Иранска пејачка и четири члена на нејзиниот бенд добија по 74 удари со камшик- не носела хиџаб на настапот
2Иранска пејачка и четири члена на нејзиниот бенд добија по 74 удари со камшик- не носела хиџаб на настапот
3Ограбена е вилата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон- разбојници упаднале во нивниот омилен семеен имот
Поранешниот шеф на Мосад тврди дека помогнале во спречување на терористички напади на концертите на Тејлор Свифт
2Поранешниот шеф на Мосад тврди дека помогнале во спречување на терористички напади на концертите на Тејлор Свифт
ЖивотУтрински: Оџи од Гостивар врбуваат борци за СиријаНад дваесетина оџи од Гостивар и од околината изминатите години се школувале на факултетите во Саудиска Арабија и во Каиро и сега го пренесуваат своето знаење на верниците, пишува Утрински весник.Утрински весник објави репортажа за дваесет и осумгодишниот Расим Зеќири од гостиварското село Беловишта, кој во неделата загина во борбите во Дамаск и кој, според пишувањето, најверојатно, ќе биде погребан во Сирија. Репортажата ја пренесуваме во целост. Неговите соселани велат дека таков аманет оставил - ако загинам, таму да бидам погребан. Семејството веќе две децении му живее во Австрија. Во Виена му се родителите, братот, сопругата и тригодишниот син. „Не дошле во селото со години. Куќата им е празна. Како што разбравме, за две-три недели би требало да дојдат тука“, ни велат жителите на Беловиште. Тоа е село практично споено со гостиварската населба Циглана. Прекрасна природа, убави куќи, најголемиот дел од селаните живеат во странство. Америка, Швајцарија, Германија и Италија се нивните втори татковини. Повозрасните се враќаат во селото, сакаат пензионерските денови да ги минат во својот крај, младите тераат кариери во странство. Таква е сликата и во соседните Мало Турчане, Лакавица и Куново. Се' заедно над пет илјади жители, главно Албанци, но има и голем број Македонци. Живеат мирно и во слога. Сепак, забележуваат дека во последно време се јавуваат радикални струи меѓу нив, кои се' уште немаат силен замав. Има ли и други гостиварци што се борат на страната на сириските бунтовници против воените сили на претседателот на државата Башар ал-Асад? Каде се регрутираат, каде се обучуваат, добиваат ли пари? На овие прашања никој не сака да зборува гласно. Одговорите, пак, ги знаат сите.„Исламскиот фундаментализам во Гостивар се ‘пресели‘ од Босна и Херцеговина некаде по крајот на војната во таа земја. Го донесоа дел од гостиварците што живееа таму. Таму беа ‘задоени‘ со радикализмот и од тогаш се обидуваат да го пренесат врз што е можно поголем број граѓани“, велат нашите соговорници. На почетокот во тишина, а сега со се' поголем успех. Финансирани главно од Саудиска Арабија, се' полесно успеваат да продрат пред се' до социјално загрозените слоеви. Им се помага финансиски и тоа е доволно да се допре до верниците. Потоа и зацврстувањето на идеалите оди полесно. „Но, не се само сиромашните. Во гостиварско има две богати фамилии што се приврзаници на исламскиот радикализам“, тврдат гостиварци. Информациите велат дека над дваесетина оџи од Гостивар и од околината, изминатите години се школувале на факултетите во Саудиска Арабија и во Каиро. Тие сега го пренесуваат своето знаење на верниците. Но, огромно мнозинство од Албанците, како и од Турците, е верно на Исламската верска заедница. Поради тоа, вахабистите како свое собиралиште користат една новоизградена џамија во гостиварско село. Освен тоа, како што се зборува, активни се уште во неколку куќи во центарот на градот и таму ги извршуваат верските обичаи. „Располагаат со многу пари. Секое семејство, а речиси никогаш кај нив не оди само поединец, добива од 300 до 500 евра месечно. Солидарни се меѓу себе. На пример, се случува да отворат бутик за облека, што да речеме ја добиваат од Турција. Доколку не успеат да ги продадат сите парчиња, тогаш излегуваат на тезга на улица и продаваат по половни цени. Парите одат во нивните групи, а потоа и во хуманитарни цели. Најчесто работат преку невладини организации, па полицијата не може да им влезе во трага“, објаснуваат нашите соговорници. Нивните приврзаници се верски фанатици. Лесно забележливи по долгите бради и воочливата облека, не се популарни меѓу обичните муслимани. Тоа јасно ни беше посочено и од верниците во џамијата во Беловишта. „Тие се закана за сите нас, и за Македонци и за Албанци, бидејќи нивната цел е оштетување на исламот како религија“, рекоа собраните верници. Гостиварци велат дека е многу тешко да се каже колкумина нивни сограѓани заминале во Сирија или Авганистан, Саудиска Арабија, Иран за да се борат од верски причини. Тешко е да се направи разлика, велат тие, бидејќи во Македонија не постојат ниту кампови за обука ниту се регрутираат борците. „Камповите за обука во регионот се во Албанија и во Санџак. Таму ги добиваат потребните вештини за преживување. Регрутирањето се врши во Косово, има и голем дел што се пријавуваат во Австрија. Затоа е тешко да се каже колку од нив продолжуваат на кризните жаришта“, раскажуваат во градот. Потенцираат дека клучна причина поради која што радикалите ја ставаат главата во торба е пред се' верскиот фанатизам. Нашите соговорници велат дека не постои никаква разлика меѓу нив и доброволците на Француската легија на странците. „Вторите се борат исклучиво за пари, а исламските фанатици не добиваат плата, на пример. Сепак, тие знаат дека и доколку загинат, нивните семејства ќе бидат одлично згрижени. При најмала лекарска интервенција, за било кој член на семејството, собираат пари повеќе отколку што им треба, а не, пак, при смрт“, тврдат познавачите. Тие што ќе заминат во војна, свесни се дека на смртта им гледаат во очи. Во зависност од способноста, распоредени се во неколку единици. Една од нив се вика Единица на смртта. Оттаму, како што се зборува, нема враќање. Каде што ќе пламне жаришпте, тие се први на терен. Зеќири е првиот доброволец од Македонија што е убиен во Сирија. Како што објавија албанските медиуми, во изминатиот период се убиени двајца Албанци од Косово. Тамошните медиуми јавуваат дека постојат групи од по десетина Албанци, добро вооружени, кои се борат на страната на опозицијата и под контрола држат делови од територијата на Сирија. Косовските медиуми претходно јавија дека во Сирија на страната на бунтовниците се борат најмалку 140 Албанци, од Албанија, Косово и од јужна Србија и оти од ноември лани до минатата недела животот го загубиле десетмина Албанци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
СветНеивесна е судбината на 133.000 Рохинџи во Малезија, откако Турција одби да ги прими Малезискиот премиер Анвар Ибрахим денес потврди дека Турција не е подготвена да го прифати предложениот трансфер на 10.000 Рохинџи од Малезија, која е дом на повеќе од 133.000 членови на претежно муслиманската малцинска заедница.„Јас лично добив потврда од турската влада пред два дена дека тие дури и не се подготвени да го разгледаат предлогот. Малезија побара тој да се разгледа за да се реши дел од нашиот проблем“, изјави Анвар пред парламентот, објави SCMP.com. Малезија не е потписничка на Конвенцијата на Обединетите нации за статусот на бегалците и нема законска рамка за да им се даде трајна заштита на бегалците. Изјавата на малезискиот премиер дојде помалку од една недела откако Меѓународниот суд на правдата го прогласи Мјанмар за одговорен за геноцид врз Рохинџите за време на воената кампања во 2017 година, обележана со масовни убиства, силувања и други сериозни кршења на човековите права. Судот му наложи на Мјанмар да го олесни безбедното, доброволно и достоинствено враќање на заедницата, како и да обезбеди репарации. Изјавата на Анвар е во спротивност со тврдењето на вицепремиерот Ахмад Захид Хамиди во петокот дека е постигнат договор за преселување на бегалците во Турција преку програми за стручно оспособување прилагодени на потребите на турската индустрија. Неговата изјава беше отстранета околу еден час подоцна, а Анкара подоцна ги отфрли обвинувањата како „неосновани“. Махи Рамакришнан, основач на групата за права на бегалците „Надвор од границите на Малезија“, рече дека владата им должи на јавноста и на бегалците Рохинџа целосно објаснување. „Не можете да објавите дека кабинетот одобрил предлог за преселување на 10.000 бегалци во друга земја, јавно да објавите дека земјата домаќин се согласила да ги прифати, а потоа да ја повлечете таа објава без никакво објаснување“, рече таа. Податоците од Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) покажуваат дека бројот на бегалци што ја напуштаат Малезија во рамките на програмите за преселување се намалил од 7.012 во 2024 година на 1.365 во 2025 година. Глобално, бројот на заминувања преку програмите на Обединетите нации се намалил од 116.528 на 37.248 во истиот период. Поранешниот малезиски министер за надворешни работи, Сејед Хамид Албар, изјави дека членовите на Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН) не се подготвени да ја преземат одговорноста за прифаќање на бегалци. Тој ја наведе бегалската криза во Виетнам, која започна во 1975 година, како исклучок, кога Малезија прифати бегалци со разбирање дека подоцна ќе се вратат во својата татковина или ќе се преселат во други земји, како што се САД и Франција. Анвар ги бранеше разговорите со властите во Мјанмар, чиј воен водач и претседател Мин Аунг Хлаинг ја посети Малезија на 7 и 8 октомври. „Бесконечното очекување дека ќе се најде трета земја не даде резултати. Очекувањето дека тие лесно би можеле да се вратат дома, исто така, не е исполнето“, изјави малезискиот премиер пред парламентот. Тој рече дека 10.476 државјани на Мјанмар се репатрирани во земјата на трошок на властите на Мјанмар, вклучувајќи 1.476 лица кои беа транспортирани со воени бродови на 29 септември. Тој рече дека уште 6.803 лица треба да ја напуштат Малезија во декември. Анвар рече дека, според мониторингот на малезиските разузнавачки агенции, немало случаи на притисок меѓу 10.476 лица кои биле репатрирани. Но, УНХЦР соопшти дека не им е даден пристап до оние што се вратени во септември за да ја проценат нивната ситуација и праша дали одлуките донесени додека биле во притвор може да се сметаат за доброволни. На 6 октомври, Анвар му рече на парламентот дека групата повратници не ги вклучува Рохинџите. Во саботата, Малезиската комисија за човекови права повика на запирање на репатриациите сè додека условите за заштита на повратниците не можат независно да се потврдат. Државата Ракхин во Мјанмар, која граничи со Бангладеш и е историска татковина на Рохинџите, е вмешана во години вооружен конфликт. Војската се бори против армијата Аракан, етничка вооружена група, а истражителите на ОН документираат злоупотреби на правата на Рохинџите од двете страни, вклучително и присилно регрутирање. Законот за државјанство на Мјанмар од 1982 година ја остави заедницата без државјанство, и покрај тоа што нејзините членови живеат во земјата со генерации, според УНХЦР. Бангладеш е дом на повеќе од 1,2 милиони Рохинџи, од кои околу 1,17 милиони се во преполни бегалски кампови во областа Кокс Базар, според бројките објавени од властите на Бангладеш и УНХЦР во октомври.Тагови: Малезија Рохинџи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИранска пејачка и четири члена на нејзиниот бенд добија по 74 удари со камшик- не носела хиџаб на настапот Иранската пејачка Парасту Ахмади вчера беше камшикувана 74 пати затоа што настапуваше без задолжителниот хиџаб, изјави нејзиниот адвокат Мостафа Нили, како што објави Иран за човекови права (IHRNGO).Четири члена од нејзиниот концертен тим беа исто така камшикувани 74 пати, соопшти IHRNGO на социјалните медиуми, цитирајќи го Нили. Казните беа извршени во Одделот за извршување казни на Обвинителството на Ком, а меѓу нив беа Ахмади, организаторот на концертот Мохсен Лашкари и музичарите Сохеил Фагих-Насири, Амин Тахери и Амир-Али Пирнија. Случајот следеше по објавувањето на интернет на снимки од „концертот во каравансарај“ на Ахмади, снимен во декември 2024 година во историскиот каравансарај Деир-е Гачин во близина на Ком, свет шиитски град каде што се наоѓаат голем број исламски религиозни училишта и се смета за упориште на религиозниот конзерватизам. Iran flogs female singer and four members of concert team "74 times" over her performance without hijab Parastoo Ahmadi sings in a live performance filmed at the historic Deir-e Gachin Caravanserai near Qom in December 2024. Parastoo Ahmadi sings in a live ... Iranian singer Parastoo Ahmadi was lashed "74 times" on Monday over a performance in which she appeared without the mandatory hijab, according to defense attorney Mostafa Nili, cited by Iran Human Rights (IHRNGO). Four members of her concert team also received "74 lashes each", IHRNGO said on X, citing Nili. The sentences were carried out at the Sentence Enforcement Unit of the Qom Prosecutor’s Office against Ahmadi, concert organizer Mohsen Lashkari and musicians Soheil Faghih-Nasiri, Amin Taheri and Amir-Ali Pirnia https://t.co/0fZr8mVOZ5 — Neal Rudin (@ZagoZana) November 24, 2026 Видео од претставата, на која не присуствувала публика, ја прикажува Ахмади како пее заедно со машки музичари. Таа носела долга црна облека без ракави, а косата ѝ била откриена, кршејќи ја политиката за задолжително носење хиџаб во Иран. Махмуд Амири-Могадам, директор на IHRNGO, за CNN изјави дека облеката на Ахмади била фактор во изрекувањето на пресудата, но додаде дека обвинителството се темели и на фактот дека таа пеела јавно и, пошироко, на нејзиното противење на иранските власти. Кратко по објавувањето на видеото, новинската агенција Мизан, која е поврзана со иранското судство, објави дека властите отвориле постапка против Ахмади и членовите на продукцискиот тим за она што го опиша како „нелегален концерт“. Агенцијата соопшти дека претставата не е во согласност со „законските и религиозните стандарди“ на земјата. Судот ги осуди сите петмина за „навреда на јавниот морал“ со производство и дистрибуција на онлајн содржина опишана како вулгарна и неморална. Покрај камшикувањето, им беше забрането и да се занимаваат со уметнички и музички активности и да патуваат во странство во рок од две години. Апелацискиот суд ја потврди пресудата во септември. Амнести интернешнл го опиша камшикувањето како сурова, нечовечка и понижувачка казна. Групата за човекови права ги обвини иранските власти во извештај од минатата година дека сè повеќе прибегнуваат кон произволно притворање, гонење и камшикување на пејачки, новинарки и активистки за женски права кои го оспоруваат задолжителното носење превез. Казната доаѓа во услови на постојан притисок врз женските изведувачи во Иран. Пејачката Хива Сејфизаде беше осудена на четири години затвор од понизок суд за „поттикнување корупција и проституција“ откако изведе традиционална иранска музика во Техеран во февруари 2025 година. Сејфизаде во видео објавено на социјалните мрежи во август изјави дека испеала само неколку стихови од познатиот персиски поет од 13 век Саади Ширази и се запраша како изведбата може да претставува поттикнување корупција или проституција. Таа рече дека има намера да поднесе жалба. Иранските власти не коментираа веднаш за наводното камшикување.Тагови: камшик хиџаб Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаОграбена е вилата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон- разбојници упаднале во нивниот омилен семеен имот Селскиот имот на Вилијам и Кејт Мидлтон, принцот и принцезата од Велс, бил цел на крадци, дознава „Дејли меил“.Полицијата во Норфолк наводно истражува провала во Анмер Хол, која се случила во вторник вечерта. Куќата со десет спални соби се наоѓа на имотот Сандрингам, кој му припаѓа на кралот Чарлс III, и е свадбен подарок што им го дала на принцот и принцезата од Велс покојната кралица Елизабета II. Принцот и принцезата од Велс и нивните деца, Џорџ, Шарлот и Луис, биле во Виндзор во времето на инцидентот. Тие редовно ги поминуваат викендите и празниците во Анмер Хол, кој се смета за нивно омилено одморалиште. Кенсингтон Палас одби да коментира за безбедносните прашања, објави Дејли Меил. Принцот од Велс моментално е на Даунинг стрит, каде што разговара за заедничките приоритети со британскиот премиер Енди Бернам, вклучително и справувањето со бездомништвото.Тагови: Кејт Мидлтон Принцот Вилијам Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook