БалканУжас во дом за стари лица во Бугарија- ги малтретирале и дрогирале: Ова ли е Европа ? (ФОТО)Домот за стари лица во селото Јагода, Бугарија, бил сè друго освен место каде што медицинскиот персонал се грижи за пациентите, што го потврдуваат условите што ги пронашле истражителите за време на нивната посета.Како што откриле истражителите, старите лица имале врзани нозе, биле под дејство на седативи, заклучени во соби во ужасни услови. Без постелнина, со отстранети рачки од прозорците и без никаква врска со надворешниот свет. Некои од нив дури и не ги напуштиле своите соби со месеци..., пишува 24chasa.bg. Инспектори од неколку државни институции во Бугарија ги утврдиле горенаведените услови за време на заедничка операција во два објекти во селото Јагода, во регионот Стара Загора. Вкупно 75 мажи и жени, на возраст меѓу 51 и 86 години, биле држени во ужасни услови во нелегален дом за стари лица, објави министерот за правда Георги Георгиев на брифинг во Полициската управа на Стара Загора. Компанијата „Валис“ ООД, која е сопственик на старски домови, има двајца сопственици: Валентин Динев Петков и Михаил Валентинов Динев, очигледно негов син. Првиот има удел од 2300 евра во капиталот на компанијата, а вториот 260 евра. Компанијата е регистрирана во Стара Загора, на улица „Св. Књаз Борис Први“, бр. 63, 3-ти кат, стан 9, најверојатно во 2006 година, бидејќи нејзиниот прв финансиски извештај е од 2007 година. Првично, се занимавале исклучиво со поправка на парни котли, од кои имале скромни приходи, но со текот на времето нејзините активности се прошириле на сите видови градежништво, трговија и други дејности. Според најновите податоци, компанијата годишно располагала со износи помеѓу 500 илјади и 1,5 милиони евра, при што годишната добивка нагло се зголемила на околу 670 илјади евра во 2022 година, додека во претходните години била половина од таа сума. Потоа, во 2023 година, повторно се намалува на околу 400 илјади евра. Иако станува збор за релативно скромни износи, компанијата поседува значителен имот во вкупна вредност од околу 180 илјади евра – земјиште, згради и опрема. Валентин Петков е и управител и ко-сопственик на две други компании – „Васто“ и „Мали“ ООД, со слични активности, регистрирани на истата адреса во Стара Загора, приближно во исто време и со слични финансиски резултати. Негов партнер во овие компании е неговата сопруга Стојанка Михајлова Петкова. По овој ужас , илјадници луѓе на социјалните мрежи се прашуваат „Дали е ова Европа?“ Тагови: Бугарија дом за стари лица Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаПосебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратонМВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.На 04.10.2026 (недела) со почеток во 08:00 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи - „Виз Ер Скопски маратон 2026“ со следните траси на движење: траса на движење на трката од 5км – Старт на ул.„11-ти Октомври“ (кај зелен пазар), право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, полукружно на крстосница помеѓу бул.„3-та Македонска Бригада“ и ул.„Коста Новаковиќ“ и по истата траса назад до целта – плоштад „Македонија“ на ул.„11-ти Октомври“ и траса на движење на маратонот, полумаратонот и штафетната трка (по наведената траса за штафетната трка и маратонот натпреварувачите се движат 2 пати) – Старт Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“, право кон „Рекорд“ односно по ул.„Димитрие Чуповски“, право по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, право по ул.„Војвода Васил Чакаларов“, се до крстосница со ул.„Ангел Динев“ каде се врти полукружно назад по истата траса се до Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“ и се продолжува право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Србија“ каде се врти полукружно и во истата коловозна лента назад по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Кузман Јосифовски Питу“ каде се врти полукружно назад во истата коловозна лента до крстосница со ул.„Васко Карангелевски“, десно по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по ул.„11-ти Октомври“ до целта- Плоштад Македонија. Од тие причини Единица за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.Тагови: Скопски маратон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
СветДрама: Авион исчезна над океанотСпоред неофицијални информации, авион од типот „ Gulfstream G100# со шест лица во него – кој летал од Бермудски Острови кон Бостон – се урнал во Атлантскиот Океан.Авионот изгубил контакт за време на летот, по што започнала потрага по леталото и лицата во него. Врз основа на моментално достапните информации, авионот исчезнал рано утринава, а потрагата е насочена кон областа во близина на брегот на Нантакет, Масачусетс. Американската крајбрежна стража потврди дека во потрагата се вклучени воздушни и поморски единици, пренесува британскиот таблоид „The Sun“. Засега нема официјална потврда дека авионот навистина се урнал, ниту пак се познати околностите на наводната несреќа. Надлежните служби ја продолжуваат потрагата, а дополнителни информации се очекуваат штом ќе бидат познати резултатите од операцијата. BREAKING: Gulfstream G100 with 6 persons on board has reportedly crashed into the Atlantic while flying from Bermuda to Boston pic.twitter.com/gHZI5Sq2vc — Breaking Aviation News & Videos (@aviationbrk) October 3, 2026 Тагови: авион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
ЕвропаМаскиран демонстрант запалил лице на жена, протетсите во Франција надвор од контролаПротестите на средношколците од посиромашните предградија на Париз ја зафатија целата земја. Десетици илјади ученици и нивни поддржувачи излегоа на улиците во Франција и се чини излегоа од контрола.Како што јавија дел од медиумите маскиран тинејџер во Марсеј бил приведен откако се обидел со спреј и запалка да запали лице на жена. Причината за протестите е поради лошата состојба на училиштата, преполните училници и недостигот на наставен кадар, а особено е лоша состојбата во посиромашните населби, тврдат демоинстрантите Неделава на протестите учествуваа ученици од над 1000 средни училишта, а за време на немирите беа уапсени повеќе од 5000 лица, но имаше и сериозно повредени демонстранти, еден ученик бил повреден од гумен куршум Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез повика на враќање на редот. Протестите започнаа во предградијата на Париз, каде што нивото на сиромаштија е високо, а потоа се проширија во самиот Париз и други француски градови, вклучувајќи ги Марсеј, Стразбур, Тур и Лил. Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook