Властите велат дека најверојатно поминале повеќе од девет часа во врелиот автомобил.
Еден од родителите ги нашол на задните седишта непосредно по пристигнувањето во градинка околу 17:40 часот. Малите Брајсон и Брејден МекДаниел се чини дека биле во возилото од утрото и најверојатно починале од изложеност на прекумерна топлина, изјавила на прес -конференцијата вештакот Надија Ратерфорд. , пренесе АП.
Момчињата инаку изгледале добро згрижени и биле запишани во градинката, рече Радерфорд.
„Родителите се вознемирени“, додаде таа.Истрагата е во тек и властите не соопштуваат други детали.
Температурите вчера во Колумбија надминале 27 степени Целзиусови.
Испстражителите не ги именувале родителите, велејќи дека не сака да ги криминализира доколку се утврди дека се работи за несреќен случај.
"Не можеме да зборуваме за тоа како и зошто децата биле оставени во возилото толку долго. Ако се покаже дека е несреќа, на семејството треба да му се даде мир. Но, ако тоа било злосторство, ќе сториме се` за да донесеме правда за бебињата “, рече Радерфорд.