МакедонијаУжас во Бугарија: 46 македонски државјани загинаа во автобуска несреќа (ВИДЕО)Најмалку 46 лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа во која се запали македонски автобус на автопатот „Струма“, јави БГНЕС.Во автобусот патувале 52 лица. Меѓу загинатите има 12 малолетници, меѓу кои и двајца близнаци. Во несреќата загинал и возачот. Преживеале шест лица кои се сместени во болницата „Пирогов“ во Софија. – Во „Пирогов“ се сместени шест лица, сите со изгореници на лицето и горните дишни патишта. Двајца се со изгореници на дланките, другите имаат рани. Луѓето се во тешка траума, изгубија роднини, деца. Тие скокнале од прозорците на автобусот, па оттука и повредите – изјави проф. Маја Аргирова, раководител на клиниката за изгореници во „Пирогов“. Општина Благоевград во знак на сочувство објави еднодневна жалост за загинатите на автопатот Струма . Според бугарските медиуми жртвите се од Скопје, Битола , Струмица и Велес. VIA @Quicktake: At least 45 people were killed in a bus crash in #Bulgaria early Tuesday.The cause of the crash was not immediately confirmed but it appears the bus hit a highway guard rail, crashed and caught fire https://t.co/wM7Rg9MXY1 pic.twitter.com/XlLffnEiRM — Traffic Updates + Useful Info (@trafficbutter) November 23, 2021 Автобусот синоќа нешто по 21 часот влегол преку граничниот премин Капитан Андреево. Околу 3.00 часот се случила сообраќајна незгода на автопатот во правец Софија – Благоевград. Автобусот е со македонска регистрација, потврди началникот на Противпожарната служба Николај Николов. -На 31 километар од автопатот се случи сообраќајна несреќа со автобус во кој се превезувале 52 лица, при што избувнал пожар. Загинале 46 лица. Оперативно -истражните дејствија се уште траат, но пожарот е поради несреќа. Останатите се пренесени во болница, и нивната состојба не е сериозна, изјави Николов. Делницата од автопатот на која се слуи несреќата има многу проблеми, цело лето таму се поправаат дупки, изјави за БТВ експертот за патишта Дијана Русинова. Претседателот Румен Радев и привремениот премиер на Бугарија Стефан Јанев разговарале со премиерот Зоран Заев. Го известиле за сите информации што ги имале за тешката сообраќајка. Заев изрази сочувство за настраданите и најави дека заминува за Бугарија да ги посети преживеаните. Поради тешката сообраќајна несреќа на 31-от километар од автопатот „Струма“ во правец од Софија кон Благоевград, автопатот ќе остане затворен во текот на целиот ден, барем во правец на Благоевград. Автобуска несреќа во тој дел на Бугарија се случи и во 1996 година, загинаа 16 луѓе, но тогаш немаше автопат, пренесува БГНЕС. Во тек е истрага за тешката сообраќајка на автопатот Струма, изјави за новинарите премиерот Стефан Јанев кој е на местото на несреќата. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Јанев им изрази сочувство на семејствата на загинатите и ги повика истражителите да си ја завршат работата. – Имаме огромна трагедија, немаме ништо добро да кажеме, трагедија која не потресе и бара државата брзо да реагира. Да ги оставиме истражните органи да си ја завршат работата – рече Јанев. Потврдено е дека кон местото на несреќата веднаш се ушатиле премиерот Зоран Заев, заедно со министрите Венко Филипче и Бујар Османи. Филипче: Хоспитализираните во Пирогов во стабилна состојба Сите седум повредени кои по сообраќајната несреќа се хоспитализирани во болницата Пирогов во Софија се во стабилна здравствена состојба и никој не е животно загрозен, соопшти министерот за здравство Венко Филипче. По посетата на болницата заедно со премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Бујар Османи, Филипче истакна дека само еден пациент е со скрешница поради што треба да се направат дополнителни анализи и да се утврди дали ќе биде потребен хируршки зафат. -Ги посетивме пациентите. Станува збор за полесни повреди, санирани од нашите колеги за што сакам да изразам благодарност. Се договоривме да бидеме во контакт овие денови за по целосното стабилизирање на состојбата, пациентите да ги префрлиме на третман во Скопје, изјави Филипче. Според него, меѓу настрадините има повеќе членови на едно семејство од кои најмладиот е девојка на возраст од 16 години, а сите други се постари меѓу 40 – 50 години. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
МакедонијаСредба на министерот Муцунски со грчкиот министер за надворешни работи Јоргос ГерапетритисДенеска, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетритис.Денеска, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетритис, на маргините на министерскиот состанок на земјите од иницијативата „Пријатели на Западен Балкан“, што се одржа во Атина. Министерот Муцунски се заблагодари за поканата за учество на состанокот, чиј домаќин беше министерот Герапетритис, како и за континуираните заложби на Грција за целосна интеграција на Западен Балкан во Европската Унија, што беше потврдено и во рамките на денешните дискусии. Потенцирајќи ја посветеноста на Владата на целосно спроведување на европската реформска агенда и подготовка на земјата за ЕУ-интегрирање, согласно со Копенхагенските критериуми, министерот Муцунски изрази очекување грчката поддршка да продолжи и во следниот период, како придонес кон европската интеграција и развојот на целиот регион. Двајцата министри го поздравија позитивниот развој на билатералните односи и изразија подготвеност за натамошно зајакнување на соработката преку засилен политички дијалог, приоритет на инфраструктурното и енергетското поврзување долж Коридорот 10, како и внесување нова динамика во економската соработка, културата и туризмот. Соговорниците разговараа и за изнаоѓање практично решение за предизвиците со кои се соочуваат професионалните возачи при влезот и престојот во Шенген-зоната. На средбата беше потврдена и важноста од почитувањето на меѓународното јавно право, како и определбата билатералните односи и натаму да се развиваат врз основа на меѓусебно разбирање, добрососедство и сојузништво во НАТО, соопштуваат од МНРи НТ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
МетеоУтре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачности температура до 12 степени Времето утре ќе биде сончево и постудено со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР. МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во оС) 5 Попова Шапка, 6 Лазарополе, 9 Крушево, Маврови Анови, 11 Крива Паланка, 12 Тетово, 13 Охрид, 14 Претор, Прилеп, 15 Берово, 16 Скопје-Зајчев Рид 17 Скопје-Петровец, Битола, Велес, Виница, 18 Штип, Демир Капија, 19 Струмица, 20 Кавадарци, 22 Гевгелија. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа до 16 часот во (l/m2) 18 Лазарополе, 11 Пожаране, 10 Охрид, 9 Попова Шапка, 7 Крушево, 6 Крива Паланка, 4 Тетово, Претор, 2 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Прилеп, 1 Велес, Штип, Виница, Демир Капија, Берово, Тополчани, Ѓуриште. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Претпладне времето беше променливо со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд. Дуваше слаб до умерен, а наместа повремено засилен до силен ветер од западен и југозападен правец (во делови од Пелагонија со брзина од 65 до 85, во источните деелови од 55 до 65, а во североисточните од 60 km/h). Попладнево времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Поради продор на постуден воздух од север врнежите од дожд на некои од повисоките места во западните делови ќе бидат од дожд и снег, а на планините од снег. До крајот на денот врнежливо ќе биде во западните делови, и во текот на ноќта таму ќе се задржи пооблачно. Во останатите делови ќе има постепено намалување на облачноста, и во текот на ноќта ќе преовладува ведро време. Ќе дува умерен до засилен, а наместа повремено и силен ветер од северен правец, кој долж Повардарието ќе продолжи и во текот на ноќта. ВРЕМЕТО УТРЕ Сончево и постудено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени. Во Скопје, сончево и постудено со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во среда утрото ќе биде ведро и студено насекаде со негативни утрински температури. Преку денот облачноста постепено ќе се зголемува и од крајот на денот следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во четврток, особено во западните (над 30 l/m²), а во петок во јужните и во источните делови (над 20 l/m²). Поради заладување во деновите од викендот се очекува врнежите да бидат од дожд и снег.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураИзложба на астрофотографии: Небесно платноИзложбата „Небесното Платно“ низ објективот на Скопско Астрономско Друштво претставува групна изложба на извонредни астрофотографски дела, претежно снимени под македонското небо. Централната цел на изложбата е да ја нагласи компетентноста на домашните астрофотографи, членови на Скопското астрономско друштво (САД) и нивната способност да ја истакнат својата уметничка и креативна страна преку врвни технички вештини. Астрофотографијата, која е централен елемент на оваа изложба, не е само техничка вештина, туку е длабока форма на уметнички израз. Таа ја премостува човечката визија со бесконечноста на универзумот. Преку привлечна визуелна естетика, овие дела служат како моќна алатка за популаризација на науката, охрабрувајќи ја публиката, особено младите, да го истражуваат универзумот и природните закони. Фотографиите ги трансформираат невидливите феномени на универзумот, како што се маглините, галаксиите, лунарните пејзажи и небесните појави во уметнички дела со силна визуелна естетика. Изложбата функционира како моќна едукативна алатка која го користи визуелното искуство за да ја доближи астрономијата до широката публика, инспирирајќи љубопитност и истражување. Авторите, ја демонстрираат својата експертиза со што создаваат услови за филозофско размислување за нашето место во Вселената. Изложените дела се директен доказ за високо ниво на техничка изработка и секоја фотографија е резултат на посветеност, на уметноста добиена од податоци снимени под автентичното македонско небо. Изложбата ќе се отвори на 25.11.2026. во Музеј на град Скопје во 19:30ч. Куратор на изложбата е мр.Станимир Неделковски. Изложбата и Каталогот се реализирани од Музеј на град Скопје, а финансирани од Град Скопје.Тагови: Изложба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28