Ужас во Јапонија: Тинејџерка скокнала од трговски центар, паднала врз пешак и го убила - Канал 5

Ужас во Јапонија: Тинејџерка скокнала од трговски центар, паднала врз пешак и го убила

Две лица загинаа во јапонскиот град Јокохама откако тинејџерка скокнала од трговски центар, паднала и убила пешак.

Ужас во Јапонија: Тинејџерка скокнала од трговски центар, паднала врз пешак и го убила

Тинејџерка (17) скокнала од зграда во преполн шопинг кварт, удирајќи во 32-годишна жена која била излезена со пријателите.

Двете веднаш биле пренесени во болница, а на тинејџерката ѝ е констатирана смрт еден час подоцна. Набргу потоа починала и жената (32).

Повеќе луѓе помлади од 18 години во Јапонија загинале на 1 септември - непосредно пред новата учебна година - отколку во кој било друг ден, според официјалната статистика.

Минатата година, 513 деца си го одзеле животот во Јапонија, а како најчест фактор биле наведени „училишни проблеми“.

Учениците кои не сакаат да се вратат на училиште се познати како футоко, или „луѓе кои не одат на училиште“, пренесува Би-Би-Си.

Главните причини зошто овие футоки го избегнуваат училиштето се семејните околности, личните проблеми со пријателите и малтретирањето, покажуваат претходните истражувања на Министерството за образование.

Во последниве години, властите и медиумските организации се обидуваат да ја подигнат јавната свест за предизвиците со кои се соочуваат учениците во овој период од годината.

Последниот инцидент во Јокохама отсликува слична епизода во 2020 година, кога 17-годишно момче скокна од покривот на трговски центар, убивајќи 19-годишна студентка во прометна област Осака.

Во тоа време, момчето било постхумно обвинето за убиство од небрежност, што значи дека неговото семејство му должи на семејството на жртвата што ја убил. Сепак, обвинението било отфрлено набргу потоа.

Јапонија е единствената земја од Г7 каде што самоубиството е водечка причина за смрт кај тинејџерите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Савески, до каде е кривичната пријава против Славески за Алта банка?

Времето поминува а обвинителството молчи за Кривичната пријава поднесена од СДСМ за Алта банка.

СДСМ: Савески, до каде е кривичната пријава против Славески за Алта банка?

Обвинителот Ненад Савески има обврска пред граѓаните да одговори: до каде е постапувањето по кривичната пријава против Трајко Славески и другите одговорни лица во Народната банка за Алта банка?

Дали е оформен предмет? Дали е определен обвинител што постапува?

Кои дејствија се преземени?

Кривичната пријава е темелна, опширна и со конкретни правни аспекти и основани сомневања за несовесно работење во службата и злоупотреба на службената положба и овластување.

Трајко Славески е директно одговорен, тој ја даде дозволата и како што самиот призна во координација со Мицкоски ја донесоа пералницата на Вучиќ, криминалната Алта банка во Македонија.

Луѓето сега не можат да дојдат до своите пари, пензионерите до своите пензии, загрозен е и банкарскиот систем.

Обвинителството мора бргу да реагира за да спречи уништување на докази, заташкување, криење на сметки и трансакции.

СДСМ веќе побара да се преземат законски мерки за заштита на доказите и спречување евентуално влијание врз сведоците, вклучително и да се побара привремена забрана за вршење на должноста на Славески.

Што е преземено од страна на Обвинителството?

Ниту една функција не смее да биде штит од одговорност.

Обвинителството не смее да биде последната линија на одбрана на власта.

Савески, јавноста очекува одговор: до каде е кривичната пријава за Алта банка?

Скопје, 16.13.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Денеска во Брисел остварив средба со Герт Јан Копман

Денеска во Брисел остварив средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство при Европската комисија, објави на совјот профил на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски. 

Мицкоски: Денеска во Брисел остварив средба со Герт Јан Копман

Во фокусот на разговорите беа европската перспектива на Македонија, напредокот во реформските процеси и следните чекори во пристапувањето кон Европската Унија.

Нашата определба за членство во Европската Унија е јасна и недвосмислена. Македонија заслужува европска иднина, заснована на принципиелни односи, почитување и заштита на националните интереси, како и доследно спроведување на реформите во интерес на граѓаните.

Продолжуваме со посветена работа, исполнување на реформската агенда, одговорна политика и јасна визија за европска, стабилна и просперитетна Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети

Париската полициска управа, почнувајќи од денес па сè до петок, забрани ненајавени собири и протестни поворки во радиус од 100 метри околу десет средни училишта и пет универзитетски објекти во француската престолнина. 

Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети

Одлуката за забрана, донесена во неделата поради протестите, опфаќа одредени средни училишта во четвртиот, шестиот, осмиот, единаесеттиот, тринаесеттиот и седумнаесеттиот париски округ, пренесува денес BFM.

Забраната се однесува и на Техничкиот факултет при Универзитетот Сорбона, кампусот „Пари-Сите“ (Paris Cité), центрите „Рене-Касен“ и „Лурсин“ на Универзитетот Пантеон-Сорбона, како и на дел од Универзитетот Пантеон-Асас.

„Забележани се бројни инциденти и блокади во близина на одредени средни училишта и високообразовни институции во Париз и неговата околина, како дел од едно општествено движење чиј обем и насилство не стивнуваат“, изјави шефот на париската полиција, Патрис Фор, образложувајќи ја одлуката.

Како што појасни тој, овие инциденти резултирале со „уништување на јавен имот, пожари, сериозно насилство врз припадници на образовната заедница, како и судири со органите на редот“.

Тој додаде дека од почетокот на движењето во Париз се приведени 1.548 лица. Шефот на полицијата оцени дека блокадите се предводени „главно од малцинство ученици“, но дека тие ја ограничуваат слободата на движење на сите останати, како и основното право на образование.

„Тие го поттикнуваат гневот кај родителите на некои ученици, кои сакаат да се стави крај на блокадите, што доведе до тензии меѓу тие родители и мобилизираните средношколци“, заклучи тој. Во петокот, градоначалниците на осумте париски окрузи побараа од ректоратот да преземе мерки со кои ќе се овозможи обезбедување на влезовите во блокираните средни училишта, како и излезите од тие установи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер