Стојаноски: Пред почеток на учебната година Владата со конкретни мерки ги поддржува семејствата, ранци, тетратки, пенкала, моливи, боици по пониски цени
2Стојаноски: Пред почеток на учебната година Владата со конкретни мерки ги поддржува семејствата, ранци, тетратки, пенкала, моливи, боици по пониски цени
3Сали: Автопатот Скопје–Блаце е историска инвестиција што ги зближува граѓаните и ја поврзува нашата заедничка европска иднина
2Тензии во Ал Наср. Постекоглу го замени бесниот Роналдо и го пресвртна резултатот од негатива од 0–2
БалканУжас во Хрватска: Во двор се најдени закопани телата на две бебиња, родителите во притворРодителите на две бебиња, чии тела биле пронајдени закопани во дворот на семејна куќа во Љубље Калнички во близина на Вараждин, времето во притвор го минувале читајќи ја Библијата.Родителите на две бебиња, чии тела биле пронајдени закопани во дворот на семејна куќа во Љубље Калнички во близина на Вараждин, времето во притвор го минувале читајќи ја Библијата, не зборувајќи и молејќи се, дознаваат од извори блиски до истрагата. Таткото е од Сплит, роден 1982 година, мајката е од Загреб, а немаат исто презиме, дознава Јутарњи. Брачниот пар во четириесеттите години не е регистриран на подрачјето на општината каде што живее, а градоначалникот на Љубешчица, Ненад Хорватиќ, за Јутарњи вели дека „никогаш не ги видел ниту слушнал за нив во животот“. Бидејќи тоа е област каде што сите луѓе се познаваат, барем од видување, очигледно е дека се работи за многу таинствени луѓе. Тие не го пријавиле раѓањето на двете деца, што укажува дека тие не се родени во болница. „Сакам да им порачам на моите сограѓани дека нема место за паника, дека не се работи за сериски убиец, како што веќе беше кажано, туку се работи за индивидуален случај во кој се познати сторителите“, заклучува градоначалникот Хорватиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26Трајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат11:53 Одбележување на роденденот на Мајка Тереза11:05Мицкоски на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце09:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
СветИран планира атентат на еден од синовите на премиерот на Иразел НетанјахуВо дел од светските медиуми денес се појавуваат нови информации за атентатот врз Јаир Нетанјаху, синот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, додека тој живеел на Флорида.Според порталот „Њузмакс“ (Newsmax), израелските разузнавачки служби ги известиле американските власти за ова кон крајот на минатата година. Според извор запознаен со истрагата, ирански оперативци веќе биле во областа на Мајами и го следеле движењето на Јаир Нетанјаху, вклучително и во неговата резиденција во Халандејл Бич. Јаир Нетанјаху (35), кој имаше постојано обезбедување од израелските служби, веднаш ја напуштил Флорида по предупредувањето и се вратил во Израел, оставајќи ги своите лични работи во САД, соопшти изворот. Во понеделникот, во интервју за израелскиот Канал 14, израелскиот премиер потврди дека Иран се обидел да убие еден од неговите синови, но не прецизираше за кој син станува збор. „Иран целеше кон еден од моите синови. Се обидоа да го убијат“, изјави Нетанјаху. Нетанјаху има двајца синови, Јаир и Авнер. Авнер живее во Израел, додека Јаир помина подолг период во областа на Мајами, каде што стана познат како конзервативен политички коментатор и јавен бранител на својот татко. Израелскиот Канал 12 објави дека некои медиуми со месеци знаеле за планот за атентат, но дека неговото објавување претходно било спречено од воената цензура.Тагови: Израел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСтојаноски: Пред почеток на учебната година Владата со конкретни мерки ги поддржува семејствата, ранци, тетратки, пенкала, моливи, боици по пониски цени Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со конкретни мерки кои директно значат грижа и поддршка за граѓаните и за семејниот буџет.Во таа насока со почетокот и на оваа нова учебна година Владата донесе одлука за намалување на цените на училишниот прибор, мерка која ќе трае заклучно со 30-ти септември годинава. Со одлуката трговците на големо се задолжуваат да ги намалат цените на училишниот прибор за најмалку 10%. Истовремено трговците на мало се задолжуваат да обезбедат намалување на цените од најмалку 15%. Ова е конкретна и директна поддршка за семејствата во период кога родителите имаат зголемени трошоци за подготовка на своите деца за новата учебна година. За семејствата со повеќе од еден ученик ова ќе значителна помош и заштеда на семејните буџети. Мерката опфаќа широк спектар производи. Практично се што им е потребно на учениците за учебната година ќе можат да го набават со намалени цени почнувајќи од ранци и ташни, тетратки, блокови, колажи, моливи и пенкала, боици, пластелинни, теста за моделирање, фломастери, линијари и дидактички материјали, како и многу други производи неопходни за почетокот на учебната година. Целта на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е јасна. Родителите да можат да го обезбедат потребниот училишен прибор за своите деца по пониски и попристапни цени. Ова е трета година по ред каде што пред почетокот на учебната година Владата воведува училишна кошничка со единствена цел да им го олесни месец септември на родителите и семејствата, да ги заштеди семејните буџети и да го заштити животниот стандард на граѓаните. Септември и почетокот на учебната година треба да биде момент на среќа и убаво расположение како на учениците што се враќаат во училишните клупи, така и за родителите кои треба да ги подготват своите деца со сите потребни материјали за на училиште, а не моменти на грижа и на стрес како да се намерат трошоците. Токму затоа Владата продолжува со политики кои носат конкретна корист за граѓаните и директно придонесуваат за заштита на животниот стандард. Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Бојан Стојаноски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото:Иванка Трамп знае и да сурфаЕдна од најмоќните жени во светот покажа скриен талент и ги воодушеви фановите на социјалните мрежи.Иванка Трамп замина на нов одмор со семејството, каде што ужива во своето омилено хоби, а фотографиите од одморот фуриозно се проширија на социјалните мрежи. 44 годишната Иванка која е ќерка на американскиот претседател Доналд Трамп, покрај тоа што привлекува внимание на јавноста со својот изглед, во последно време фасцинира и со своите спортски вештини. Таа очигледно е љубител на адреналински возбудувања, бидејќи поголемиот дел од летото го помина сурфајќи, а својот талент го покажа и за време на семејниот одмор во Костарика, каде што често патува. Претходно Иванка со семејството летуваше на Исланд, а сега, е време за нови авантури во потоплите краишта. Ivanka Trump Turns Heads With Surfing Skills During Costa Rica Family Getaway . #IvankaTrump #CostaRica #FamilyVacation #Surfing #CelebrityNews pic.twitter.com/WBBZXYywp2 — JL News Today 🇺🇸 (@JLNewsToday) August 24, 2026 Иванка ги искористи брановите и ги покажа своите вештини на зелената даска, а притоа одлично се забавуваше со својот инструктор. Таа носеше горен дел од костим за нуркање и црн долен дел од костим за капењеТагови: Иванка Трамп костарика Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook