Утврдени грешки при изградбата на модуларната ковид болница во Тетово - Канал 5

Утврдени грешки при изградбата на модуларната ковид болница во Тетово

 Кај модуларната болница во Тетово е утврдено дека има грешка при изградбата и фирмата изведувач треба да ги отстрани забелешките, информираше денеска економскиот директор на Клиничката болница Тетово, Артан Етеми. 

Утврдени грешки при изградбата на модуларната ковид болница во Тетово

Вчера имало примопредавање на објектот од страна на фирмата изведувач, Министерството за здравство и Клиничката болница.

– Забелешките се однесуваат на подот и уште неколку мали инфраструктурни грешки. Даден е рок за пет дена да се санираат грешките при изградба на модуларната болница. Струја и вода има. За системот за кислород сме во контакт со фирмата од каде ни рекоа дека за два-три дена може да се постави. Системот е дојден до инфективно и може да се поврзе. Ако не излезат други проблеми, наредна недела се надеваме дека ќе се пушти во употреба, изјави Етеми.

Во модуларната болница ќе има место за 35 луѓе. Сега во неколку објекти на Клиничката болница се хоспитализирани 41 пациент.

-Не е проблемот во кревети. Каде и да се болните, тешка е болеста. Голема е болницата и не сме имале страв дека ќе ни се случи ситуација да немаме кревети. И без модуларната, нема проблем и потешкотии, вели д-р Гзим Нуредини, координатор во Ковид центарот.

Посочи дека за разлика од ноември, сега болните многу побрзо имаат потреба од хоспитализација. Сега, најголем предизвик во надминување на состојбата се младите со коморбидитети.

-Овие три недели имаме помлада/средна популација некаде од 38 до 55 години што не беше ситуација кога го имавме пикот во ноември. Сега имаме и помлади. Овие две недели имаме број на починати поголем во споредба со претходните три недели кога имаше голем број на прием, вели Нуредини.

Вчера, во болницата починал маж на 40 години. Од први април до вчера евидентирани се 26 починати поради ковид или вкупно 260 од почетокот на пандемијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Избран најлошиот тим на Светското првенство

Познатиот американски медиум ESPN објави листа на најголемите разочарувања од неодамна завршеното Светско првенство, на која се најдоа неколку звучни имиња. 

Избран најлошиот тим на Светското првенство

Во тимот составен од 11-те играчи со најслаб учинок на турнирот влегуваат ѕвезди како Вирџил ван Дајк, Бруно Фернандеш, Флоријан Вирц, Нејмар и ветеранот меѓу стативите, Фернандо Муслера.

Уредничкиот тим на ESPN смета дека овие ѕвезди прикажаа игра далеку под очекувањата; нивните бледи настапи несомнено ги издвоија како главни разочарувања на турнирот.

На голот е 40-годишниот Фернандо Муслера, чии скапи грешки го чинеа Уругвај, додека одбраната ја предводи капитенот на Холандија, Вирџил ван Дајк, кој не успеа да ја зацврсти дефанзивната линија на својот тим.

Во одбранбената линија му се придружуваат Џошуа Кимих и англискиот тандем Марк Гехи и Нико О'Рајли; сите тие скапо платија за играњето на неприродни позиции и за тоа што потклекнаа под притисокот.

Средниот ред го сочинуваат играчи од кои се очекуваше да ги предводат своите репрезентации, но кои на крајот не успеаја да остварат никакво значајно влијание.

Бруно Фернандеш беше само бледа копија на играчот што го гледаме во клубот, Федерико Валверде не успеа да внесе никаква креативност во играта на Уругвај, додека Скот Мектомини одигра три крајно неубедливи натпревари.

Во нападот, најголеми разочарувања беа Нејмар – чиј настап на првенството се сведе на само 37 минути на теренот – Флоријан Вирц, кој само ги потврди критиките упатени кон него, и Кристијан Пулишиќ, кој по почетниот блесок, целосно исчезна во моментите кога се решаваа натпреварите.

Според ESPN, ова е најслабиот тим на Светското првенство: Голман: Муслера Одбрана: Кимих, Ван Дајк, Гехи, Нико О'Рајли Среден ред: Валверде, Мектомини, Б. Фернандеш Напад: Вирц, Пулишиќ, Нејмар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД синоќа го нападнаа Иран 11 ноќ по ред ,Техеран ги предупреди да не ги таргетираат нуклеарните постројки

САД синоќа го нападнаа И 11 ноќ по ред ,Техеран ги предупреди  да не ги таргетираат нуклеарните постројки.

САД синоќа го нападнаа Иран 11 ноќ по ред ,Техеран ги предупреди да не ги таргетираат нуклеарните  постројки

Централната команда на САД соопшти дека бранот напади бил „дизајниран да продолжи да ја деградира способноста на Иран да го загрозува комерцијалниот бродски сообраќај“ во Ормутскиот теснец.

Иранските државни медиуми објавија дека во главниот град Техеран е активирана воздушна одбрана. Експлозии се пријавени и во Тебриз, Чабахар, Конарак и во Бушер, каде што се наоѓа единствената нуклеарна централа во Иран.

Иран, кој возврати на САД и нивните сојузници од Блискиот исток, предупреди на одмазда откако Трамп изјави дека САД наскоро ќе погодат подземна нуклеарна постројка во близина на Натанц.

Иран и САД се согласија за прекин на огнот во април, но непријателствата продолжија минатата недела, бидејќи двете земји се бореа за контрола на виталниот воден пат Ормутскиот теснец.

Американските сили ги таргетирале иранските воени оперативни центри, поморските капацитети, хангарите за авиони, складиштата за беспилотни летала и воената логистичка инфраструктура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Нов скок на цените на горивата - уште еден доказ за економскиот неуспех на ВМРО-ОКГ

Граѓаните веќе со месеци со страв го очекуваат секое најавување на „нови мерки“ од Мицкоски за намалување на цените. 

СДСМ: Нов скок на цените на горивата - уште еден доказ за економскиот неуспех на ВМРО-ОКГ

Искуството покажува дека секоја таква најава на крајот резултира со ново поскапување.

Последниот пример со горивата е уште една потврда за ова правило.

Само по најавата дека Владата презела „нови мерки“ за намалување акцизи, за наводно намалување на цените на горивата, дојде до нов значителен скок.

Ова е директна последица на економската политика која ја води оваа влада.

Владата на ВМРО-ОКГ нема контрола врз економските текови и нема сериозна стратегија за заштита на стандардот на граѓаните.

Наместо структурни мерки, се применуваат краткорочни и неефикасни интервенции кои брзо се покажуваат како неуспешни.

Резултатот е постојан раст на цените на основните производи и услуги, додека реалниот доход на граѓаните стагнира или опаѓа.

Министерката за финансии самата призна дека без ребаланс веќе би се појавиле сериозни проблеми со исплатата на плати и пензии.

Ова покажува колку е кревка и нестабилна буџетската состојба, и колку малку простор има Владата за какви било економски интервенции.

Податоците се јасни. Од доаѓањето на ВМРО-ОКГ на власт, странските директни инвестиции се намалени за над 60%. Во исто време, државата се задолжи со над 2,5 милијарди евра за помалку од две години, при што најголем дел од овие средства не се насочени кон продуктивни инвестиции, туку кон тековно трошење.

Потрошувачката кошничка продолжува да расте и изнесува речиси 70 илјади денари, а минималната плата остана без реално зголемување кое би го следело растот на цените.

Новото поскапување на горивата ќе има директен ефект врз сите други цени во економијата - транспортот, производството и дистрибуцијата на стоки ќе поскапат, што ќе предизвика нов притисок врз инфлацијата.

Економската политика на ВМРО-ОКГ се покажува како неуспешна на сите нивоа.

Наместо да се создаваат услови за раст и инвестиции, се генерира несигурност, поскапувања и дополнително задолжување.

Граѓаните ја плаќаат цената на оваа политика преку повисоки трошоци за живот и намалени економски можности.

Без сериозни структурни реформи и без одговорна буџетска политика, Македонија ќе продолжи да се соочува со стагнација и пад на животниот стандард.

Новото поскапување на горивата е уште еден показател дека економската политика на оваа влада не функционира.

Скопје, 22.07.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер