Ужас во грчкиот град Јанина: Тело на маж е најдено во кеси за ѓубре, на рацете имал лисици - Канал 5

Ужас во грчкиот град Јанина: Тело на маж е најдено во кеси за ѓубре, на рацете имал лисици

Тело на непознат маж е пронајдено во градот Јанина во Грција.

Ужас во грчкиот град Јанина: Тело на маж е најдено во кеси за ѓубре, на рацете имал лисици

Според првите информации, се сомнева дека е убиен на друго место, по што утрово бил преместен на локацијата каде што е пронајден, објави Катимерини.

Мажот имал лисици на левата рака и оружје врзано на другиот крај. Засега не е познато дали со ова оружје е убиен.

Околу главата и нозете имал вреќи со ѓубре, додека торзото му било откриено.

Се чини дека на телото имало повреди, но засега не се познати повеќе детали.

Процесот на идентификација е во тек.

Надлежните ги прегледуваат камерите во околината, при што се нагласува дека на ова подрачје немало пријавени исчезнувања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Непоткрепена порака за ешерихија коли во водата за пиење шири паника низ Скопје, остар демант од Град Скопје

Една чаша вода како одговор на информациите дека скопската вода не е безбедна за пиење. 

Непоткрепена порака за ешерихија коли во водата за пиење шири паника низ Скопје, остар демант од Град Скопје

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски пред камерите испи вода од чешма, уверувајќи ги скопјани дека нема место за паника, дека во водата нема бактерии и дека таа е целосно безбедна за пиење.

Откако изминативе денови на социјалните мрежи се ширеа предупредувања дека во скопската вода има бактерија ешерихија коли, Ѓорѓиевски на вонредна прес-конференција обвини за организирано ширење паника од опозициски структури. Најави дека ќе бидат идентификувани профилите кои ги ширеле дезинформациите и дека за нив соодветно ќе постапува МВР. Дека водата согласно последните испирувања е и хемиски и микробиолошки исправна уверуваат и од ЈП „Водовод и канализација“. Оттаму велат дека водата секојдневно се испитува од околу 40 точки низ градот, а по појавата на информациите била направена и вонредна ПЦР-анализа, која исто така не покажала присуство на бактерии.

-Ние имаме една од 5-те најдобри води и извори во Европа и одговорно тврдам и стојам позади тоа. Јас не сум монстум кој што ќе дозволи макар еден живот на моите сограѓани да биде загрозен..Ова е организиран напад за ширење на хистерија, според мене рамно на терористички напад и од утринава се сублимираат сите профили и лажните а и оние приватни а се припадници на опозициските партии и уредно во текот на денот од директорот на Водовод ќе бидат доставени до МВР. - Орце Ѓорѓиевски – градоначалник на град Скопје

- Земен е уште еден вонреден примерок од водоснабдителниот систем, од мерно место фабрика Пивара и е направена брза ПСР анализа. Таа е брза анализа која за помалку од 4 часа имаме основни индикаторски параметри каде е констатирано дека не е утврдено присуство на ешерихија коли, ниту на колиформни бактерии, ниту на псевдомонас.- Емилија Јанеска – ЈП „Водовод и Канализација“

Покрај градските власти, информациите дека скопската вода е неисправна ги демантираа и од АХВ, ИЈЗ и од Министерството за здравство. Од АХВ посочија дека немаат информација за незадоволителни резултати од лабораториско испитување на водата за пиење, што е нивна законска обврска, додека од Министерството за здравство велат дека досега нема регистриран ниту хоспитализиран пациент чија здравствена состојба се поврзува со пиење вода од скопскиот водовод. Директорот на Инфективната клиника, Фадил Цана, вели дека дека иако бројот на пациенти е зголемен поради високите температури, кај ниту еден нема индикации дека причината за хоспитализација е водата.

-Бројот е зголемен но не е над нормалата, споредбено со другите години тука е во очекуваниот раст, така што немаме податоци дека некој има гастро интестинални тегоби поради пиење на вода. - Фадил Цана – Директор на Клиника за инфективни болести

Во меѓувреме, ОЈО соопшти дека по допрен глас оформило предмет за проверка на информациите за енормно загадување со отпад, во заштитено подрачје во близина на изворите Рашче. Ѓорѓиевски ја поздрави одлуката на обвинителството, посочувајќи дека иако депонијата не е во надлежност на Градот, градските служби во моментов ја чистат. Според него, депонијата се наоѓа на значително растојание од изворите Рашче и не може да предизвика загадување на водоснабдителниот систем.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија

Полицијата попладнево почна да приведува луѓе во врска со пораките што ги вознемирија скопјани за наводна загаденост на водата, дознава Канал 5.

Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија

Шестмина се приведени попладнево во полициските станици низ Скопје на информативен разговор во врска со пораките кои се ширеа од синоќа со тврдење дека во водата во Скопје е пронајдена бактеријата ешерихија коли, дознава Канал 5. Според инфромаците, двајца од нив се во полициската станица во Кисела Вода, а останатите во другите станици низ главниот град, а сите се повикани по претходна пријава од градоналникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски. Тој на прес конференција оцени дека станува збор за оркестрирано ширење дезинформации и паника, за што очекува да има и одговорност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

115 санкции за непрописно престигнување на територија на цела држава

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. 

115 санкции за непрописно престигнување на територија на цела држава

Во текот на вчерашниот ден (11.08.2026) во периодот од 16:00 до 21:00 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на целата држава, при што санкционирани се 115 возачи. Од нив, 35 на територијата на СВР Тетово, 34 на територија на СВР Охрид, 19 на територија на СВР Битола... За време на контролата санкционирани се и 224 други видови на прекршоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер