СветУжас во Германија: Адвокатка си го фрлила бебето од прозорец- ќе ѝ пречело во кариератаСтрашно злосторство од германската сојузна покраина Баден-Виртемберг доби епилог.Катарина Јовановиќ (28) од градот Некар е осудена на седум и пол години затвор откако ја фрлила од прозорец својата новородена ќерка мислејќи дека бебето ќе ѝ ја уништи кариерата како менаџер во Порше. Како што објави Dailymail, таа е осудена во Окружниот суд на 3 јули. Шокиран минувач под балконот на Катарина пронашол тело на новороденче со смачкан череп и повикал полиција. Таа на почетокот на судскиот процес кој започна во април го признала делото, но не објаснила што точно се случило. Катарина изјавила и дека не знаела дека е бремена. Но, обвинителството ја обвини за убиство и за тоа што намерно ја криела бременоста од соседите и колегите. Обвинителот тврдел дека Катарина мислела дека мајчинството ќе ѝ ја уништи кариерата во правниот оддел на Порше. „Обвинетата не била подготвена да ги стави на чекање своите животни планови, особено професионалното напредување, заради бебето. Тоа беше нејзина одлука кога се роди бебето и како резултат беа исполнети критериумите за осуда за убиство“, рече обвинителката Марике Хафендоерфер. Almanya'da Katarina Jovanovic isimli kadın, kariyerini olumsuz etkileyeceğini düşündüğü bebeğini pencereden atarak öldürdü - https://t.co/Gg3db5ZVXV Almanya'nın Baden-Württemberg Eyaleti'nde yaşayan Katarina Jovanovic, kariyerini etkileyeceğini düşündüğü için yeni doğan kızın... pic.twitter.com/6mJqu9ztEY — 🚨 Son Dakika Haberleri 🔥📣🚨 (@sondakikacc) July 5, 2024 Адвокатката Малте Хеч (53), тврдеше дека обвинетата не знаела дека е бремена: „Ова е драма што ме засега мене лично. Мојата клиентка не знаеше дека е бремена. Кога одеднаш држеше крваво бебе во рацете, беше во несекојдневна психолошка ситуација. Тоа беше несреќен случај, го испушти бебето, а како завршило детето кај прозорецот, останува да се утврди“. На крајот, судот го прифатил обвинението за убиство од небрежност и ја осудиле на седум и пол години затвор, што е три години повеќе од барањето на одбраната. Адвокатскиот тим на обвинетата најави дека ќе поднесе жалба. Mother throws newborn daughter out of a window to her death because 'she thought a child would ruin her career as an executive at Porsche' https://t.co/uaQvY3Jcwm pic.twitter.com/8iiBBQ4Y1K — Daily Mail Online (@MailOnline) July 5, 2024 Соседите за локалните медиуми изјавиле дека немале поим дека Катарина Јовановиќ е бремена и чека бебе. "Никој не забележа дека жената е бремена. Неодамна се смени и повеќе не разговараше со нас. Мислевме дека е под стрес на работа", рекол еден од нив.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
БалканПродолжува конститутивната седница на српското собраниеПо два бурни дена, продолжува дискусијата во Собранието на Србија. Пратениците денес го избираат претседателот на Собранието.Пратениците во Собранието на Србија денеска ја продолжуваат конститутивната седница на новиот, 15-ти состав на Парламентот. На дневен ред е изборот на претседател на Собранието, а кандидатите се: пратеничката група „Студентска листа“ го предложи Александар Чупиќ за претседател на Собранието, додека „Александар Вучиќ – Србија победува“ го предложи Стојан Раденовиќ. Со конституирањето на Собранието на Србија, започна да тече рокот од 90 дена за формирање на нова Влада. На дневниот ред на конститутивната седница се вклучени изборот на потпретседател на Народното собрание, именувањето на генерален секретар, како и изборот на членови на парламентарните работни тела и на постојаните парламентарни делегации во меѓународните институции.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЗапочна историскиот состанок Трамп, Путин, Си ЏинпингЗапочнува историска средба во Кина, на претседателите на САД, Русија, и Кина, Доналд Трамп, Владимир Путин и Си Џинпинг. Пред средбата домаќинот Си ручал со американскиот претседател Трамп. Претседателот на САД Доналд Трамп, кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин започнаа историска трилатерална средба во Шенжен, Кина. Клучните теми вклучуваат војната во Украина, нуклеарното оружје и меѓународната безбедност. Трамп изјави дека тројцата лидери „испишуваат историја“, Путин ги истакна заедничките интереси во однос на решавањето на војната во Украина, а Си повика на соработка во справувањето со глобалните прашања. За време на своето воведно обраќање на трилатералната средба со Си Џинпинг и Владимир Путин, американскиот претседател Доналд Трамп ја истакна важноста на соработката меѓу трите нуклеарни сили. „Се наоѓаме во единствена позиција да разговараме за тоа како да се намали бројот на нуклеарно оружје на Земјата“, рече Трамп. Тој додаде дека е „клучно“ САД, Кина и Русија да соработуваат за да се спречи ширењето на нуклеарното оружје кон други држави. „Токму тоа го правиме во однос на Иран. Нема да дозволиме Иран да поседува нуклеарно оружје“, изјави Трамп. Потоа се осврна на војната во Украина, напоменувајќи дека веќе имал „долг разговор“ со Путин на таа тема. „Мислам дека Путин – а се надевам и другата страна – би сакале да видат крај на таа војна“, рече американскиот претседател. Во своето воведно обраќање на трилатералната средба со Доналд Трамп и Си Џинпинг, рускиот претседател Владимир Путин ја истакна „заедничката одговорност“ на трите нации за одржување на меѓународниот мир и безбедност. „Како победници во Втората светска војна, Кина, Русија и САД мора да го зачуваат и зајакнат системот на меѓународното право“, рече Путин. Рускиот претседател нагласи дека трите земји имаат „бројни заеднички интереси во решавањето на регионалните конфликти, вклучително, се разбира, и конфликтот во Украина“. Тој додаде дека Русија, САД и Кина можат „значително да придонесат за зајакнување на мирот и стабилноста“. На трилатерална средба со американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, кинескиот претседател Си Џинпинг изјави дека трите земји мора да соработуваат за да се справат со глобалните проблеми. „Мораме да учиме од историјата. Тешките времиња покажуваат кој е навистина подготвен да преземе одговорност“, рече Си, како што пренесува Ројтерс.Тагови: Владимир Путин Доналд Трамп Си Џинпинг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПутин во Кина ја покажа нуклеарната актовка, руски бомбардери пристигнаа во ВиетнамРускиот претседател Владимир Путин пристигна на самитот на АПЕК во Шенжен, Кина, придружуван од офицер кој – пред камерите на руските државни медиуми – го покажа „нуклеарното куферче“. Во меѓувреме, во Виетнам се појавија два руски стратешки бомбардери способни да носат нуклеарно оружје. Овие случувања доаѓаат пред денешните средби меѓу Путин, американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг. Ова е прва заедничка средба меѓу лидерите на овие три нуклеарни сили. Потезите на Русија привлекоа внимание, бидејќи Москва во последно време ги демонстрира своите воени капацитети далеку надвор од границите на Украина – земја во која веќе речиси пет години води војна. На видеоснимка објавена од руските државни медиуми се гледа припадник на придружбата на Путин како носи црна актовка. Новинарот го праша дали станува збор за нуклеарна актовка, а службеникот тоа го потврди. A Russian journalist filmed members of President Vladimir Putin’s delegation carrying Russia’s nuclear briefcase as Putin arrived in Shenzhen, China, on Wednesday for the APEC summit, where he is expected to meet with U.S. President Donald Trump and Chinese President Xi Jinping. Asked directly whether he was carrying the briefcase, a serviceman confirmed he was. Known as the Cheget, the briefcase allows Putin to maintain unbroken command and control over Russia’s nuclear arsenal at all times, regardless of his physical location. — CBS News (@CBSNews) November 18, 2026 Актовката, позната како „Чегет“, е дел од системот преку кој рускиот претседател одржува врска со воената команда и учествува во донесувањето одлуки за употреба на нуклеарно оружје. Иако нуклеарната актовка обично го придружува рускиот претседател на патувањата, таа ретко се прикажува јавно пред камерите. Видеото беше објавено непосредно пред средбата на која се очекува да се разговара за нуклеарното оружје и односите меѓу трите големи сили. Во последните денови, Русија исто така ја зголеми својата воена активност во Источна Азија. Сателитски снимки покажаа два руски стратешки бомбардери „Ту-95“ – познати според ознаката на НАТО како „Мечка“ (Bear) – на аеродромот Да Нанг во Виетнам. Тие беа придружувани од уште два руски воени транспортни авиони „Ил-76“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter