Ужас во Франција: Жена со автомобил „збриша“ 12 деца, три се во критична состојба- не кочела - Канал 5

Ужас во Франција: Жена со автомобил „збриша“ 12 деца, три се во критична состојба- не кочела

Група деца возеле велосипед по авенијата де Колињи во Ла Рошел, западна Франција, кога 83-годишна жена удрила во нив од спротивната насока и ги покосила сите.

Ужас во Франција: Жена со автомобил „збриша“ 12 деца, три се во критична состојба- не кочела

Жената „збришала“ дури 12 деца во западна Франција, а како што се наведува, воопшто не закочила пред да налета на нив.

Седум деца се тешко повредени, а три се во критична состојба. Еден сведок открил дека жената не закочила пред катастрофалниот судар.

Други трауматизирани набљудувачи зборуваа за „ужасни слики“ на местото на настанот, прикажувајќи смачкани детски велосипеди расфрлани преку улицата. Тие, исто така, слушнале деца како врескаат од болка и ужас по несреќата, објави локалната новинска агенција France Bleu La Rochelle.

Хеликоптер бил итно повикан на местото на настанот и превезол едно тешко повредено дете во градот Поатје, додека други две биле категоризирани како „екстремно итни“ случаи, изјави локалниот функционер Емануел Кеирон.

Сликите на социјалните мрежи од автомобилот вклучен во несреќата покажуваат вознемирувачка количина на оштетување на предниот браник на жолтото Renault 2 на возачот.

На местото на настанот излегле 32 пожарникари, седум возила на брза помош, како и единици на локалната полиција. На жената веднаш ѝ било извршено алкотестирање и тест за дрога, но тие биле негативни.

Полицијата првично ја уапсила 83-годишната жена на местото на настанот, но таа подоцна била ослободена од притвор откако полицајците ја прогласиле за неспособна за испрашување, а потоа однесена во болница.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Крпен живот, кошничката се доближи до 71.000 денари - само за храна се потребни 26.000 денари

Животот на граѓаните поскапува, стандардот опаѓа. 

СДСМ: Крпен живот, кошничката се доближи до 71.000 денари - само за храна се потребни 26.000 денари

Вредноста на синдикалната минимална кошница во ноември достигнала 70.827 денари, за 469 денари повеќе од претходниот месец. Со кирија за стан кошничката е дури 90 илјади денари и ниту три минални плати не ја покриваат.

Само за храна и пијалоци на едно семејство му се потребни дури 26.000 денари месечно.

Од почеток на 2027 година се најавуваат и нови поскапувања на струјата и на парното што ќе биде уште еден удар во и така нискиот стандард на граѓаните.

Народот едвај врзвува крај со крај, затоа што платите не ги следат поскапувањата.

Наместо конкретни мерки и решенија за намалување на цените и помош на ранливите, владата на Мицкоски не прави ништо, граѓаните се оставени сами да се справуваат со растечките трошоци и сè потешкиот крпен живот.

Организираната криминална група одбива да ја покачи минималната плата на 600 евра, нема пари за работниците, нема пари за земјоделците, нема пари за поголем студентски оброк. Пари има само за тендери.

Арамиската власт на Мицкоски ги осиромашува граѓаните додека им трупа нови долгови на грбот на наредните генерации. 4 милијарди евра за 2 години и уште 2 милијарди евра нови долгови за 2027 година кои се најавуваат.

Парите одат само за криминални тендери а не за граѓаните кои се со празни паричници и празни фрижидери.

Скопје, 21.11.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ -Филипче и СДС продолжуваат со лагите и манипулациите за Алта банка, овој пат јавната аукција сакаат да ја претстават како тајна зделка

СДС продолжува со ширење лажни, паушални и неосновани обвинувања и манипулации во врска со Алта банка.

ВМРО-ДПМНЕ -Филипче и СДС продолжуваат со лагите и манипулациите за Алта банка, овој пат јавната аукција сакаат да ја претстават како тајна зделка

Една лага ќе им пропадне, а од СДС се тука експресно да смислат нова.

Откако им пропаднаа сите досегашни и не им успеа обидот за креирање страв и општа паника со случајот Алта банка, СДС сега замерка му најде и на јавната аукција.

СДС и Филипче отвораат нова епизода од политичката кампања, обидувајќи се јавна и транспарентна постапка, како што е јавната аукција за Алта банка, да ја претстават како тајна зделка.

Да потсетиме, СДС претходно лажеше за наводни сомнителни милионски трансфери кон Србија и Русија, финансиски одливи, како и сценарија за пропаѓање на банката и загрозување на средствата на граѓаните. Но, на крајот, како и многу пати до сега нивните најави, обвинувања и црни сценарија не се остварија.

Наместо да се води сериозна дебата заснована врз факти, СДС само се обидува да создаде недоверба и вознемиреност кај јавноста преку вакви политички конструкции. Да беа толку посветени на партиската консолидација, на подготовка на програма и понуда до граѓаните, СДС и Филипче ќе го имаа подобрено и рејтингот, кој им е на прагот на статистичка грешка.

Но, ваквите очајни обиди на партискиот талог на СДС и Венко Филипче, за ситни политички поени, нема да остане засекогаш тага. Во новиот Кривичен законик ќе се воведе ново кривично дело казниво со казна затвор за секој оној, кој со својата службена или општествена положба и углед, со лажни изјави или исправи ќе изнесе во јавност неточни информации со што ќе ја загрози стабилноста на банкарскиот систем.

Граѓаните заслужуваат транспарентност, проверливи информации и одговорност од сите политички чинители, а не обвинувања без докази и создавање непотребна паника, како што во изминатиот период прават СДС и Филипче.

Јавноста има право да ги знае фактите, политичките обвинувања не смеат да бидат замена за аргументи и докази. Веќе е доста ширеше на лажни вести и информации, со цел креирање хистерија и паника кај граѓаните.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес е Св. Архангел Михаил

Православните христијани на 21-ви ноември го празнуваат празникот Свети Архангел Михаил, една од најчестите слави кај нас. 

Денес е Св. Архангел Михаил

Денес задолжително помолете се за здравје на најблиските и простете им на тие што ви згрешиле, за да ви се исполни најголемата желба. Именден слават сите што носат име Ангел, Ангеле, Ангелина, Михаил, Мила, Милка, Михаила, Михо, Рајко, Рајна, Ратка...

Пред да го создаде материјалниот свет (земјата, небото, ѕвездите, човекот итн.) Господ ги создал ангелите. На почетокот сите ангели биле добри, но потоа некои од нив се одметнале и почнале да прават злодела, па тие се познати и како ѓаволи.

Архангел Михаил уште е познат и како војвода на ангелите, затоа што кога Луцифер се отпаднал од Бога и со себе повлекол во пропаст еден од ангелите, тој застанал на чело на неотпаднатите ангели и прв се впуштил во борба против злото.

Затоа на фреските и иконите Архангел Михаил најчесто е претставен како борец - војвода, со меч, а според некои верувања се смета дека тој доаѓа и ги зема човечките души на кои им чукнал часот.

Друго верување е дека ако овој Архангел се појави над главата на некој што е болен, тогаш тој ќе оздрави. Постојат голем број приказни за чудотворните исцелувања на ангелот – на еден маж му се јавил на сон и му рекол дека неговата ќерка ќе оздрави ако се измие на еден извор.

За друго негово чудо се смета и спасувањето на момчето Василиј Карастирис, кое паднало и сериозно ја повредило главата. На Василиј морало да му биде направена итна операција, а лекарите предвидувале дека момчето ќе остане слепо и со парализа на ногата и раката.

Момчето раскажувало како додека го подготвувале за операција, пред себе видел светлина, а во неа храм со високи ѕидови и пред него бил Архангелот кој му рекол:

„Дојди тука, Василиј! Не плаши се, ќе оздравиш. Јас ќе ја водам раката на лекарот и операцијата ќе биде успешна“.

Момчето навистина оздравело, а најинтересно е што операцијата била направена на 21-ви ноември, денот кога се слави Архангел Михаил.

Од овие причини, Свети Архангел Михаил е една од најчестите слави како кај нашиот, така и кај другите православни народи. На денешен ден верниците одат во црква и се молат за свое, но и за здравје на своите најблиски.

На Аранѓеловден слават сите што носат име поврзано со архангелите Михаил, Михајло, Мијалче, Михаела, Михајела, потоа Ангел, Ангелина, Ангела, Ангелче, Аранѓел, Аранѓелка.

Во некои семејства именден слават и Гаврил и Габриела, бидејќи празникот е посветен на сите архангели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер