Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
2Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
КултураУтревечер отворање на 27-мо издание на „Поетска ноќ во Велестово“ Охридското село Велестово утревечер повторно ќе биде собирното место на македонските поети и сликари, вљубеници во поезијата и уметноста воопшто, во рамки на 27-то издание на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“.Како што беше истакнато на денешната прес-конференција посветена на „Поетската ноќ во Велестово“, манифестацијата по својата специфика изминатите речиси три децении се избори за епитетот најавтентична поетска манифестација, не само во земјата туку и пошироко. - Нејзината специфичност произлегува од начинот на презентирање на поезијата во необичен простор, надвор од академските простории и структури, туку се враќа во селото - нејзиното извориште, истакна Славе Ѓорѓо Димоски, поет и основач на „Поетската ноќ во Велестово“. Тој во оваа прилика го нагласи неговиот став дека поезијата е единствениот чувар на јазиците кои се од мало говорно подрачје, особено во денешницата, во современието кога технологијата надвладува, како што рече „во период на контаминација на интернационален лексички дожд, особено од англискиот јазик“. -„Поетската ноќ во Велестово“ претставува и една мала, но строга антологија на македонското поетско творештво и на македонското сликарство, во секое нејзино издание опфаќајќи творештво на еден поет и на еден сликар, класици на современата македонска поетска литература и македонската ликовна уметност, појасни Димоски. Оваа година манифестацијата е посветена на поетот, прозаистот, критичарот Веле Смилевски. За неговото поетско творештво ќе беседат Санде Стојчевски и Раде Сиљан. Традиционално покрај поетскиот портрет ќе се одржи и ликовна изложба. Во изложбениот простор на старото училиште во Велестово со изложба на слики и графики со мотиви од Монголијка ќе се престави Литов Намдагјанчивин, инаку почесниот конзул на Монголија во Македонија. На вториот ден од манифестациајта, задутре во Велестово да биде промовиран зборникот песни „Меѓу две неба, песни за Велестово“ во кој се поместени педесетина песни посветени на Велестово од автори ширум светот. Во рамките на оваа манифестација изминатите 25 години беа претставени творештвата на најпознатите македонски поети, сликари, критичари, меѓу кои Анте Поповски, Гане Тодоровски, Патре М. Андреевски, Матеја Матевски, Богомил Гузел, Радован Павловски, сѐ до претставници од помладата генерација, како Никола Маџиров и Владимир Мартиновски, а од сликарите би ги споменале: Вангел Наумовски, Боро Митриќевски, Сергеј Андреевски, Глигор Чемерски, Владимир Георгиевски, Газанфер Бајрам, Славко Упевче... Манифестацијата ќе биде отворена утревечер на средсело во Велестово, со почеток од 21:30 часот. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаСнопче: Додека зборував од моето место, бев прекинат од координаторот на ВМРО-ДПМНЕОна што денес се случува во Собранието претставува загрижувачки преседан за функционирањето на парламентарната демократија.На пратениците од опозицијата им е загарантирано правото во времетраење од два часа да поставуваат пратенички прашања до Владата. Но, кога се бара пауза, со што се прекинува можноста за остварување на ова право, а потоа образложението е дека двата часа веќе поминале, станува збор за апсурдно толкување на Деловникот на Собранието. Ова е еден вид политичка шизофренија: да имаш загарантирано право во времетраење од два часа, а потоа времето поминато во паузи да се користи како аргумент за да ти се ускрати токму тоа право! Додека зборував од моето место, бев прекинат од координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, поради што не успеав до крај да го искажам својот став, објави Халил Снопче од Алијанса за Албанците.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеЕдногодишно дете сомнително на морбили – се чекаат резултатите за потврда Уште едно дете на возраст од околу една година е сомнително на морбили, и иако има делумна потврда дека е заразедно со мали сипаници, сепак се очекуваат резултатите од целосна лабораториска анализа, велат од ИЈЗ. Олеснителна околност за помал ризик од епидемија во последниот шести случај е тоа што детето не одело во градинка, а според првичните епидемиолошки анализи имало контакт со роднини од Косово каде што инаку има епидемија на мали сипаници. Министерот Сашо Клековски потенцира дека присилни мерки за имунизација во Македонија нема, а засега нема ни жариште за можна епидемија. Градинките не смеат да забрануваат прием на деца бидејќи таква мерка од здравство не постои, кажа Клековски, но сепак, апелира на свеста на родителите, иако деновиве има поголем одзив за вакцинирање со МРП. Додека се бројат ризиците за можна епидемија на мали сипаници, властите тврдат дека детално се прегледуваат сите случаи на воспаление на коски кај дечињата со цел да се утврди дали и кај нас има сомнежи за зголемен број на остеомиелит како во Хрватска, откако и во Македонија целосно се стопира вакцинацијата со БСЖ во родилиштата. Таа ќе продолжи со нови вакцини од Јапонија кои се набавуваат преку УНИЦЕФ што ќе ги заменат бугарските, но кога ќе пристигнат во земјава, засега не се знае. Во однос на вакцинацијата против грип, пак допрва треба да пристигне втората тура од 26.000 вакцини кои сега се во Словенија, а од Министерството уверуваат дека наскоро ќе се повикуваат граѓани што сакаат да се имунизираат но не спаѓаат во ризичните групи. Се очекува годинава на располагање да има 85000 вакцини против грип. Тагови: морбили Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветШефот на Нвидија поднесе оставка по аферата со наводната кинеска шпионка Јенсен Хуанг (63) поднесе оставка од функцијата извршен директор на „Нвидија“, една од највредните компании во светот и водечки производител на чипови за вештачка интелигенција. Тој, исто така, се повлече од функцијата претседател и претседател на одборот. Заминувањето на Хуанг доаѓа по откритијата за две вонбрачни афери, од кои едната наводно била со жена за која американските власти се сомневаат дека е поврзана со кинеската разузнавачка служба. Скандалот со шпионката предизвика сериозна криза во „Нвидија“, а вредноста на компанијата падна за стотици милијарди долари во последните денови. Аферата што ја потресе „Нвидија“ Хуанг минатиот викенд призна дека ѝ бил неверен на својата сопруга, но не го откри идентитетот на жената со која имал афера. Американските медиуми објавија дека жената за која станува збор била Алис Хуанг, бизнисменка со врски со кинеската технолошка индустрија за која се сомнева дека е вмешана во разузнавачки активности. Управниот одбор на „Нвидија“ започна независна истрага на 8 ноември за можноста Хуанг да бил цел на странска разузнавачка операција. Во исто време, нагласи дека нема причина да се верува дека националната безбедност на САД или трговските тајни на компанијата се во опасност. Ситуацијата дополнително ескалираше откако „Њујорк тајмс“ објави дека Хуанг имал уште една вонбрачна врска, со Кимберли Пауел, една од раководителите на „Нвидија“ која му била директно подредена. Ова, исто така, покрена прашања за можни судири на интереси и почитување на внатрешните правила на компанијата. Компанијата изгуби стотици милијарди долари во вредност Акциите на „Нвидија“ паднаа за повеќе од осум проценти во тргувањето по работното време по извештаите дека одборот на директори размислува за отстранување на Хуанг. Пазарната вредност на компанијата се намали за повеќе од 600 милијарди долари откако избувна скандалот. Компанијата игра клучна улога во глобалниот развој на вештачката интелигенција. Нејзините процесори се користат во центрите за податоци на најголемите технолошки компании, поради што промените на нејзиното врховни позиции би можеле да имаат последици за целата индустрија. Крај на 33 години на чело на компанијата Хуанг е ко-основач на „Нвидија“ во 1993 година и оттогаш континуирано ја води. Под негово водство, компанијата прерасна од производител на графички процесори за компјутери во еден од најважните добавувачи на технологија за вештачка интелигенција. Неговото заминување го покренува прашањето за идното раководство на компанијата во време кога се соочува со притисок од инвеститорите, контрола од страна на САД врз извозот на напредни чипови во Кина и високи очекувања за развој на вештачката интелигенција. На 17 ноември, Nvidia треба да објави нови квартални финансиски резултати.Тагови: Нвидија шпионка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter