ЖивотУжас во Австралија – голем питон сакал да изеде момче на спиење Родители на 14 годишно момче , кои живееле во зафрлено место во Австралија , ги разбудиле страшни врисоци на нивниот син.Дотрчале во неговата соба и виделе змија долга три метри , како се обидува да го изеде детето. Питонот бил замотан околу раката на детето и ги зарил забите во дланката. ,,Сакаше да му ја изеде раката.Се боревме со змијата , но колку повеќе ја влечевме , забите влегуваа се подлабоко. ” , раскажува мајката Ема Џексон за австралиската телевизија АБЦ. На крај мајката зграпчила детска касичка во облик на птица, и ја забила на змијата во устата, а таткото силно ја повлекол главата на змијата и го спасиле детето. Мајката вели дека речиси секојдневно во нивното место во Квинсленд се соочени со змии , па ги учат децата да не се плашат од нив , но оваа била навистина голема и агресивна. Детето било префрлено во болница , каде и покрај преживеаниот ужас рекло деке на се плаши од змии , но во иднина ќе биде повнимателен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗатекнати пијани малолетници во угостителски објект во Карпош, еден завршил на токсикологијаОсум лица биле приведени отако полициски службеници кои постапувале по претходно добиени сознанија за точење на алкохол на малолетници во угостителски објект во Карпош каде затекнале малолетни лица во видно алкохолирана состојба .-Во полициската станица Карпош при извршеното алкотестирање кај сите осум лица било утврдено присуство на алкохол во организмот. Едно лице кое било присутно во угостителскиот било пренесено на Клиниката за токсикологија при комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок по член 204 од Кривичниот законик – „точење алкохолни пијалаци на малолетници“, информира МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаДемонстрации и во Швајцарија-барикади, судири со полиција..Синоќа, во Цирих и Базел, Швајцарија избија немири за време на неодобрени демонстрации, при што демонстрантите палеле барикади и се судириле со полицијата. Во Цирих, неколку стотици луѓе се собрале во близина на улицата Лангштрасе и плоштадот Хелветија. Според градската полиција, демонстрантите почнале да се собираат околу 22:30 часот, а некои од нив носеле маски за Ноќта на вештерките. Учесниците на неодобрениот протест направиле барикади од контејнери за ѓубре, електрични тротинети и други предмети, а потоа ги запалиле. Zurich: Clashes in the city. Under the slogan «We are fed up» and citing the unrest in Europe, mostly hooded individuals are rioting. Police deploy water cannons, tear gas, and rubber bullets to bring situation under control. #SchoolProtests #StudentProtests https://t.co/MvWXWUWfT6 — LIVE1 (@LIVE1TV) November 1, 2026 Според полициското соопштение, група насилни демонстранти ги нападнале полициските службеници со пиротехнички средства, камења и шишиња. Полицијата одговорила со употреба на водени топови, солзавец и гумени куршуми. Во споредните улици дошло до нови судири со полицијата. Оштетени биле прозорци и инвентар, вклучително и прозорците на станицата за јавен превоз „Штауфахер“ (Stauffacher), како и излозите во близина на плоштадот „Хелветија“ (Helvetia). На улицата „Цвинглиштрасе“ (Zwinglistrasse) бил запален автомобил. Нешто по полноќ, група демонстранти нападнала и полициска патрола, која била повикана да интервенира поради повредено лице. Полициското возило било оштетено, а полицајците морале да застанат на страна пред да успеат да му помогнат на повредениот тинејџер. Од полицијата изјавија дека интервенциите биле дополнително отежнати од бројни набљудувачи, од кои некои фотографирале пред луѓе што активирале пиротехнички средства или пред запалени барикади. Ситуацијата главно се смири околу 01:30 часот по полноќ. Висината на причинетата материјална штета сè уште не е утврдена.Тагови: демонстранти Швајцарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканБугарија избира претседател: Илијана Јотова и Андреј Ѓуров во вториот круг Во Бугарија се одржуваат избори на кои граѓаните на земјата ќе го изберат својот седми претседател. Кандидати се Илијана Јотова, вршител на должноста претседател на Бугарија, и Андреј Ѓуров, поранешен привремен премиер и поранешен гувернер на Централната банка на Бугарија. Во првиот круг од изборите, одржан пред една недела, ниту еден од 27-те претседателски кандидати не ја обезбеди поддршката потребна за победа во првиот круг, пренесува БТА. Според Централната изборна комисија на Бугарија, право на глас имаат речиси 6,6 милиони граѓани, а 9.373 избирачки места ќе бидат отворени од 07:00 до 20:00 часот по локално време. Гласачите исто така ќе гласаат и за кандидати за потпретседател. Кандидат за потпретседател во тимот на Илијана Јотова е Кирил Влчев; тие ја уживаат поддршката на владејачката партија „Прогресивна Бугарија“ и на Социјалистичката партија. Кандидат за потпретседател во тимот на Андреј Ѓуров е Георги Кандев; тие се поддржани од прозападните опозициски сили. ЦИК ќе ги објави конечните резултати од претседателските и потпретседателските избори во рок од три дена по гласањето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter