Ужас во Германија: Девојче било сексуално нападнато од осуммина во базен

Девојче (13) било сексуално нападнато од група од осум млади момчиња во бањата на базен во Келн.

Наводно ја опколиле во бањата, ја малтретирале и туркале, а потоа еден од нив насилно и го извадил долниот дел од костимот за капење.

Девојчето некако успеало да се ослободи и веднаш повикала спасувач, кој за сѐ ја известил полицијата.

Полицијата веднаш ги уапсила момчињата на возраст од 16 до 26 години, пренесува RTL.

Главен осомничен е 16-годишник кој на девојчето ѝ го соблекол костимот за капење.

Сите млади момчиња се идентификувани и против нив е поднесена пријава.

Познати се Србите, кои ископаа тунел од стан до депото на Вишиот суд во Црна Гора

Тунелот до депото на Вишиот суд во Подгорица го ископале главно државјани на Србија, кои се идентификувани, а имале и помагачи од Црна Гора, изјави министерот за внатрешни работи на Црна Гора Филип Аџиќ на прес-конференција.

Аџиќ рече дека истрагата открила дека во тоа кривично дело учествувале српските државјани Вељко Марковиќ (32), Милан Марковиќ (53), Дејан Јовановиќ (30) и Владимир Ериќ (32), а во исто време ги објавил и нивните фотографии.

Против тие четири идентификувани лица е поднесена кривична пријава, како и против две непознати лица. „Веруваме дека имале уште најмалку петмина соработници“, рече Аџиќ, посочувајќи дека постои одредена поврзаност меѓу оваа криминална организација и лице од Вишиот суд и членови на црногорска криминална организација кои моментално се во затвор.

Иако Аџиќ одбил директно да каже за која криминална група се работи, се претпоставува дека станува збор за таканаречениот кавачки клан, чиј водач, Слободан Кашчелан, е во притвор во Подгорица.

Црногорскиот министер за внатрешни работи појасни и дека осомничените ја напуштиле Црна Гора на 11 септември, кога во медиумите беше објавено дека е извршен упад во Вишиот суд. Црногорската полиција кон средината на септември откри тунел долг 30 метри, кој од подрумот на станбена зграда водел до зградата на Вишиот суд во Подгорица, судска институција одговорна за најтешките кривични случаи.

Во депото на судот, до кој водел тунелот, се чуваат стотици илјади докази од бројни судски процеси, меѓу кои и дрога и оружје. Пописот открил дека во депото недостасуваат 17 парчиња оружје, но полицијата се сомнева дека криминалците се обиделе да ја сокријат вистинската причина за упадот во Вишиот суд.

Во текот на истрагата, некои судски службеници биле тестирани на полиграф, додека едно лице го одбило тестот. Случајот со тунелот го вознемири целото црногорско судство, а побарани се и оставки од првиот човек на црногорското правосудство и полицијата која ги обезбедува правосудните институции во Црна Гора.

Казнета е градоначалничка во Хрватска, зашто службениот автомобил го користела за приватни цели

Комисијата за спречување судир на интереси денеска ја казни градоначалничката од ХДЗ на Мали Лошињ, Ана Кучиќ со парична казна од 1.000 евра поради злоупотреба на службен автомобил со користење за приватни цели.

Комисијата донесе одлука дека функционерката Кучиќ го прекршил членот 7в од Законот за спречување судир на интереси, изјави портпаролката на комисијата Миа Јуриниќ.

Станува збор за злоупотреба на посебните права за користење службени автомобили“, нагласи Јуриниќ.

Таа е казнета со илјада евра затоа што 24 часа го користела службениот автомобил, иако таквата употреба не е утврдена со прописите на градот Мали Лошињ или со некој друг акт.

Комисијата на денешната седница донела одлука и за предметот против директорот на КБЦ Загреб, Анто Ќорушиќ. Поради неусогласеност во имотната книшка, во врска со информации за ординацијата лекар специјалист на сопругата и нејзиниот ОПГ, добил опомена од Комисијата.

Комисијата ја предупредила и парламентарката Анта Пркачин (Клуб на пратеници на Татковинското движење) затоа што не доставила имотна книшка до Комисијата за 2021 година, објави Индекс .

Јаревски: Власта е очајна и во такви услови превзема очајни чекори

Во вечерашната емисија „Само вистина“ на Канал 5 ТВ гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски кој што истакна дека власта е очајна и во такви услови превзема очајни чекори.

Во вечерашната емисија „Само вистина“ на Канал 5 ТВ гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски кој што истакна дека власта е очајна и во такви услови превзема очајни чекори, и се обидува да направи штета но ВМРО-ДПМНЕ е обединета, кохезивна и нема да отстапи од своите принципи и начела.

„Она што е суштински важно и што би можело да има импакт врз тековните случувања во Македонија е една многу јасна порака. Не постои ниту случка, ниту причина ниту пак личност што може да го отргне Христијан Мицкоски и ова раководство на партијата од бранењето на националните интереси. Не постои ниту личност ниту причина што би можело да изврши влијание за промена на нашиот став односно да не дозволиме да се извршат уставните измени под вакви услови односно под бугарски диктат“, нагласи Јаревски.

Јаревски потенцираше дека власта е очајна и во такви услови превзема очајни чекори, и се обидува да направи штета но ВМРО-ДПМНЕ е обединета кохезивна и нема да отстапи од своите принципи и начела.

„Имаме држава која е затрупана во корупција, разградени институции, власт која нема легитимитет и кредибилитет, имаат рејтинг кој што е ист со рејтингот на правосудството. Имаме ситуација на безнадежност и на револт. Во такви услови имаме очајна влада и во такви моменти пристапуваат кон очајни чекори. Од друга страна имаме силна компактна кохезивна, полна со патриотски дух помеѓу себе пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ која што знае што застапува и која што нема намера да отстапи од своите ставови и принципи. Ние нема да отстапиме нема да дозволиме промена на уставот под бугарски диктат“, потенцираше Јаревски.

притисни ентер