Ужас на автопат во Вирџинија: Автобус удрил во автомобили, пет загинати и десетици повредени - Канал 5

Ужас на автопат во Вирџинија: Автобус удрил во автомобили, пет загинати и десетици повредени

Автобус се судрил со шест автомобили на меѓудржавниот автопат 95 во Вирџинија, додека сообраќајот се одвивал побавно поради работа на патот, при што загинале пет лица, а 34 други се повредени, соопшти денес државната полиција.

Ужас на автопат во Вирџинија: Автобус удрил во автомобили, пет загинати и десетици повредени

Несреќата се случила околу 2:35 часот по локално време во јужниот дел на округот Стафорд, јавува АП.

Сите пет лица кои загинаа биле во автомобилите што ги удрил автобусот, а тројца од повредените се во критична состојба, соопшти полицијата.

„Прелиминарната истрага покажува дека сообраќајот се забавувал кон југ поради зона на патни работи што претстојат. Автобусот не застанал и удрил во шест возила“, соопшти полицијата.

Сè уште не е познато за што се користел автобусот или колку луѓе имало во него.

Несреќата е под истрага и се подготвуваат обвиненија, се вели во соопштението.

Линијата на автопатот кон југ останала затворена седум часа по несреќата, додека сообраќајот бил пренасочен.

Станува збор за голем меѓудржавен автопат север-југ на источниот брег на Соединетите Американски Држави.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Оваа земја е прогласена за најдобра дестинација во светот

Јапонија се најде на врвот на глобалната листа на Светскиот економски форум за развој на патувањата и туризмот, а по неа следуваат САД, Шпанија и Австрија. 

Оваа земја е прогласена за најдобра дестинација во светот

Што се однесува до Јапонија, во извештајот се наведува дека земјата ја проширила својата база на посетители и ги поттикнала патувањата надвор од главните туристички центри, со што го намалила ризикот од прекумерна концентрација на туристи, а истовремено пречекала рекорден број патници, пишува „Еуроњуз“ (Euronews).

Во соопштението на Светскиот економски форум се наведува дека најновиот Индекс за развој на патувањата и туризмот покажува оти условите за патување се на највисоко ниво од почетокот на пандемијата, при што 92 отсто од економиите бележат напредок во споредба со 2024 година.

„Следното поглавје не се однесува само на привлекување повеќе посетители, туку ќе биде насочено кон создавање поголема вредност преку инвестирање во луѓето, инфраструктурата и посилна соработка меѓу јавниот и приватниот сектор, со цел туризмот да донесе трајни придобивки за заедниците, бизнисите и дестинациите“, се вели во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто би сакале да се смени Филипче, кога тој редовно губи на избори и е пиун на омразениот Заев

Го разбираме стравот на Венко Филипче дека постои опасност да биде променет во неговата партија. Тоа е страв кој е последица на фрагментираноста на СДС.

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто би сакале да се смени Филипче, кога тој редовно губи на избори и е пиун на омразениот Заев

Не можејќи да се соочи со сопствените грешки и пропусти, тој за обидите за негова смена ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ нема никаква врска со фракциите кои бараат смена на Венко Филипче.

Напротив, зошто би сакале смена на Филипче, некој кој редовно губи на избори и е копија и пиун на најомразениот политичар Зоран Заев. Тој не може да излезе од неговата сенка и затоа СДС е таму каде што е, а Венко Филипче е потрупан со коруптивни скандали, провизии за набавка на кинески „Стабри“ вакцини, сомнителни имоти, блиски веледрогерии, запалена модуларна болница.

Најдобро решение за ВМРО-ДПМНЕ е Филипче да продолжи да ја води СДС.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Путин ја одобри купопродажбата на руската подружница на „Western Union“

Руската компанија „Софтекс“ (Softex) доби одобрение за купување на 100 отсто од акциите во руската подружница на системот за плаќање Western Union – „НКО Western Union DP Vostok“ – се наведува во указот на рускиот претседател Владимир Путин.

Путин ја одобри купопродажбата на руската подружница на „Western Union“

Во 2025 година, според руските сметководствени стандарди (РСДУ), руската подружница забележала нето-загуба од 301,5 милиони рубљи, или околу 3,15 милиони евра.

Во Единствениот државен регистар на правни лица на Русија (ЕГРУЛ) се регистрирани неколку компании под името „Софтекс“ (Softex), а указот на Путин не прецизира која од нив купува удел во подружницата на „Вестерн јунион“ (Western Union).

Најголемата од компаниите со тоа име е регистрирана во Калининград и се занимава со автоматизација на деловните процеси, развој на решенија со вештачка интелигенција и технологии за роботска автоматизација на процеси (RPA), како и со воведување специјализирани ИТ-системи за финансиски компании, вклучително и банкарски системи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер