Ужас во Франција: Две години криела дете во багажник!? - Канал 5

Ужас во Франција: Две години криела дете во багажник!?

Француската јавност остана шокирана од веста за изгладнетото и дехидрираното девојче кое, по се изгледа, од самото раѓање било криено во автомобилски багажник.

Ужас во Франција: Две години криела дете во багажник!?
Полицијата во Франција соопшти дека девојчето, на возраст од 15 до 23 месеци, било пронајдено во багажник кога нејзината мајка го донела својот автомобил во една автомеханичка работилница во градот Терасон во централна Франција.

Мајката го оставила автомобилот, сосе детето, во работилницата и заминала. Еден од работниците слушнал чудни шумови од багажникот и кога отворил го здогледал девојчето како голо лежи во сопствениот измет. Било дехидрирано и со висока температура. Веднаш била повикана полиција, по што детето било однесено во болница, каде лекарите констатирале дека девојчето заостанало во развојот и има психички проблеми.

- Девојчето било криено уште од самото раѓање. Заостанато е во развојот и има психички проблеми. Целата ситуација е просто неверојатна – изјавил окружниот обвинител Жан Пјер Лафит.

Полицијата ги уапсила 45-годишната мајка и нејзиниот пет години помлад партнер. Обвинети се за запоставување и злоупотреба на детето, како и за загрозување на животот на малолетно лице. Им се заканува затворска казна од најмногу десет години.

Мајката и кажала на полицијата дека тајно се породила и дека никој, вклучително и нејзиниот партнер, кој инаку е и таткото на детето, не знаел за него. Двојката имала уште три деца за кои сега се грижат социјалните служби. /Извор: AFP/

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На полноќ бензините поевтинуваат по 2 денари, дизелот 3,5 денари

Од вечерва на полноќ повторно се намалуваат цените на бензините и дизелот.

На полноќ бензините поевтинуваат по 2 денари, дизелот 3,5 денари

Цените на бензините се намалуваат за 2 денари за литар. Еден литар еуросупер-95 ќе чини 82.00 денари, додека еден литар еуросупер-98 ќе чини 84.00 денари.

Цената на дизелот се намалува за 3.50 денари за литар и еден литар еуродизел ќе чини 88.50 денари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче го повика Рокас: На Македонија ѝ треба помош против антиевропската пропаганда на власта

Филипче го повика евроамбасадорот Михалис Рокас да помогне во интерес на граѓаните и европската индина на земјата.

Филипче го повика Рокас: На Македонија ѝ треба помош против антиевропската пропаганда на власта

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната седница на Националниот совет за евроинтеграции го повика евроамбасадорот Михалис Рокас да помогне во интерес на граѓаните и европската индина на земјата посочувајќи дека на Македонија ѝ е потребна помош од ЕУ во соочувањето со пропагандата со која власта со години ги претставува чекорите кон членство во ЕУ како предавство.

„И сега ќе го повикам тука на помош и можеби да коментира во даден момент кога ќе сака евроамбасадорот Рокас. По примерот на претседателката Фон дер Лајен којашто кажа дека нас не чекаат во Европа со нашиот идентитет и јазик. Зарем не е тоа најдобар и најголем сигнал дека оваа политика на оваа власт изминативе години, не само од 24, туку и претходно, дека сѐ што направи СДСМ е предавничка политика, практично паѓа во вода.“ рече Филипче.

Тој посочи дека со обвинувањата на Христијан Мицкоски и на владејачката гарнитура дека СДСМ водел предавнички политики, индиректно се обвинува и Европската Унија дека уценува земја кандидат за членство. Филипче потсети на пораката на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, дека Македонија ја чекаат во Европа со својот идентитет и јазик.

„Зошто никој не збори за Европа? Па затоа што синоним за Европа стана предавство благодарение на оваа пропаганда. Тоа стана Европа. Чекај да не зборам, ќе ме направат предавник. Зошто? Затоа што виткам кичма“, рече Филипче.

Филипче посочи дека на Македонија ѝ е потребна помош од ЕУ во соочувањето со пропагандата со која власта со години ги претставува чекорите кон членство во ЕУ како предавство.

„Предавничка ли е, амбасадоре, тоа што треба да се случи? Има ли предавство зад уставните измени или нема? Треба помош од вас? Нас ни треба, на државата ѝ треба, на граѓаните, на Европска унија ѝ треба помош“, рече Филипче.

Осврнувајќи се на изјавите на Мицкоски за Преспанскиот договор, Филипче посочи дека премиерот во странство признава дека договорот го потврдува македонскиот идентитет.

„Епа двојни стандарди. Еден говор за странство, друг за дома“, рече тој.

Филипче оцени дека извештајот на Европската комисија е катастрофален и укажа на отсуството на напредок во правосудството, борбата против корупцијата, изборното законодавство и медиумите. Тој посочи дека Албанија, Црна Гора, Украина и Молдавија имаат јасен патоказ за следните чекори кон ЕУ, додека Македонија, која беше во пар со Албанија, остана надвор од таа група.

„Национално предавство ли е? Или е само една силна лажна кампања со цел да се држи земјава во изолација, додека цел регион оди напред, а ние гледаме како го пропуштаме можеби и последниот воз“, праша Филипче.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Собранието одржана јавна расправа за Законот за органите на државната управа

Денеска, во Собранието, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, во рамките на 90-та седница, одржа јавна расправа по работната верзија на Предлог-законот за организација и работа на органите на државната управа.

Во Собранието одржана јавна расправа за Законот за органите на државната управа

Со овој закон се уредуваат организацијата, надлежностите и работата на органите на државната управа. Органите на државната управа се дел од извршната власт на Република Северна Македонија кои се основаат во областите од значење за државата заради ефикасно извршување на нејзините функции и остварување на правата, должностите и правните интереси на граѓаните и правните лица. Основањето и работата на министерствата, органите на државната управа во состав на министерствата и управните организации се уредуваат со овој закон.

Јавната расправа ја отвори претседателот на Комисијата, Љупчо Пренџов, кој ги поздрави присутните пратеници, универзитетските професори и претставниците на заинтересираната јавност. Притоа, го образложи планираниот тек на денешната јавна расправа, посочувајќи дека станува збор за законско решение за чие донесување е потребно двотретинско мнозинство во Собранието.

Потоа, збор му беше даден на предлагачот на Законот – Министерството за јавна администрација, претставувано од министерот Горан Минчев.

Министерот Минчев го презентираше предложеното законско решение, нагласувајќи дека станува збор за закон со кој се уредува организацијата на државната управа и се воведуваат системски правила насочени кон унапредување на нејзиното функционирање и зголемување на ефикасноста на јавната администрација.

Тој посочи дека една од основните цели на Законот е појасно разграничување на надлежностите на институциите, со што тие ќе се надополнуваат во своето работење, наместо да доаѓа до преклопување на нивните функции. Министерот истакна дека јавната расправа е од исклучителна важност во процесот пред донесувањето на Законот, нагласувајќи дека Министерството останува отворено за предлози и сугестии со цел дополнително унапредување на законското решение пред неговата практична примена.

По завршувањето на дискусијата, последен се обрати министерот Минчев, кој истакна дека Министерството внимателно ќе ги разгледа и ќе ги земе предвид забелешките и предлозите изнесени од страна на експертската јавност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер