Манасиевски: ПР-шефот на Филипче, Зоран Башановиќ е човекот што преку СДС ја навредува Македонија и ВМРО-ДПМНЕ
1Манасиевски: ПР-шефот на Филипче, Зоран Башановиќ е човекот што преку СДС ја навредува Македонија и ВМРО-ДПМНЕ
ЖивотУжас во пилотската кабина: Смртоносна кобра му ползи под седиштето во патнички авионЗа јужноафриканскиот пилот Рудолф Еразмус тоа бил само уште еден обичен лет, кога на височина од три километри на летот од Блумфонтејн до Преторија, не забележал „слеп“ патник во авионот - кобра како лази и се крие под неговото седиште.„Искрено, на почетокот се чувствував како мојот мозок да не регистрира што се случува“, изјавил тој за Би-Би-Си. „Почувствував како нешто студено се лизга по кошулата на мојот грб, мислејќи дека не сум го затворил правилно шишето со вода и дека можеби ми капе по грбот. Но, кога се свртев и погледнав надолу, видов кобра како ползи и исчезнува под седиштето“, раскажа тој. Потоа решил принудно да го приземји приватниот авион Beechcraft Baron 58 со четворица патници (и змијата) на најблискиот аеродром Велком. Имал на ум дека каснувањето на жолтата кобра може да биде смртоносно и може да убие човек за само 30 минути. Но, тој не сакал да предизвика паника меѓу патниците, па прво добро размислил пред со мирен глас да ги извести дека во кабината има и несакан патник. „Многу се плашев дека змијата може да се вовлече во задниот дел од кабината и да предизвика паника. Но, на крајот решив да им кажам: Драги патници, во авионот има змија, таа е под моето седиште, па затоа ќе се обидам да слетаме што е можно поскоро“, раскажал Еразмо. Рече дека во еден момент можело да се „слуша“ како паѓа игла на подот додека сите патници се замрзнале од страв за момент или два. Тој додаде дека пилотите се обучени за бројни непредвидени сценарија, но тоа не вклучува средба со отровна змија во пилотската кабина. Сепак, капетанот Еразмо реагирал брилијантно. Присуството на змија во авионот, иако многу шокантно за сите, не било сосема изненадувачки. Имено, двајца вработени во аеро-клубот Ворчестер, од каде што првпат полетал авионот, изјавиле дека претходно забележале рептил кој се крие под леталото и дека се обиделе да го фатат, но безуспешно. Капетанот Еразмо, исто така, рекол дека се обидел да ја пронајде змијата пред да се качи во авионот, но бидејќи ја немало никаде, претпоставил дека се извлекла во текот на ноќта или рано наутро. Еразмо беше поздравен како локален херој, а комесарот за цивилно воздухопловство на Јужна Африка, Попи Коса ја пофали неговата „навистина одлична реакција која ги спаси сите патници во авионот“, објави News24. Но, скромниот пилот вели дека не се чувствува посебно за тоа што го направил: „Мислам дека пофалбите се малку претерани, бидејќи и моите патници останаа присебни и смирени“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: ПР-шефот на Филипче, Зоран Башановиќ е човекот што преку СДС ја навредува Македонија и ВМРО-ДПМНЕПР-шефот на Филипче, Зоран Башановиќ е човекот што преку СДС ја навредува Македонија и ВМРО-ДПМНЕ.Веќе со месеци говориме за српскиот свет што го води СДС, преку Башановиќ и Милјан Шчекиќ, а Филипче и другарите само испорачуваат. Доказ за тоа дека Филипче и СДС слугуваат на српскиот свет е токму оваа фотографија, едно од многуте соопштенија коишто Башановиќ и Шчекиќ ги пишуваат за СДС, ама не го владеат добро македонскиот јазик, па затоа честопати се забележуваат и печатни грешки. Она што го слушате од Филипче кога ја навредува Македонија и ВМРО-ДПМНЕ, впрочем е насока од српскиот или бугарскиот свет за кого Венко одработува. СДС со Филипче и Заев поради многу контроверзии со кои се соочуваат, мораат да се продадат на некој друг, бидејќи тука во Македонија не ги сакаат. Едниот криминалец со тапија, а другиот без. Наместо да се заангажираат за Македонија, тие работат за уништување и потчинување на државата, работејќи за странски служби. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕТагови: Валентин Манасиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: Бутел ја доби својата оаза - победи зеленилото наспроти бетонизацијатаГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, денеска заеднички официјално го пуштија во употреба новиот мега парк „Бутелска оаза“.- Бутел доби ново зелено срце. Место што ќе им припаѓа на граѓаните, ќе зближува генерации и ќе создава спомени. Има посебна радост кога дадениот збор ќе стане место исполнето со детска смеа. Се сеќавам, кога ја подготвувавме програмата за Скопје, Дарко побара да изградиме парк десет пати помал од овој што денес го отвораме. Ги разгледавме можностите и решивме да направиме многу повеќе - еден од најголемите мега паркови во Скопје, каков што Бутел заслужува. Денес, таа одлука е реалност пред нашите очи. На просторот каде што се планираше бетонизација, сега има огромна зелена површина, реквизити за најмладите, пешачки зони и фитнес зони за рекреација. Место за првите детски чекори, за младите и нивните дружења, за семејните прошетки и за спокојните утра на нашите пензионери. Простор за сите генерации. Простор за секој граѓанин – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека за одржување на зеленилото, целиот комплекс има сопствен систем за наводнување со техничка вода. - Создаваме парк со услови за долгорочно и одржливо одржување, за во неговата убавина да уживаат и генерациите што доаѓаат. Секое засадено дрво е влог во почист воздух. Секоја нова зелена површина е придонес за помалку урбана жештина. Секој нов парк е повеќе простор за здравје, рекреација и поквалитетен живот. Тоа е Скопје за кое работам. Град во кој секое маало е важно, секоја општина добива внимание и секој граѓанин заслужува уреден и достоинствен простор за живот. Бутел ја доби својата оаза. Скопје доби уште една причина за гордост. Да ја чуваме, затоа што ова е наше заедничко богатство – рече Ѓорѓиевски. Ѓорѓиевски нагласи дека со гордост може да каже дека ветеното за Бутел за неговиот четиригодишен мандат е реализирано уште во првата година и посака новиот мега парк „Бутелска оаза“ да биде полн со живот, детски џагор и убави моменти.Тагови: Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоОд утре до вторник претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дождПод влијание на циклонска активност од утре до вторник (03.11.) времето ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дожд соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи. . Пообилни врнежи ќе има во недела и во понеделник кон крајот на денот и во текот на ноќта кон вторник. На повеќе места се очекува да наврне поголема количина на дожд (над 25 l/m² за 24 часа), а во текот на прогнозираниот период локално и над 60 l/m2. Во Скопје, од утре до вторник времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Во недела и во понеделник кон крајот на денот и во текот на ноќта кон вторник врнежите ќе бидат пообилни. За целиот прогнозиран период во Скопската Котлина се очекува да наврне над 40 l/m2 дожд. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook