Се шири истрагата за нелегалните ботокси – уште двајца доктори „паднаа“ во случајот за шверц и дуструбиција
2Се шири истрагата за нелегалните ботокси – уште двајца доктори „паднаа“ во случајот за шверц и дуструбиција
КултураУтре завршуваат карневалските празнувања во СтрумицаОсумдневните карневалски празнувања во Струмица завршуваат утре кога карневалистите ќе му го вратат клучот од градот на градоначалникот, Костадин Костадинов.Вечер ќе бидат доделени наградите на најдобрите карневалски групи, а празнувањето продолжува со забавата насловена како Карневалско село на Плоштадот „Гоце Делчев". Според претседателот на Организацискиот одбор на Струмичкиот карневал, Александар Цицимов, по две години пауза заради пандемијата повторно е вратен сјајот на карневалот и е продолжена вековната традиција. -Одлуката за организирање на карневалот не исправи пред многу предизвици, но и ни ја врати надежта дека животот повторно се враќа во нормала. Од сето тоа што досега се случува од почетокот на карневалот можеме да кажеме дека сме го направиле вистинскиот избор. Се случи „струмичко чудо" во вистинска смисла на зборот, рече Цицимов. Карневалските поразнувања традиционално завршуваат утре со Тримерски ручек и настап на „Распеани струмичани" и концерт на ансамблот „Фолклорна низа".Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26Мицкоски во посета на Општина Охрид09:47Ќе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?15:00Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06
Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
МакедонијаФилипче: Оризот скапува по амбарите, Владата ги уништи оризопроизводителитеФилипче, денеска имаше средба со земјоделци оризопроизводители од регионот на Општина Чешиново-ОблешевоПретседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска имаше средба со земјоделци оризопроизводители од регионот на Општина Чешиново-Облешево, на која што се разговараше за состојбата со производството на ориз. Филипче на средбата посочи дека е трагична сликата на терен - оризопроизводителите се оставени без никаква поддршка, оризот скапува по амбарите, а Владата со својата незаинтересираност го доведува во прашање опстанокот на една од најзначајните земјоделски гранки во државата. Земјоделците производители на ориз на средбата алармираа дека големи количини на ориз од ланската година стојат по амбарите, бидејќи нема откуп. Филипче посочи дека земјодеците немаат никаква информација ниту за откупните цени, ниту за субвенциите за новата сезона. „Има заостанати количини од минатата година. Само половина од произведениот ориз е откупен од минатата година, 50% седи по амбарите, никој не е заинтересиран да го откупи, глувци има по амбарите, што ризик да се прошират болести во овој регион. Дополнително на сите овие проблеми, нема никаква насока ниту најава за откупни цени или субвенции за оризот којшто се произведува оваа сезона“, рече Филипче. Притоа, Филипче додаде дека дополнителен удар за оризопроизводителите се најавите дека откупната цена ќе биде ниска и недоволна да ги покрие ниту основните трошоци за производство. „Најавите се дека откупната цена ќе биде многу ниска. Додека во времето на нашите влади откупната цена беше над 40 денари, сега е по 20 денари за килограм. Неколкукратно трошоците за производство ги надминуваат откупните цени. Дополнително, нема откуп и нема доволна количина која се откупува од оризот“, рече Филипче. На средбата, Филипче нагласи дека поради негрижата на Владата на ВМРО, земјоделците ја губат довербата во институциите, а состојбата во оризопроизводството е директна последица на негрижата и неспособноста на власт. „Трагична, трагична незаинтересираност на власта. Огромна разочараност има кај земјоделците. Губат верба во државата поради лошата Влада, гледаат дека во производството на ориз практично немаат никаква иднина и луѓето стравуваат дека целиот овој сектор практично може да се соочи со прашањето дали воопшто ќе функционира во следниот период, во капацитетот во кој што тука бил со децении. Од овие плодни полиња коишто ја хранеле Македонија, кои што биле извор на репроматеријали, ориз и сѐ друго што се произведува тука, кое се извезувало од нашата земја, а тие сега се соочени сега со егзистенцијални проблеми“, рече Филипче. Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСерафимовски: Надминат е проблемот со откупот на млекотоСточарите од Пијанечко-Малешевскиот регион добиваат сигурен пласман.Државниот секретар и предлог кандидат за министер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, оствари работна средба со сточарите од Пијанечко-Малешевскиот регион, при што беше потврдена најважната вест за сточарите од овој крај. Надминат е проблемот со откупот на млекото и неговиот откуп продолжува, со што завршува периодот на неизвесност за голем број семејни земјоделски стопанства. На средбата, на која присуствуваше и градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, беше истакнато дека обезбедувањето континуиран откуп претставува значаен чекор кон стабилизирање на сточарското производство во регионот. Покрај ова, се разговараше и за откупната цена на млекото, исплатата на субвенциите, како и за други прашања што се важни за унапредување на условите за работа на сточарите. „Решавањето на проблемот со откупот на млекото беше наш приоритет, бидејќи македонските сточари заслужуваат сигурен пласман и извесност за својот труд. Ќе продолжиме да работиме на создавање фер услови за производство, економска стабилност и политики што произлегуваат од директните разговори со луѓето на терен“ истакна Серафимовски. Движењето ЗНАМ за Наша Македонија ќе продолжи активно да се залага на решавање на проблемите со кои се соочуваат земјоделците, обезбедувајќи конкретни резултати и поддршка за домашното производство, со цел изградба на силен, конкурентен и одржлив аграр и сигурна иднина за македонските граѓани. Центат за комуникции и аналитика ЗНАМТагови: Серафимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПревентивни активности за безбеден сообраќајНа 10.07.2026 на подрачје на Струмица, полициски службеници од Отсекот за превенција и ПС за БПС при СВР Струмица реализираа превентивни активности во рамки на кампањата ,,Не користи мобилен телефон додека возиш". На возачите им беше укажано за забраната за користење мобилни телефони согласно законот и ризикот од несакани последици при употреба на истите додека управуваат моторни возила. Денеска (11.07.2026) полициски службеници од ПО за БПС при ОВР Кавадарци, во Кавадарци реализираа сообраќајна превентивна активност на тема „Биди внимателен и одговорен учесник во сообраќајот - носи кацига“. Целта на активноста беше да се влијае на зголемување на сообраќајната култура кај возачите на мопеди и мотоцикли и да се подигне свеста за одговорно учество во сообраќајот преку почитување на сообраќајните правила и прописи. Посебен акцент беше ставен на обврската за носењето на кацига како за возачите така и за сопатниците, во насока на зголемување на личната безбедност. Во рамки на активноста беше поделен печатен едукативен материјал изработен во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност Скопје. Денеска (11.07.2026), на градскиот плоштад во Гостивар се одржа превентивно-едукативен настан посветен на безбедноста на мотоциклистите во сообраќајот. Настанот беше организиран од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово, во содејство со Полициската станица од општа надлежност Гостивар и Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар, а по претходна иницијатива и известување од Мото клубот „GoBikers“ од Гостивар. Активноста е дел од Оперативната акција „Безбеден сообраќај“. На настанот учествуваа околу 20 мотоциклисти од клубот „GoBikers“, кои на присутните граѓани им ја појаснуваа важноста на одговорното управување мотоцикл. Во рамките на активностите, во соработка со Црвениот крст – Гостивар, беше изведена симулациска вежба за укажување прва помош при сообраќајна незгода во која учествува мотоциклист. Целта на вежбата беше да се прикаже брзата и правилна реакција која спасува животи. Дополнително, волонтерите од Црвениот крст на посетителите им делеа вода за освежување. Отсекот за превенција при СВР Тетово на плоштадот постави едукативен штанд под мотото „Секогаш носи кацига и заштити го животот“. На граѓаните и на учесниците во сообраќајот им беа делени летоци со наслов „Кацига или глава – Изборот е твој“, со кои се испраќаат клучните пораки за безбедност. Летоците се изработени во соработка помеѓу Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, МВР на РСМ и Факултетот за безбедност – Скопје, со цел подигнување на сообраќајната свест и намалување на ризиците од сообраќајни незгоди.Тагови: Превентивни активности Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter