За шест часа контролирани 870 возила – утврдени 73 неправилности кај возилата и 186 прекршоци кај возачите
2За шест часа контролирани 870 возила – утврдени 73 неправилности кај возилата и 186 прекршоци кај возачите
КошаркаУтрешниот дуел меѓу Вардар и Работнички е прогласен за натпревар од висок ризик Македонската кошаркарска федерација ја информира јавноста, натпреварот од 5. коло од Првата лига-мажи, помеѓу екипите на Вардар и Работнички, да биде прогласен за натпревар од зголемен ризик. Македонската кошаркарска федерација ја информира јавноста, поврзано со одлуката на комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ, натпреварот од 5. коло од Првата лига-мажи, помеѓу екипите на Вардар и Работнички, кој е делегиран за 28.10.2023 година во 18.часот во салата на КК „Вардар“ во Скопје, да биде прогласен за натпревар од зголемен ризик. Согласно членот 10 од Правилникот за работа, Комесарот за натпреварување соработува со комесарите за безбедност на клубовите, во овој случај со КК „Вардар“ од Скопје, како организатор на натпреварот, како и со органите на МВР и други државни институции, во смисла на спречување и превенирање на насилство и почитување на Законот за спречување насилство на спортските терени. „Согласно членовите 16.1, 16.8.1 од Пропозициите за натпреварување во сениорските лиги, лицето за контакт од екипата домаќин на ден 24.10.2023 година ја извести канцеларијата за натпреварување во сениорските лиги дека натпреварот ќе се игра во дадената сала и дадениот термин, со напомена дека, освен присуство на навивачи на екипата-домаќин, и гостинската екипа најавила присуство на навивачи. Согласно главата 9, член 10, алинеја 5, комесарот за натпреварување е должен тесно да соработува со клубовите, со органите на МВР и други државни институции, во смисла на спречување и превенирање на насилство и почитување на Законот за спречување насилство на спортските терени. Со оглед на најавите дека ќе има присуство на две навивачки групи, а за што подобра организација на натпреварот, во прв ред, безбедноста на актерите и присутните во спортскиот објект, спречување на инцидентни ситуации, одлучено е овој натпревар да биде од зголемен ризик. Дополнително, а согласно членот 19.3 од Пропозициите за натпреварување во сениорските лиги, комесарот за натпреварување побара поголем број на присутни органи за безбедност, чија бројка ќе зависи од проценката на претставниците на МВР. Во исто време, организаторот на натпреварот е должен да организира соодветна редарска служба – зголемен број, и агенција за обезбедување, согласно Законот за спречување насилства на спортските терени во РС Македонија. Со напомена дека, тоа не значи дека нема да има присуство на одреден број на навивачи, согласно со капацитетот на спортскиот објект-сала во кој домашната екипа го организира овој натпревар“, соопштуваат од Кошаркарската федерацијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре променливо облачно со сончеви периодиВремето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 14 степени. До сабота времето ќе биде релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во недела поради продор на постудена воздушна маса од север ќе има заладување и стабилизирање на времето. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.Тагови: облачно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗа шест часа контролирани 870 возила – утврдени 73 неправилности кај возилата и 186 прекршоци кај возачитеЗа сите констатирани неправилности и прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.На 06.11.2026 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе општа акциска контрола на возачи и возила, насочена кон зголемување на безбедноста во сообраќајот и откривање на неправилности и прекршоци. Во рамки на контролата биле контролирани вкупно 870 возила, при што констатирани се 73 неправилности во однос на возилата. Од нив, 48 возила биле упатени на технички преглед, при што кај 37 е утврдена техничка неисправност. Во однос на возачите, констатирани се 186 прекршоци, од кои најголем дел се однесуваат на користење мобилен телефон при управување со возило, некористење сигурносен појас, непрописно паркирање и други прекршоци. Дополнително, евидентирани се и три случаи на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик, како и 137 прекршоци од друг вид. За сите констатирани неправилности и прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи. Министерството за внатрешни работи продолжува со спроведување на сообраќајни контроли и апелира до возачите редовно да ја проверуваат техничката исправност на возилата, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да придонесат за побезбеден сообраќај.Тагови: прекршоци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУчество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форумПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Француската Република, по повод учеството на деветтото издание на Парискиот мировен форум.Сиљановска-Давкова утре, 10 ноември 2026 година, вторник, ќе присуствува на отворањето на форумот којшто годинава се одржува под наслов „Здружување на силите за она што е најважно“. Таа ќе се обрати на панел-дискусијата „Одбрана на линијата: Суверенитет во ера на хибридни закани“, а ќе биде дел и од свечената вечера, којашто во чест на шефовите на држави и влади – учесници на Парискиот мировен форум, ќе ја приреди претседателот на Француската Република, Емануел Макрон. Парискиот мировен форум, основан во 2018 година, e меѓународна платформа за унапредување на глобалното управување, мирот и мултилатералната соработка.Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44