Издаден налог за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа
1Издаден налог за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа
3МОН го замени сексуалното образование со „заштита на здравјето“, без зборовите „род“ и „контрацепција“
ЕвропаУжас во Штутгарт: Жена е избодена со нож, па запалена среде трговски центар (ВИДЕО)47-годишна жена е избодена, а потоа запалена во трговскиот центар „Миланео“ во Штутгарт, Германија.Полицијата веднаш го блокираше трговскиот центар за да го спречи осомничениот да избега. Осомничениот беше уапсен пред трговскиот центар, беше објавено. „Околу 10:15 часот наутро, оперативниот центар на полицијата во Штутгарт доби бројни повици од граѓани за напад врз 47-годишна жена во трговски центар во северниот дел на градот“, изјави портпаролот на полицијата Тимо Бренер за германски „Билд“. In Stuttgart wurde eine 47 Jährige in einem Einkauszentrum niedergstochen Täter: Ein Mann Damit ist alles gesagt oder? pic.twitter.com/XfsVLoW11y — Ganesha 🇩🇪🇮🇳 (@DerGanesha) July 23, 2026 Повредената жена беше итно префрлена во болница, каде што беше подложена на итна операција. Полицијата ги истражува околностите на нападот и мотивот за злосторството. Осомничениот, 54, избегал од трговскиот центар по нападот, но брзо бил уапсен од полицијата. „Околу 12:10 часот, нашите полицајци уапсија 54-годишен германски државјанин на Бокелштрасе. Мажот е сегашен или поранешен партнер на повредената жена“, изјави портпаролот на полицијата Тимо Бренер. По нападот следеше голема полициска операција. #Update zum Polizeieinsatz am #Milaneo mit unserem Pressesprecher Timo Brenner. Unsere Kollegen haben einen 54-jährigen Tatverdächtigen festgenommen. Er hatte offenbar eine 47-Jährige mit einem Messer angegriffen und anschließend in Brand gesetzt. #s2307 Eure #Polizei #Stuttgart pic.twitter.com/XcYUqNrKXC — Polizei Stuttgart (@PP_Stuttgart) July 23, 2026 Трговскиот центар „Миланео“ беше целосно блокиран, сите влезови и излези беа затворени, а во потрагата по осомничениот беше вклучен и полициски хеликоптер. Полицијата темелно го пребара трговскиот центар, но осомничениот беше пронајден и уапсен пред зградата. #s2307 Wegen eines laufenden #Polizeieinsatzes mit einer verletzten Person im #Milaneo ist nun auch ein Hubschrauber im Einsatz. Wir suchen nach einem Tatverdächtigen. Weitere Informationen folgen. Es besteht KEINE Gefahr im Bereich des #Milaneo. Eure #Polizei #Stuttgart — Polizei Stuttgart (@PP_Stuttgart) July 23, 2026 Во тоа време, персоналот на итната медицинска помош ја лекуваше тешко повредената жена, која претрпе повреди опасни по живот и беше подложена на итна операција. Полицијата соопшти дека, и покрај големата операција, нема опасност за јавноста. Мотивот за нападот засега е непознат, а истражителите собираат докази и ги прегледуваат снимките од надзорните камери од трговскиот центар. Истражителите веќе собираат докази и ги прегледуваат снимките од надзорните камери од зградата. Нападот се случил на првиот кат од трговскиот центар.Тагови: жена Штутгарт Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДраматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
ЗдравјеДржавата планира современо лекување за паркинсон и алцхајмер во МакедонијаНаместо електроди во мозокот да им се вградуваат во Турција, пациентите со Паркинсонова болест наскоро би можеле ваквите операции да ги прават и во Македонија. Државата планира да ја воведе длабоката мозочна стимулација, современа неврохируршка метода за контрола на нарушувањата во движењето, но и нови биолошки терапии за пациенти со Алцхајмерова болест. Методата на мозочна стимулација во светот се применува со децении, но кај нас допрва ќе се обучуваат тимови за нејзино спроведување. Обуката на македонските лекари ќе ја спроведуваат експерти од Клиниката за неврологија во Љубљана. Оттаму сметаат дека воспоставувањето на методата во Македонија нема да биде тежок процес, а за дел од пациентите таа може да значи значително подобар квалитет на живот. Според проценките, во Македонија има околу 24.000 лица со Алцхајмерова болест и други форми на деменција, додека бројот на пациенти со Паркинсонова болест, според министерот за здравство, е околу 5.000. Очекувањата се двете новини во лекувањето да станат достапни во земјава во текот на 2027 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИздаден налог за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќаУште 102 страници и апликации кои нелегално приредувале онлјан игри на среќа ќе бидат блокирани за домашните корисници на интернет, информираат од Министерството за дигитална трансформација.Оттаму за Канал 5 велат дека со ова, бројката на блокирани страници од овој тип е 462, а целта е да се спречат измами и нелегално испумпување на пари од граѓаните. Од ресорното министерство велат дека овие страници најчесто ги создаваат лица кои се сопственици сервери надвор од државата и поради тоа велат дека е клучна нивната превентивна реакција. - На тие игри не се знае каде завршуваат нивните податоци, каде завршуваат нивните пари, не се знае ниту дали самата игра е фер за граѓанинот и не постојат механизми за нивна заштита во случај на измама, затоа што ваквите игри најчесто се регистрираат, односно се воспоставуваат во држави каде оваа дејност не е регистрирана, односно каде што нема да подлежат на одговорност. - Мирослав Гроздановски, советник во кабинет на министерот за дигитална трансформација На овие нелегални страници најчесто се организираат игри како покер томболи и други игри на среќа, но граѓаните кога ќе кликнат на нив, сепак добиваат известување дека се дел од нелегална мрежа на игри на среќа, за која согласно новиот закон се предвидени и казни и за нив како учесници, објаснуваат од министерството. Сепак, иако новата законска регулатива е во сила уште од летово, казни во пракса за индивидуалци кои биле дел од вакви игри на среќа засега нема. – И самото учество на граѓаните во ваквите игри на среќа е забрането со новиот закон за игри на среќа – се предвидуваат глоби од 1000 до 2000 евра. Има ли санкциониран граѓанин досега? Досега според нашите информации нема санкциониран граѓанин. - Мирослав Гроздановски, советник во кабинет на министерот за дигитална трансформација Согласно законските измени, единствен приредувач на игри на среќа во државата во онлајн просторот е државна лотарија. Токму лотарија пак доставува список на нелегални страници кои приредуваат игри на среќа, а се лесно достапни за граѓаните. Потоа лотарија му го проследува тој список на Министерството за дигитална трансформација, од каде се издава налог за блокирање на страници, а Агенцијата за електронски медиуми има рок од пет дена го оневозможи пристапот до спорните страници на нашите граѓани. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеЧетворица потврдени со морбили, едно бебе завршило во инфективна Бебе под една година завршило на клиниката за инфективни болести, заради добивање на ситни сипаници или морбили. Бебето е во стабилна состојба и е пуштено на домашно лекување. Освен овој пациент уште кај тројца е потврдено дека имаат морбили, странски државнијан, уште едно дете помало од година и 40 годишен маж, сите се невакцинирани, потврди министерот за здравство Клековски. „Инстиутот за јавно здравје ги прави анктите, дали има поврзаност помеѓу случаите со морбили. Засега нема епидемија од морбили, но мора да се внимава и да се применуваат сите препораки и да се вакцинираат децата“, вели Сашо Клековски министер за здравство. Во моментот опфатот до МРП вакцината е под 70%, она што е важно да се вакцинираат сите деца, оние возрасни кои се вакцинирани со една доза. Вирусот е брзо пренослив и оние кои имаат симптоми на црвенило на кожа, зголемена температура да се јават на доктор и да не се мешаат на места каде има луѓе. „Вакцинирајте се, мора да има заштита. На пример децата под една година не се според календарот за вакцинација, а се заразени. И може да имаат компликации“, вели Сашо Клековски министер за здравство. Од 2018 година во Македонија имаше прогласено епидемија на морбили. 1900 луѓе се заразија со сипаниците, а почина четворица заради компликации. Од ИЈЗ апелираат на редовна вакцинација бидејќи станува збор за сипаници кои даваат сериозни последици по здравјето. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter