапка. Според неа, едната инволвирана е полнолетна, додека другите две се малолетнички. Од свр куманово потврдија дека интензивно работат на случајот и најавија дека по завршување на проверките ќе соопштат повеќе детали.Тагови: Обвинителството Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter