3„Мис Бум-Бум“ вети дека, ако Аргентина го освои Светското првенство, ќе го истетовира Меси на посебно место!
СветУжас во Кина: Најмалку тројца загинати и десетици повредени во пожар во висококатница (ВИДЕО)Во пожар што избувна во висока зграда во градот Тјанјуан, во северната кинеска покраина Шанкси, загинаа три лица, а 23 се повредени, од кои девет се во критична состојба.Причината за пожарот сè уште се истражува, објави денес CCTV News од Кина. Пожарот избувнал вчера околу 20 часот по локално време, а пламените јазици биле изгаснати во поголемиот дел преку ноќта. High-Rise Fire in Taiyuan Kills Three. What Would Happen in Sihanoukville? A high-rise building in Taiyuan, northern China caught fire around 8 PM Saturday night. Three people are dead, 23 injured, nine critically. The cause is still under investigation. Watching this and… pic.twitter.com/t6mjbQh0Qq — Jacob in Cambodia 🇺🇸 🇰🇭 (@jacobincambodia) March 29, 2026 Објектот што се запалил и хотелот се наоѓаат во истата зграда, а видеата од местото на пожарот објавени од очевидците покажуваат дека пожарот главно бил концентриран на надворешните ѕидови на зградата. A devastating fire broke out tonight in a high-rise building in Xiaodian District, Taiyuan, Shanxi Province, China. One fatality has been confirmed, along with 25 injuries, including seven people in serious condition. pic.twitter.com/SVN6pPqppO — WFBNEWS (@WFBNEWS24) March 28, 2026 Големи траги од пожар се видливи на надворешниот ѕид од источната страна на зградата, додека неколку излози по ходниците биле уништени од пожарот, а неколку електрични велосипеди паркирани пред излозите биле изгорени до голи метални рамки. Major fire in china Question- what material they used for making as outer layer of concrete building Burning so fiercely 😲 . pic.twitter.com/cbcZ9xpAN9 — Mr Arrow 06 (@MrArrow06) March 29, 2026 Тагови: Кина пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦаринските управи на Македонија и Албанија ја продлабочуваат соработкатаЦаринските управи на Македонија и Албанија ја продлабочуваат соработката со нов Протокол за царински контроли на заедничките гранични преминиУнапредување на граничното управување на граничните премини со Албанија преку поефикасни контроли и олеснување на трговијата, ќе овозможи забрзување на регионалната интеграција во ЕУ и оттука во фокусот на Царинските управи ќе биде унапредување на царинските процедури што ќе бидат дефинирани со новиот Протокол за спроведување на меѓудржавниот Договор за заеднички гранични премини. Делегации од двете Царински управи предводени од директорот Бобан Николовски и директорот на Царинската управа на Албанија, Бесмир Беја, заедно со високи претставници на ОБСЕ извршија увид во начинот на управување со граничниот премин Ќафасан-Ќафтане, по што беше остварена и средба на која трите страни дискутираа за практична примена на Договорот и Протоколот кон истиот. - Соработката со Албанија прерасна во вистинско партнерство засновано на меѓусебна доверба, отворена комуникација и заедничко разбирање дека ефикасното управување со границите е од суштинско значење за економскиот развој, регионалната поврзаност и безбедноста на нашите држави и регионот, истакна Николовски и додаде дека потпишувањето на Протоколот треба да резултира со намалување на времето на чекање и забрзан проток на трговијата, зголемена доверба на бизнис заедницата и забрзан проток на патници и стока. Директорот на Царинската управа на Република Албанија, Беја, истакна дека ваквите средби се доказ дека напредокот е можен доколку двете страни работат заедно. - Соработката на Царинските управи е најдобар пример како да ги подобриме условите и за граѓаните и за бизнис заедницата во нашите држави. Царинската управа на Македонија има добра репутација на институција која има најголем напредок. Со Протоколот ќе ги координираме царинските процеси и заеднички ќе ги користиме ресурсите што ги имаме на располагање и ова е токму во насока на подобри контроли и олеснување на трговијата, вели Беја. Раководителот на Програмата за реформи во полицијата и кривично-правниот систем во Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Едвард Андерсон рече дека е привилегија да се биде на историски настан кој не само што го унапредува заедничкото делување туку и ја унапредува сигурноста на граѓаните на двете држави. Дарко Ангелов, шеф на Одделот за соработка во областа на безбедност во Мисијата на ОБСЕ во Тирана потенцира дека Протоколот е успешна кулминација на десетгодишна успешна соработка во делот на граничното управување која постојано се надоградуваше преку поддршка и на Мисиите на ОБСЕ во Македонија и Албанија. Тој притоа додаде дека е поминат долг пат од воспоставување на првиот полициски контактен центар за соработка, сега проширен и во делот на царината на граничниот премин Ќафасан-Ќафтане.Тагови: Царинска управа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски нуди бланко поддршка за СДСМ ако се договори гласањето на дијаспората15:00Пожар во близина на Пробиштип, густ чад на патот Штип- Пробиштип го отежнува сообраќајот12:34Презентација на воена опрема вредна над 40 милиони евра во касарната „Илинден“08:57Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно08:30МВР најави кривични пријави за малолетничките и родителите за бруталното насилство во Аеродром15:00
МакедонијаДиректорот на БЈБ Јанев: Полициското образование е темел на силна и професионална полиција Јанев ја посети Полициската академија, каде заедно со раководството и вработените присуствуваше на церемонијата на неделното спуштање на државното знаме.Денеска (03.07.2026) директорот на БЈБ Александар Јанев ја посети Полициската академија, каде заедно со раководството и вработените присуствуваше на церемонијата на неделното спуштање на државното знаме – традиција која симболизира чест, одговорност и посветеност кон татковината. При посетата, директорот Јанев истакна дека оваа церемонија за него има особено значење, бидејќи го потсетува на неговите почетоци во полициската професија пред 33 години, кога како кадет ги направил првите чекори во службата. Тој нагласи дека обновувањето на Средното полициско училиште „7 Мај“ во рамките на Полициската академија претставува обновување на вредностите, традицијата и докажаниот систем за создавање професионални и достоинствени полициски службеници. Директорот Јанев порача дека раководството останува посветено на изградба на модерен и стабилен полициски систем заснован на знаење, интегритет и професионалност, нагласувајќи дека силната полиција започнува со образованието, вредностите и љубовта кон татковината. Тагови: БЈБ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПромоција на нова воена опрема во касарната „Илинден“Преку европскиот мировен фонд АРМ доби воена вресна над 40 милиони евра. Презентацијата беше денека во касарната Илинден каде што имаже и показна вежба на припадниците на аримијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски нуди бланко поддршка за СДСМ ако се договори гласањето на дијаспората15:00Пожар во близина на Пробиштип, густ чад на патот Штип- Пробиштип го отежнува сообраќајот12:34Презентација на воена опрема вредна над 40 милиони евра во касарната „Илинден“08:57Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно08:30МВР најави кривични пријави за малолетничките и родителите за бруталното насилство во Аеродром15:00