Утрово најстудено во Берово и на Попова Шапка - Канал 5

Утрово најстудено во Берово и на Попова Шапка

 Најниска температруа од -4 стени Целзиусови утрово е измерена во Берово и Попова Шапка, -1 .

Утрово најстудено во Берово и на Попова Шапка

Најниска температруа од -4 стени Целзиусови утрово е измерена во Берово и Попова Шапка, -1 во Лазарополе, 0 во Струмица и Mаврови Анови, 1 степен во Kрушево, 3 во Крива Паланка и Претор, по 4 во Тетово, Охрид, Битола, Прилеп, Штип, Виница, Кавадарци, Демир Капија и Гевгелија, 5 во Скопје-Петровец, 6 во Скопје-Зајчев Рид, а најтопло е во Велес каде е измерена температура од 7 степени Целзиусови. Највисока снежна покривка од 53 сантиметри има на Попова Шапка.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени Целзиусови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повторно Иран и САД разменија оган, цените на нафтата пораснаа утринава

Иран лансираше „повеќе“ балистички ракети во „обид за ненадеен напад“ врз американските сили на Блискиот Исток, соопшти американската војска, со што се прекина затишјето во борбите.

Повторно Иран и САД разменија оган, цените на нафтата пораснаа утринава

Сите ракети беа „успешно пресретнати“, соопшти централната команда на сад . Иран соопшти дека целта била американска база во јордан.во меѓувреме, американската војска и силите на Саудиска Арабија ги нападнаа „терористите поврзани со Иран“ во Ирак, како одмазда за нападите со беспилотни летала. Новите напади ставија крај на краткиот прекин на непријателствата меѓу САД и Иран, кој имаше за цел да ги врати преговарачите на масата за преговори.

Иранската исламска револуционерна гарда, исто така соопшти дека погодила три танкери за нафта во Ормутскиот теснец, според новинската агенција ТАСНИМ.

Цените на нафтата пораснаа утринава поради загриженоста дека ескалацијата на конфликтот би можела дополнително да го наруши транспортот на енергија низ теснецот.

Во утринското тргување во Азија, глобалната референтна цена на суровата нафта од типот брент порасна за 4,3% на 87,70 долари за барел, додека нафтата што се тргува на американскиот пазар беше повисока за 4,2% на 82,62 долари.

Најновите напади се совпаднаа со посетата на израелскиот премиер Нетанјаху на Вашингтон, каде што се сретна со Трамп во Белата куќа и присуствуваше на погребот на американскиот сенатор Линдзи Греам.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево и топло со температура до 38 степени

Според Управата за хидрометеоролошки работи времето денес во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.

Сончево и топло со температура до 38 степени

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 38 степени.

Во Скопје, сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 35 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Без вода дел од општина Ѓорче Петров

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 07:40 часот до завршување на работните активности.

Без вода дел од општина Ѓорче Петров

Поради уличен дефект на водоводна цевка на улицата „Ѓорче Петров“ со булевар „Македонска Војска“ прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата „Ѓорче Петров“, булеварот „Македонска Војска“, „Виа Игнатиа“, „Мице Козар“, „Стоби“, „Александар Мутурков“, „Крсте Гермов-Шакир“ и дел од „Шидска“.

притисни ентер