СДСМ: Криминалната власт ги донесе криминалните измени на Законот за јавните набавки – за повеќе пари за дилови во четири очи
1СДСМ: Криминалната власт ги донесе криминалните измени на Законот за јавните набавки – за повеќе пари за дилови во четири очи
СветУжас во Романија: Браќа крваво му се одмаздиле на зетот, кој ја тепал нивната сестраЖител на романското село Костулени бил брутално убиен од неговите шураци. Го тепале и газеле додека не престанал да се движи, пред очите на нивната сестра.Таа не интервенирала, ниту повикала брза помош. Човекот бил пронајден мртов следниот ден. Како што објави Зијарул де Јаси, А.Ц.А. бил во брак со М.А. од почетокот на 2021 година, а набргу потоа се родила нивната ќерка. На почетокот, односите меѓу сопружниците биле добри, но и двајцата имале навика да пијат премногу. Тоа довело до конфликти кои прераснале во епизоди на физичко насилство, во кои тие се тепале меѓу себе. На 11 јуни минатата година утрото започнало со ѕвецкање на чашите. Сопружниците ја посетиле мајката на жената. Од 10 до 17 часот пиеле со неа и нејзиниот партнер. На пат кон дома застанале во кафеана каде А.Ц.А. испил уште едно пиво, а потоа посетиле сосед со кого испиле чашка ракија пред куќата. Таму мажот се сетил на поранешниот партнер на сопругата, па поради љубомора двапати ја удрил. Сведокот подоцна изјавил дека се работело за две шлаканици, „на шега“. Меѓутоа, жената тоа не го доживеала така. Жената се вратила во куќата на нејзината мајка. Ударите што ги добила ги видел нејзиниот брат Денис Леустеан. Го повикал својот брат Флорин Раилеану, а потоа и двајцата бесни тргнале кон куќата на А.Ц.А. да го повикаат на одговорност. Ги следела нивната сестра. А.Ц.А. ги пречекал во куќата и седнале да разговараат. Потоа Раилеана го прашал А.Ц.А. зошто ја удрил нивната сестра. Тој одговорил дека само и удрил шлаканица, но жената го прекинала и го обвинила дека лаже, тврдејќи дека ја претепал. Од тој момент само „зборувале“ со тупаници. Рајлеана го погодил А.Ц.А. во стомакот, поради што паднал наназад на креветот. Леустеан го повлекол од креветот, а двајцата браќа почнале да го удираат со тупаници и клоци. Потоа го згазиле, брутално газејќи го и скокајќи на него. Го свртеле со лицето нагоре и го удирале со нога во градите. Престанале да го удираат дури кога веќе не давал знаци на живот. Раилеану потоа истурил кофа со вода врз жртвата. Двајцата браќа отишле дома во придружба на нивната сестра, но пред тоа уште неколку пати го удриле телото што лежело на подот. Кога стигнале кај мајката, раскажале како го претепале зетот. Присутните почнале да се смеат, сметајќи дека тоа е смешно. Следното утро, жената отишла да види како е нејзиниот сопруг. Го нашла во истата положба во која го оставила кога си заминала. Таа се вратила кај мајка си и и кажала дека А.Ц.А. е мртов. Како што подоцна оцениле судските лекари, човекот најверојатно починал истата вечер. Тој се здобил со скршеници на градната коска и ребра, расекотини на црниот дроб, слезината и бубрезите, а смртта настапила поради внатрешно крварење. Двајца браќа се обвинети за убиство. Судиите различно ја оцениле вмешаноста на секој од нив во настаните кои довеле до смрт на нивниот зет. Раилеану е осуден на 10 години затвор, додека Леустеан добил 11-годишна затворска казна. Судот досудил и отштета во износ од 65.000 евра во корист на роднините на жртвата. Од таа сума 20.000 евра ќе добие тригодишната ќерка на А.Ц.А. Пресудата на судот ја оспориле и обвинетите и обвинителите. Убијците побарале полесни казни, тврдејќи дека делото е извршено под влијание на провокативното, агресивното и дрско однесување на жртвата. Тврделе дека жртвата ги провоцирала исмевајќи ги. Од друга страна, обвинителите верувале дека Раилеану имал одлучувачка улога во текот на настаните. Бидејќи веќе имал криминално досие, би требало да добие казна барем еднаква на онаа на неговиот брат. Судиите од Апелација ја одбилњ жалбата на обвинетите, сметајќи дека иронијата не може да се смета за провокација. Освен тоа, ова не било првпат двајцата браќа да дознаат дека нивната сестра била претепана од сопругот. Новиот инцидент на насилство не можело да биде шок што ќе ги вознемири доволно за да ги доведе до убиство. Во секој случај, со оглед на бруталноста на нападите, казните биле дури и благи. "Слушнав како се кршат ребрата и видов како телото се деформира. Моите браќа застанаа дури кога видоа дека тој повеќе не се движи. Флорин извади тенџере со вода од шпоретот и му ја поли главата. Иако видоа дека не реагира , повторно удираа со тупаници и клоци по градите и стомакот. Флорин зел кофа со вода која била на масата до вратата и го полиле уште неколку пати, по што застанале“, изјавила пред судот сопругата на оштетениот. Судиите се договориле со обвинителите и му ја зголемиле казната на Раилеану, па тој ќе помине вкупно 11 години во затвор, исто колку и неговиот брат. Одлуката на Апелациониот суд е конечна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Криминалната власт ги донесе криминалните измени на Законот за јавните набавки – за повеќе пари за дилови во четири очиМнозинството на ВМРО во Собранието ги изгласа криминалните измени на Законот за јавните набавки. Наместо поголема транспарентност и заштита на народните пари, власта уште пошироко отвори дополнителен простор за корупција и сомнителни зделки и дилови. Во фокусот секако им се криминалните тендери. Со криминалните измените сами на себе си овозможуваат набавки без тендер на драстично поголема сума до 25.000 евра за стоки и до 120.000 евра за градежни работи. Тоа се повеќе пари за во четири очи, за криминални тендери без контрола и за свои партиски фирми. Така повеќе народни пари ќе се трошат без отворена конкуренција, со поголем ризик договорите да завршуваат кај однапред избраните фирми. Истовремено, се брише обврската воведена во 2019 година за задолжителна согласност од Бирото за јавни набавки за постапките со преговарање без објавување оглас. Значи, ги зголемуваат износите за набавки без тендер, а ја отстрануваат контролната пречка за договорите во четири очи. Ова се прави на штета на граѓаните и во интерес на бизнисите на Мицкоски, неговата Организирана криминална група и неговите сателити. Дополнително, многукратно се зголемуваат надоместоците за поднесување жалби. Наместо фирмите да се охрабрат да пријавуваат неправилности, правната заштита им станува поскапа и потешко достапна. Особено се погодени малите компании. Пораката на власта е јасна: функционерите полесно да договараат дилови во четири очи, фирмите потешко да се жалат. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, навреме предупреди дека овие измени отвораат простор за коруоција. Затоа СДСМ се спротивстави со над 2.000 амандмани. Криминалната власт ги протурка криминалните измени на законот. Народните пари за нив се партиска каса на ВМРО. Криминална власт, криминални закони! СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАХВ: Почна дистрибуцијата на вакцините за болеста сипаници кај овци и кози до ветеринарните друштваАгенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) почна со дистрибуција до ветеринарните друштва на обезбедените 400.000 дози од вакцините против болеста сипсници кај овци и кози.Вакцините се од турско производство и обезбедени се како донација од Европската унија. Според очекувањата, согласно одбрениот План за вакцинација од ЕУ, од среда се очекува да почне и аплицирањето на вакцината на терен. АХВ ги доби резултатите од лабараториските тестирања на вакцината кои беа спроведени во лабораториите на Факултетот за ветеринарна медицина. Проверен и потврден е нивниот квалитет како една од најдобрите вакцини за заштита на добитокот од оваа болест, како и нивната микробиолошка исправност и јачина. Со вакцинацијата ќе бидат опфатени 3.417 стада и 438.042 животни во осумте региони. Првата фаза ги опфаќа Вардарскиот, Источниот, Југоисточниот и Североисточниот регион каде се евидентирани 1.859 стада со 193.527 животни. Втората фаза ги опфаќа Југозападниот, Пелагонискиот, Полошиот и Скопскиот со 1.558 стада и 244.515 животни. Со третата фаза ќе се изврши дополнителна вакцинација, за да се обезбеди највисок можен опфат на целната популација животни. Оваа фаза ќе вклучува јагниња и јариња кои ја достигнале минималната возраст за вакцинација по завршување на првата и втората вакцинална фаза, животни чија вакцинација е привремено одложена поради клиничка состојба или ветеринарна проценка, бремени животни и животни во постпарталниот период за кои вакцинацијата е одложена по документирана проценка на ризик - бенефит. Со оваа фаза опфатени ќе бидат и фарми кои биле недостапни за време на почетната кампања за вакцинација, фарми каде што вакцинацијата е одложена поради сомнение за инфекција со болеста сипаници кај овци и кози, под услов надлежниот официјален ветеринар да ја одобрил вакцинација. Вакциналната кампања ќе опфаќа клинички здрави овци и кози од целната популација, јагниња и јариња кои ја достигнале минималната возраст за вакцинација, овци и кози кои не се исклучени од вакцинација во согласност со упатството за употреба на специфичниот ветеринарно медицински препарат, во согласност со карактеристиките на производот или упатството за употреба на специфичната вакцина. Гравидните, болните животни и другите категории животни ќе се третираат во согласност со упатството за употреба на вакцината. Од почетокот на годинава досега АХВ има евидентирано 115 жаришта на болеста сипаници коај овци и кози. Во овој временски период угинати од болеста се 875 животни, а нештетно отстранети се 9359 животни. Агенција за храна и ветеринарствоТагови: АХВ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенес променливо облачно со повремени врнежи09:00На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Фактите потврдуваат дека Алта банка имала сопственички удел во ЕУ банкаФактите и документите јасно покажуваат дека Алта банка немала забрана за работење во Европската Унија, спротивно на лагите и манипулации што во јавноста ги пласираа СДС и Венко Филипче.Вистината за случајот со Алта банка е сосема поинаква од политичките конструкции и хистеријата што ја создаваа Филипче и СДС. Имено, Алта банка поседувала 9,63% од акциите во Адико банка, додека компанијата Дипломат пеј купила удел од 9,99%. Во август 2024 година, на двете компании им биле суспендирани гласачките права, откако надлежниот австриски регулатор утврдил дека тие дејствувале заеднички како поврзани лица и заедно стекнале квалификуван удел од 19,62%, без претходно да го известат надлежниот регулатор, согласно законските обврски. Станува збор за прекршочна санкција, односно регулаторна постапка поврзана со ненавремено пријавување на стекнат удел, а не за забрана за работење на Алта банка во Европската Унија од страна на Европската централна банка. Дополнително, во декември 2024 година, Дипломат пеј го продала својот удел на австриски инвеститор, по што во февруари 2025 година, била укината суспензијата на гласачките права на Алта пеј во Адико банка, констатирајќи дека повеќе не постоеле услови за заедничко дејствување меѓу двете компании. Овие околности јасно покажуваат дека случајот се однесува на конкретна регулаторна обврска при стекнување акционерски удел, а не на забрана за работа во ЕУ, со што сите гали и манипулации на СДС и Филипче паѓаат во вода. Банката немала никаква забрана за работа од Европската Унија и со самото тоа немало никаков основ и можност на Алта банка да и се забрани влез во Македонија, а од друга страна, пак, и Рајфајзен имала договор со групацијата на Мацура. Банка која има забрана за работа од ЕУ како што сака да претстави СДС, а не прекршочна казна што е во случајов за ненавремено пријавување на удел од над 10%, нема можност да влезе во македонскиот банкарски систем. СДС и Филипче уште еднаш се фатени во сопствените лаги и конструкции, оваа регулаторна постапка да ја претстават како забрана за работење во Европската Унија, кога станува збор за две различни работи. Лажат и манипулираат за Алта банка со цел да предизвикаат страв и паника кај граѓаните исто како што беше и случајот со мигрантите, водата за пиење во Скопје, за пензиите, ИПАРД програмата, извештајот на Томас Вајц. Таквите сценарија на СДС и Филипче за креирање хаос и несигурност нема да им успеат како што не им успеаја ни до сега, граѓаните не им веруваат и има за што не им веруваат. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter