Ужас во Грција: Ја закопала мајка си во шталата, па лажела дека е жива за да ѝ ја зема пензијата - Канал 5

Ужас во Грција: Ја закопала мајка си во шталата, па лажела дека е жива за да ѝ ја зема пензијата

Грчките медиуми објавуваат нови, шокантни детали во случајот со 62-годишна жена од селото Клеиди во регионот Беотија, која ја закопала својата мртва мајка во штала до нејзината куќа, лажејќи го целото село и роднините дека старицата е жива.

Ужас во Грција: Ја закопала мајка си во шталата, па лажела дека е жива за да ѝ ја зема пензијата

Нејзината мајка (91) исчезнала пред четири години, но нејзината ќерка им кажала на роднините дека нејзината мајка е жива и во куќата, но дека не сака да излезе.

Медиумите пишуваат дека ќерката ја претворила куќата во „тврдина“ со трајно запечатена врата, додека секој пат кога ќе поминеле соседите, таа се однесувала и викала „Мамо, доаѓам, престани“.

Последен пат соседите ја виделе старицата пред четири години. Според нив, жената изгледала валкано, со искината облека и во лоша состојба, објавија грчките медиуми.

Роднина на семејството изјавила дека жената му рекла дека нејзината мајка е во дом за стари лица.

Целата работа била откриена кога била предадена од жена што ја донела дома за да се претстави како нејзина мајка во полицијата.

Постарата жена, која ѝ била сосетка, била збунета кога полицијата ја прашала за нејзиното име и го кажала своето вистинско име. На полицијата ѝ било јасно дека станува збор за измама, а потоа преку истрага дознале дека ќерката ја закопала мајка си во шталата до куќата, за да може да продолжи да ја прима нејзината пензија.

Телото не било закопано многу длабоко и било само покриено со земја, додека јамата имала мал дијаметар, што значи дека старицата била згрчена во дупката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поведена постапка против три лица за врсничко насилство во Куманово, две од осомничените се малолетнички

ОЈО Куманово поведе постапка против една 18-годишна девојка.

Поведена постапка против три лица за врсничко насилство во Куманово, две од осомничените се малолетнички

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против една 18-годишна девојка, а за две малолетнички на возраст од 15 и 14 години е поднесено барање за поведување подготвителна постапка до судијата за деца при Основниот суд во Куманово, бидејќи заедно учествувале во дејствија на кривично дело – Насилство согласно член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На 13 март годинава тие повикале девојче кое тогаш имало 13 години да излезе од дома со нив и ја убедиле да влезе во запуштена просторија во близина на спортскиот центар ” Соколана”. Таму жртвата грубо ја навредувале и физички ја нападнале, удирајќи ја по лицето и телото и ја либеле за коса. Насилството го снимале со телефон, а на нападнатото девојче му се заканиле по живот доколку каже некому за настанот.

Јавното обвинителство, веднаш по објавата на видеото на социјалните мрежи презеде дејствија за обезбедување докази, а за полнолетната осомничена достави и предлог за определување мерки на претпазливост до надлежниот суд – задолжително јавување во судот, привремено одземање на патната исправа и забрана за приближување и воспоставување контакти со жртвата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Условна затворска казна од една година за поранешната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска

Условна затворска казна од една година, ако стори кривично дело во следните три години, доби екс-претседателката на антикорупциска Татјана Димитровска, откако беше прогласена за виновна за оддавање на службена тајна и компјутерски фалсификат. 

Условна затворска казна од една година за поранешната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска

Судот како отежнителна околност го наведе тоа што делата ги сторила како претседателка на една од најважните институции за борба против корупцијата, а ја компромитирала и државната безбедност и го изиграла системот за да добие највисок безбедносен сертификат, по што, на крајот и изрече условна казна.

Предметните обвинители, пак, се задоволни што е докажана вина, а по однос на казната, посочија дека очекувале ефективен затвор. Најавија дека дополнително ќе се произнесат дали ќе поднесат жалба до Апелација.

И условната казна претставува неуспех, порача адвокатот на поранешната антикорупционерка – Владимир Туфекџиќ. Тој веќе најави жалба до апелацискиот суд, со цел, како што кажа, да се докаже невиноста на Димитровска.

Второбвинетиот, ревизорот Миле Столевски, кој го полагал безбедносниот сертификат во име на Димитровска доби исто така условна затворска казна од шест месеци. Единствено, ослободителна пресуда доби Биљана Манева, обвинета во случајот дека му оддавала службени информации на Небојша Стојановиќ, поранешен директор на ТЕЦ Неготино и обвинет во предметот „Адитив“. Судот оцени дека Стојановиќ во тој период не можел да се смета за неповикано лице, бидејќи бил директор на институцијата. Што се однесува до Мантева – обвинителството децидно најави дека ќе се жали пред Апелација

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кина е длабоко загрижена

Кина е длабоко загрижена поради обновената ескалација на воените конфликти во регионот на Персискиот Залив, изјави денес портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијан.

Кина е длабоко загрижена

Тој, исто така, ги повика сите релевантни страни да покажат воздржаност и „да го одржат тешко постигнатиот прекин на огнот“, објави Синхуа.

Одговарајќи на поврзано прашање за време на редовната прес-конференција, Лин ги повика сите вклучени страни да избегнат враќање на војната.

Тој особено нагласи дека спречувањето на понатамошна ескалација на борбите е клучно за заштита на животите на невините луѓе.

„Почитувањето на легитимните права и интереси на крајбрежните земји на Ормутскиот теснец и брзото враќање на нормалниот и безбеден премин низ теснецот е она што меѓународната заедница сака да го види“, рече Лин, додавајќи дека релевантните страни мора да работат во иста насока и да бараат соодветно решение, соопшти агенцијата.

Централната команда на САД (CENTCOM) објави претходно денес дека го завршила најновиот бран напади врз воени цели во Иран.

САД започнаа неколку бранови напади врз Иран од 7 јули.

CENTCOM соопшти дека нападите биле одговор на иранските напади врз комерцијалниот брод во Ормутскиот теснец.

Техеран одговори со напади врз американските бази во Кувајт, Бахреин и Јордан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер