Утре започнува Саемот на книга - Канал 5

Утре започнува Саемот на книга

33 промоции на нови изданија за време на саемот.

Утре започнува Саемот на книга

Во рамките на Саемот на книга 2021, покрај изложбено-продажниот дел се организираат и промотивни активности, при што ќе се одржат вкупно 33 промоции на нови дела и автори.

Во периодот од 8 до 13 септември, во Промотивниот центар во рамките на Саемот на книга ќе се реализираат промоции на нови изданија од страна на учесниците на саемот: Државниот Архив на РМ, Книгохоличари, Бата Прес, Арс Ламина, Топер, Полица, Едука Мак, Издавачки центар ТРИ, Деа Балкански, Паблишер, Библиски Центар Божилак, Издавачки Центар Јени Балкан.

Во рамките на работната програма ќе се одржи и традиционалното доделување на награди од страна на Македонската Aсоцијација на Издавачи (МАИ) и доделување на награди од Здружението на издавачите и книжарите на Македонија (ЗИКМ).

На саемот ќе земат учество над 60 издавачки куќи кои најавија претставување на своите најнови изданија, кои покрај промоциите, најавуваат и големи саемски попусти до 70%.

Саемот на книга е организиран во соработка со Македонската Асоцијација на издавачи, Здружението на издавачите и книжарите на Македонија – ЗИКМ, Здружението на албанските издавачи од Македонија и Сојузот на албански издавачи во Македонија и е поддржан од Министерството за култура на Македонија.

Програмата и распоредот на промоции се објавени на социјалните медиуми и нашата веб страна на следниот линк.

Саемот за книга ќе се одржи на отворено, непосредно до Аква паркот (А1 Арена - СЦ Борис Трајковски), од 8. до 14. септември и ќе се одвива согласно сите здравствени протоколи за заштита на јавното здравје (носење маска, држење дистанца од 2 метри и дезинфекција), со тоа што при влез на саемот потребно е посетителите да прикажат сертификат за вакцинација или сертификат за прележан КОВИД-19 за сите лица над 18 години.

Билети за саемот на книга ќе може да се купат преку on-line електронскиот систем www.karti.com.mk или на билетарите пред саемот. За најбројната публика, млади лица до 18 години билетот чини само 20 денари.

Работното време на саемот во периодот од 8 до 11 септември е од 10.00-21.00 часот, на 12 и 13 септември од 10.00-20.00 часот, а на 14 септември од 10.00-17.00 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Империја вредна 300 милиони долари – еве ги сите имоти на Новак Ѓоковиќ

Најтрофејниот светски тенисер во историјата, Србинот, Новак Ѓоковиќ изгради импресивна глобална империја на недвижности, која опфаќа локации од Белград и Монте Карло до Менхетен и Марбеља.

Империја вредна 300 милиони долари – еве ги сите имоти на Новак Ѓоковиќ

Неговото богатство се проценува меѓу 250 и 300 милиони долари, при што инвестициите во луксузни недвижности сочинуваат значителен дел од тој вкупен износ.

Новак Ѓоковиќ, создал огромно богатство во текот на својата блескава кариера.

Издигнувајќи се од скромни почетоци во Србија до статус на глобална спортска икона, тој изгради огромна империја од недвижности со куќи и станови на повеќе континенти - од неговиот роден Белград, преку Монте Карло и Мајами, до Менхетен и Марбеља.

Денес, неговата нето вредност се проценува на помеѓу 250 и 300 милиони долари. Со 24 гренд слем титули и над 165 милиони долари заработени само од награди на турнири, тој се рангира меѓу најплатените спортисти во историјата.

Дополнително,популарниот Ноле генерира над 30 милиони долари годишно преку договори за рекламирање со водечки глобални брендови.

Исто така Ѓоковиќ го прошири својот финансиски успех и далеку надвор од тенискиот терен преку стратешки инвестиции во недвижнини, кои му обезбедуваат стабилен приход и долгорочна сигурност.

Како голем обожавател на познатиот италијански архитект Ренцо Пијано, Новак има и два луксузни имоти во својата колекција во зградата „565 Брум СоХо“ на Менхетен, со вкупна вредност што надминува 10 милиони долари.

Становите располагаат со мебел по нарачка, пространи тераси и подно греење, додека зградата нуди приватен базен, спа центар, теретана и библиотека.

Во Европа, неговата база со години е Монте Карло, каде што поседува луксузен стан веднаш до брегот, со поглед на Француската ривиера. Имотот е вреден помеѓу пет и шест милиони евра и е дизајниран за семеен живот, со наменски простор за неговите деца, Стефан и Тара.

Ноле има и прекрасна вила во шпанска Марбеља вредна 10 милиони долари.

Еден од најлуксузните имоти на Ѓоковиќ се наоѓа во Марбеља, Шпанија. Тој ја купил вилата во 2020 година за 10 милиони евра, откако претходно ја изнајмувал за време на пандемијата по цена од околу 10.000 евра неделно.

Според италијанскиот весник *Corriere dello Sport*, вилата располага со: девет спални соби, осум бањи, затворен базен, приватен спа-центар, кино-сала, теретана, тениски терен, повеќе дневни соби, просторија за рекреација.

Вилата се наоѓа на само неколку минути од центарот на Марбеља и нуди поглед и кон морето и кон планините.

За време на престојот во Србија, Ѓоковиќ има на располагање неколку луксузни имоти.

Во Белград, тој поседува пентхаус од околу 250 квадратни метри во елитниот комплекс „Вест 65“ (West 65), кој вклучува и кровна тераса од 100 квадратни метри и приватен базен.

Семејството Ѓоковиќ исто така потроши 2,9 милиони евра за имот и куќа на планината Космај, кои ги реновираа по купувањето.

Посебно внимание привлекува и вилата со површина од околу 1.200 квадратни метри на брегот на Павловачкото Езеро, лоцирана помеѓу Рума и Врдник. Изградбата започнала во 2016 година; според медиумските извештаи, проектот бил инициран од таткото на Новак, Срѓан, со цел да му се обезбеди на семејството место за одмор во природа.

Вилата е сместена во изолирана средина и вклучува приватен базен и ресторан. На јадранскиот брег, Ѓоковиќ поседува и луксузен стан во „Порто Монтенегро“ (Тиват), чија вредност изнесува околу 2,2 милиони евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Софија Вергара во секси фустан на 54 роденден

Најплатената телевизиска актерка на свето, атрактивната Колумбијка, Софија Вергара  летово ги бодреше фудбалерите на Светското првенство, но и покрај нејзината поддршка турнирот заврши за колумбиската репрезентација.

Фото: Софија Вергара во секси фустан на 54 роденден

Со намера да им стави крај на фотките во боите на Колумбија, Софија одлучи да објави нешто многу посекси и елегантно.

Сексапилната Софија објави фотографии на кои позира во долг, шарен фустан со интригантен исечок кај градите.

Овој пат, таа имаше посебна причина за славење: го одбележуваше својот 54-ти роденден.

Фустанот привлече најголемо внимание, секако поради истакнатите облини на Софија, фустанот ги истакна сите атрибути на „жешката“ Колумбијка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зајкова од Собранието: Доста со ПР-театар, да ги спасиме првите 4 милиони евра на граѓаните!

„Изборот на Парламентот денеска е едноставен, дали ќе ги гласаме само техничките забелешки на ОБСЕ и ОДИХР или ќе дозволиме граѓаните да изгубат 4 милиони евра.

Зајкова од Собранието: Доста со ПР-театар, да ги спасиме првите 4 милиони евра на граѓаните!

Никој здраворазумен политичар не би дозволил граѓаните да изгубат 4 милиони евра“, вели во својата видео изјава претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова.

Зајкова посочува дека ЛДП уште минатата недела предупредила дека е доста од меѓусебни политички расправии и ценкања и побарала веднаш да се стават во процедура измените на Изборниот законик кои што се однесуваат исклучиво на забелешките на ОБСЕ и ОДИХР.

„Тука не станува збор за никакви црвени линии, станува исклучиво збор за договорени технички работи, врз кои што Македонија треба да добие пари од Европската Унија. Понатаму, до 2028 година има време за дебата помеѓу политичките партии да ги усогласат останатите црвени линии по однос на измените на Изборниот законик“, изјави претседателката на ЛДП, Зајкова и ги повика колегите пратеници да гласаат за техничките забелешки на ОБСЕ и ОДИХР и да им обезбедат 4 милиони евра на граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер